Како може да се гласа за нешто за кое не знаеме што содржи!? Тоа ти е исто како да се постави анкета за некој филм кој ќе излезе во 2019 г. и треба сега да се изјасниме дали тој ни се допаѓа или не! Документот не е пуштен во јавноста, албанските партии неколку пати ги променија барањата, што значи дека можно е дел од тие барања да се нови и воопшто за нив да не се дискутирало со врмо, а дел да се старите, за што и сите страни молчат за што се преговарало, што се прифатило и што не се прифатило. Тоа се битни детали. Затоа кога јавноста ќе се запознае со платформата, (запознавање не е праќање багра по врати и ширење лаги од шител, туку реална основа преку можноста да се прочита/слушне владината програма/договорот и за сето она кое ќе се гласа и дискутира во новиот парламент) тогаш ќе може да се протестира, па и да соберате потписи за референдум. И тоа ви е отворена можност.
Сега за сега може да се дискутира што би можело да имаа во таа платформа и што од тие претпоставки би ни се допаднале или не (само јазикот е потврден од сите страни, друго ништо). Се’ започна со менувањето на уставот, знамето, парите и химната, за заврши со геноцидот на србите, бугатите и партизаните! Што е следно? Дополнително ширење параноја за некаква федерализација односно продолжување на црната пропаганда на вмро! Тоа нема да ви сметаше, ако вмро го прифатеше, под изговор “Мајскиот договор“, и во духот на човековите права се’ се изгласаше, а сега ви смета нешто за кое не знаете воопшто што содржи, и пред се’ не знаете зошто ви смета!
Повторно вмро прави дополнителна криза и повторно ја турка државата во ендек. Причината е јасна. Изгубија во многу градови, власта некаде не им е стабилна и удираат со стари и глупави приказни на национална основа се’ со една цел- народот ќе биде оној кој ќе пресуди (или вештачка криза и се знае кој е крив)! Дај те молам, прво види кој и од каде дошол оној што ја оформи оваа партија во 90-тите. Потоа види го екс лидерот, кој да останеше на власт, икони ќе почнавте да цртате со неговиот лик, а на крајот се виде дека е бугар до коска. Денес имате смешка од лидер. Бега од политичка дебата цели 11 г.! Тоа е срамота. Ја намалува невработеноста на државен трошок, странските инвеститори не користат само како тоалетна хартија и потоа дел бегаат назад, а дел ролната уште ја користат и се додека не се потроши ќе бидат тука. Многумина останаа без социјална помош затоа што примаат пари од странство!, а убаво им е кога тие пари да ги одданочуваат. Ги одданочуваат и оние пари кои се собираат за хуманитарни цели, тоа е дополнтелна мизерија. Го уништуваат Скопје со овие депонии, пловно-непловни објекти, скапани споменици, сечи, инспекции секој ден....И сега ќе ми кажеш дека албанците се проблемот?! Абе, луѓе не можат субвенци да земат поради вашиот идиотизам. Протестирате за ништо....Но во оној момент (ако) кога ќе чукне саатот за вистинската федерализација (повторно “ако“тоа се случи), и јас ќе излезам на улица и јас ќе протестирам заедно со вас.
Сега се воочува зошто Македонија не може да мрдне од мртвата точка, гледај како може да се манипулира со народната маса (ништо ново). Тоа е нешто помеѓу страшно и смешно, но повеќе влече накај страшно затоа што не знаеш што утре ќе им текне да кажат!
Нови избори нема да има. Вмро е новата опозиција и на Македонија и треба силна опозиција, затоа нека ја сфатат работата сериозно и нека седнат во тој парламент затоа што лапаат плата иако не одат на работа.