Lester Freamon
A man of focus, commitment, sheer will...
- Член од
- 14 јануари 2015
- Мислења
- 16.238
- Поени од реакции
- 36.512
Уште пожално е што и двајцата како криминалци и водачи на партии имаат по над 400к поддржувачи.Ми се лоши кога гледам како Македонскиот народ е суштински поделен на црвени и сини или ако сакате наречете ги патриоти и предавници, додека пак Албанците се секогаш заедно сплотени кога станува збор за нивните интереси. Мене не ми е јасно како може овој народ да брани двајца политичари за кои постојат докази дека правеле криминал, краделе пари, местеле тендери и што ли уште не.
И Груевски и Заев треба да одговараат за тоа што го направиле. Заев еднаш беше аболициран од Претседателот Црвенковски за криминалите со ТЦ Глобал. Груевски треба да одговара за сите криминали што ги направил во овие 10 години владеење. Сума сумарум, ни едниот ни другиот не се цвеќе за мирисање.
Но она што најмногу боли е фактот што Македонските политичари воопшто немаат проблем да свиткаат кичма кога станува збор за исполнување на барањата на Албанците. Не ми е јасно како може да се прифаќаат платформи и услови на малцинство народ во една држава, односно тоа малцинство да го држи во заложништво мнозинството. Нема држава во светот која е 100% чиста, но ниту една од нив досега не дозволила да биде уценувана од некое малцинство. Со своите 20%(?) Албанците де факто ја држат Македонија и Македонците под заложништво. Македонците во соседните држави немаат никакви права, воопшто не се признаени како малцинство и се постојано малтретирани додека Македонија на малцинствата им ги даде сите права достојни за 21 век и пак не чини, секогаш се бара повеќе. Доволен доказ за тоа е изјавата на Премиерот на Албанија Еди Рама пред неколку години дека неможе да бараат нешто од некого што и самите не можат да го дадат. Тогаш зошто од Македонија секогаш се бара повеќе и повеќе?
Не сакам некој погрешно да ме разбере и да мисли дека ширам говор на омраза или каков било друг вид на негирање на Албанците но ова што се случува во Македонија не е нормално по ниту една основа од остатокот од светот. Мене не ми пречи тоа што Македонија е мултиетничка држава и што во неа живеат малцинства, меѓутоа тие малцинства треба да знаат дека оваа држава има свој народ, свој идентитет, јазик итн и неможе никој тоа да го нарушува. Што треба да прават тогаш држави како Германија, Франција, Англија, САД, Австралија и многу други кои се целосно поплавени од разни народи? Не гледам јас никој таму да бара двојазичност или разни други услови, туку сите се прилагодуваат на тамошните обичаи.
Не знам што повеќе да напишам и како да се изразам на сето ова што се случува во Македонија. Едноставно лудило на секој можен чекор и начин. Младите немаат никаква перспектива и сите сакаат да избегаат од државата, постарите скоро сите се мрднале од памет бранејќи туѓи политички интереси, а има и такви кои немаат леб да јадат и воопшто не ги интересира политика и никому не му е гајле за нив оставени се на милост и немилост сами да се борат колку можат. Жално е што во 21 век вакви работи се случуваат кои прават една држава и еден народ да страдаат поради поединци и туѓи интереси.
Тука излегува дека се дискриминирани сите други освен Албанците, ниту мнозинството Македонци, ниту останатите малцинства не ужива толку права и не си дозволува да диригира на ваков начин како Албанците.
25 години областите со Албанци се отпишани и за полиција и за војска, тие се повисоки и од закон и од ред, ниту инспекција ниту полиција има минато низ нивна област, дури и приватни компании како ЕВН се плашат струја да им исклучат, па го јадеме останатите со покачувања на сметки за да отплатиме туѓ долг.
Мизерија од држава, мизерија од менталитет на народ.