Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Limbo

maybe an alien
Член од
26 декември 2007
Мислења
835
Поени од реакции
1.471
Да, демократијата е владеење на мнозинството, ама не врз грбот на другите, не по желба, „сад овако, сад онако“... како му одговара на некој.
Аууу јако борецу за демократија. Протестираше ли против владата која работеше за фамилијата и владееше врз грбот на другите и правеше сѐ што ќе му текне на Груевски ПО ЖЕЛБА? Која играше со патриотизмот сад овако сад онако, Груевски од плажа кога им наредуваше како округло па на ќоше да се донесат хашките амнестии, која донесе многу закони што беа и надвор од охридски мајски договори, која дури назначи министер бивш борец на учк? Сад овако сад онако.

Демократи викаш беа тие што ги наредија сите сваровски судии од тевтерчиња и ги узурпираа медиумите, па паднавме драстично на сите можни светски листи за слобода на медиуми, официјално имаме неслободни медиуми. Тоа демократски беше или сад овако сад онако по желба? Сигурно ги штелуваат листиве Еу бирократите и Сорос. А тие што не им сметаше платформата пред да им пропаднат договорите и не испратија ни протестна нота до Рама кога требаше, сад овако сад онако? Сериозно мислите дека ако се правите наудрени доволно долго и упорно некој ќе почне да ви верува во Курир реалноста, дека некој ќе ве смета за автори на сопствени ставови, до толку ли мислите незабележливо можете да продавате лицемерие овде? Можете до бесконечно да ги верглате уставните толкувања на Каракамишева и како биле снимките де незаконски де лепени и сечени. Не е ова Јанко бурек, на повеќето им сте само "интересен" социјален феномен, ко мајмуни во зоолошка што се интересни за опсервација што следно ќе направат. Ви кажувам да бидете свесни дека немате некој пропаганден ефект ако ви е тоа целта, џабе фрлаат пари на вас, а ако го правите ова за бадијала тогаш ве жалам. Ве има и такви и такви верувам. Сега бараш демократија а молиш бога да ја нема. Го оспоруваш правото мнозинството да формира влада, пошто не било "демократски" (која контрадикторна бесмислица) бидејќи другата група што ги цицала сите можни бенефити и одеднаш ќе го изгубат тоа :( Ќе снемуваат државните пари за латаси миленковци порталчиња колумничиња тендерчиња. Cry me a river. Или другите што гласале сдс не биле македонци според тебе, морало вистинските македонци од вмро да биле у Влада. Подемократски може ќе биде Грујо доживотен владател да се прогласи, што велиш, да не се заебаваме со устав закони избори мандати и слични непотребни бирократски и церемонијални процедури, не би било поедноставно?

И ти со потписите си ко оној Влајко експертутката, ден два пред давање на потписите рече во некоја емисија нема простор ако се донесат потписите да не се даде мандатот, ете ти го ден после глупоста на Иванов на Курир став - државнички потег, единствено можно и исправно решение во оваа ситуација Истото и со Каракамишева.

Пошто сакаш наудрен и на Курир у муабетиве да се правиш... не знам како не си проценил која е подобра опција за Македонија ако тврдиш дека си патриот. Факт е дека Вмро не ја отфрли платформата, преговараше до последен час и се надеваше на договор. Сигурно не биле толку наивни ако ја одбиле платформата да веруваат во тоа, а има индиции и дека многу повеќе прифатиле освен сјо. Е сега замисли вмро и дуи да се договореа, пошто нели сдсш за тебе се албанска партија предавници и соросоиди и ќе мораа да гласаа за сите албански предлози, ќе можеа да се носат и 2/3ински закони, со што ќе можеше да се смени и уставот. И ќе немаше сјо и Груевски ќе можеше да продолжи со недемократско и коруптивно владеење :( Вака, нема да има промена на устав, ќе спијам мирно со вмро на браникот на татковината, ем Груевски и фамилијата што владееа врз грбот на другите ќе попијат затвор, во согласност со твоето барање и желба за демократија, се надевам искрена и не сад овако сад онако. Win-win. Ама изгледа ти сакаше ем албанците повеќе да добијат од вмро, ко твојот лидер што се фалеше (сдсм само напразно им ветувале на албанците тој остварувал, најмногу направил од сите за нив... што е прав - прав е, кој би се посомневал во неговите зборови, ти сигурно не) ем недемократски режим и криминал да владее. Предавник
 
Последно уредено:
Член од
6 август 2011
Мислења
682
Поени од реакции
1.065
Да бе, нема да се менува ништо. Тогаш, можеше и влада ВМРО ДПМНЕ и ДУИ да се прави. Што мајка бара СДСМ да прави влада? Албанска? Кај се македонците? Зошто се заобиколува, се трга настрана партијата која има најголема поддршка кај македонците? Зошто се форсираат во влада само партии со албанска „провиниенција“? Да, демократијата е владеење на мнозинството, ама не врз грбот на другите, не по желба, „сад овако, сад онако“... како му одговара на некој. Е сега ова не му одговара на оној кој ти ги правел „ќефовите“ во име да не се маргинализира гласот на шќиптарите. А македонците немаат ли глас?
67 пратеници, секако дека се мнозинство за разлика од малцинството 51.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Мислам дека само така би била коректна анкетата
Нема везе, јас принципелно мислам дека е погрешна. Наназад во темава пишував, ама дека е обемна не си видел. Анкетава е тенденциозна. Наведува на изразување став околу нешто што веќе некој го прифатил, а сега е дел од хајкава која дпне ја спроведува, која ќе ја распадне државава ако им се дозволи да продолжат. владе ја исфорсира за да се тргне претходната и да си ќари некој поен таму од каде што го пратиле.
Ќе фрла сега пак по мене со камења, ќе навредува, ама тоа е - осуетен му е планот.
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.148
Поени од реакции
3.384
Ете јас мислам дека платформата има врска со криминалите, ако ти не мислиш така не гласај за таа опција.
На човек да му се дигне косата после оваквото мислење.

Каде бе во платформата прочита дека бараат да се решат криминалите?
Друго прашање зар мислеш дека се толку глупави да бараат да се затворат самите?
Самиот си сведок дека криминалите на ДУИ повеќе не постојат по прифаќањето на платформата!
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.411
Поени од реакции
11.310

Не е аплоадирано уште ама не се прави и ти како Жорж и Превара, попаметен си каде каде. Нели гледаш дека го фаќа за рака Бетмен за да не се пали како трактор по удолница?



Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Тоа дека ти е сеедно за платформата, а ја имало, а ја немало баш те боле, нема врска платформата со криминалите.

Навистина дискутабилно прашање(n)
Јас те молам да не ме цитираш повеќе, јас тебе не те цитирам немој ни ти мене. Со глупи луѓе кои не разликуваат дека гифот е излезен од видеото, или кои бранат криминалци не сакам да зборувам. Не ме цитирај нема ни јас тебе. Поздрав и мрш.
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.148
Поени од реакции
3.384
претходната и да си ќари некој поен таму од каде што го пратиле.
Претходната анкета форсираше 1 одговор, беше толку лошо направена, што ја немаше опцијата што сакав да ја гласам.

Сегашната анкета е пристојно стокмена, и има 2 добри опции, ЗА и ПРОТИВ, дали ти се допаѓа платформата или не.[DOUBLEPOST=1488908665][/DOUBLEPOST]
Јас те молам да не ме цитираш повеќе, јас тебе не те цитирам немој ни ти мене. Со глупи луѓе кои не разликуваат дека гифот е излезен од видеото, или кои бранат криминалци не сакам да зборувам. Не ме цитирај нема ни јас тебе. Поздрав и мрш.
Јас ќе те цитирам тебе, а и другите секогаш кога сметам дека не е така!

Каде сум пишал дека гифот не е оргинален бе ај најди да видиме,
и да знаеш дека не бранам криминалци, смо не подржувам криминален начин за борба со криминалци, таквиот начин продуцира само нови криминалци, или нека се сотре од корен или ИЧ да не ми продаваат муда за бубрези.

п.с. ако не сакаш никој да те цитира, а да си ги искажуваш твојте ставови без проблем, направи си веб страна и на раат пишувај си, ТИ секогаш ќе бидеш во право.[DOUBLEPOST=1488909067][/DOUBLEPOST]Нешто ново, што ако е точно предизвикува загриженост и е поврзано со прислушување на светот.

накратко
Поточно, станува збор за 8.761 документ, а Асанж во јаноста „пушти“ само дел од таканаречениот „Сеф 7“ (Vault 7). Викиликс тврид дека ЦИА изгубила контрола врз својот аресенал на оружје кој вклучува широк спектар на софтвер, кој, ако се тврдењата вистинити, може да ја предизвика најголемата контрола врз компјутери низ целиот свет.
http://www.mkd.mk/svet/vesti/vikiliks-go-objavi-celokupniot-hakirachki-kapacitet-na-cia-video
 
Последно уредено:

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Го ценам твојот труд за ова што си го напишал и се согласувам целосно, ама немој да мислиш дека цитираниот ќе го прочита целосно, ниту пак некој од „неговиве“. Може само со некоја малоумна реплика или навреда да ти одговорат и доволно им е да се чувствуваат самоуверено и интелигентно (за што се во тешка заблуда).

Во овој контекст, читам по фб, на форумов, а и некои пријатели бараат демек дуи или заев да излезат и да кажат што договориле. Факт е дека што и да договориле, вистината за небањативе е тоа што ќе им каже латас, мирко, јанко, дамовски, бетмен, така да секое обраќање тешко им продира преку оловните корки на ситните мозочиња.
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.362
Поени од реакции
8.982
Prva greska vo recenicata ; Nie ne sme kako vmrovcite druze problemot e tuka sto konstantno se napagja objektot toa e vekje zagrizenost.
не вие не сте, Карпалак плочата 100 пати ја искршивте, црквата на кале ја демолиравте, во Бутел уште војна што не отворивте, и.т.н да не редам, нема крај и после знаете само да се жалите без ронка срам.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Претходната анкета форсираше 1 одговор, беше толку лошо направена, што ја немаше опцијата што сакав да ја гласам.

Сегашната анкета е пристојно стокмена, и има 2 добри опции, ЗА и ПРОТИВ, дали ти се допаѓа платформата или не.
Ај сеа, пројде тоа. Требаше да си кажеш што си имал тогаш. И така пишуваш по 200 постови на ден во просек.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.289
Поени од реакции
4.033
тие не постојат во ни една евиденција и комотно може да се стрелаат и закопаат
Тоа значи ке има тендер за набавка на куршуми, ивона и ебачот нејзин пак ке се омрсат....
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.782
Поени од реакции
36.788
u megjuvreme

В.Д. ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА СКОПСКА ЕДИНИЦА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА

http://www.utrinski.mk/?ItemID=685FDB19F0ED5346AAC5956A82D5D090&arc=1

Титаник беше најавен уште минатата недела кога Врховен им го бутна новиот распоред на судиите во Кривичен. Судииве си осеќаат со време како ќе се одмотува клопчето :)
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.148
Поени од реакции
3.384
Денес имам напишано 17 постови на темата (18 со овој ќе биде)
и некој 30-тина постови вкупно на останатите теми каде нема политика.

Ај биди искрен и кажи колку си напишал ти.
Само за информација Лет ти е лидер на оваа тема!
 
D

Darko_ufo

Гостин
Пишал одлично време за лов на зајци и ставил слика


Никад у живот нема утепано зајак

 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom