Имам неколку прашања до вас храбри луѓе. Храбри луѓе кои сте спремни животот да го дадете за Македонија. Да не ве означувам сите, си знаете кои сте храбри момци!
Онака чисто информативно да видат и останатите членови колкави патриоти сте биле, по колку народ на протестите имало, колку сте против Албанскиот и така ....
Каде бевте кога од небо падна споменик на учк во Скопје?
Каде бевте кога талат џафери беше министер за одбрана во владата на грујо и со делегација офицери од АРМ го посети споменикот на учк?
Каде бевте кога во македонското собрание се изгласа законот за користење на албанскиот јазик во локалната самоуправа?
Каде бевте кога се враќаат Хашките случаи?
Каде бевте кога уставен суд го поништува законот за знамиња на сдсм од 2005та, за неколку часа подоцна Илија и Чарли да го искараат на уставен и ја верификуваат сами на свои плеќи употребата на албанското знаме, кој каде сака и колку сака?
Каде бевте кога во златното Собрание на Илија каде што тој води група од 63 пратеници, се спроведува Собранискиот деловник со 46 Бадентерови закони, кои немаат благе везе со Охридски договор?
Каде бевте кога се гласа ПРОТИВ Законот за Бранители?
Кревал рака и за друго Илче во собрание, не само да го цитира Мисирков