Третман на алергија од прашина и полен

Член од
28 февруари 2017
Мислења
4
Поени од реакции
1
...сакаш да кажеш дека овој програм како што читам е за полесно прочистување на организмот од токсини и отпадни материи, а сите производи се состојат од дигестивни ензими и ,,добри бактерии,, како Lactobacillus Acidophilus и ти тврдиш дека делува против алергија? :cautious:
ај вака, што со спрегата антиген - антитела во пределот на носот и дишните патишта каде има таму промени на слузокожата што не тера да киваме, да ни тече носот, солзи на очите, е сега како тоа овие стомачни (дигестивни) ензими ќе делуваат горе кога тие се доле во цревата и дебело црево? :( ...
ензимите и добрите бактери делуваат на поинаковв начин и се има бенифит од нив, но не може на таков начин да се острани алергијата :rolleyes:
Se vo naseto telo e povrzano i mnogu raboti se usloveni edna od druga, iako na prv pogled nemaat nikakva vrska. Jas vi kazuvam moe licno iskustvo, a vie kako sakate. I jas koga probav ne veruvav deka ke mi pomogne, ama imav golema maka pa probav. Pricinata za pojava na alergijata e vsusnost bas vo digestivniot trakt. Ostetuvanjata na crevata i nivnata propustlivost ovozmozuva vrakjanje na toksini vo krvta i intoksikacija na teloto, pa se pojavuvaat simptomi na alergija kako rezultat na toa. Jas nemam namera da ve ubeduvam tuku da pomognam nekomu so moeto iskustvo. Koj ima maka ke si go bara lekot, koj ne veruva deka moze da ima lek za alergija slobodno neka pie letizen, loratadin, neka koristi kortiko preparati i drugi stetni lekovi. Aman be lugje covek ne moze da vi kaze ni deka ima lek za vasata maka. Brkajte si rabota, ako ne moze da se izleci ne ja lecete. Pozdrav
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.639
Поени од реакции
37.601

...е што се љутиш веднаш, знаеш дека може спротивен ефект да направиш со твојата добрина со препорачување на вакви препарати, прво финансиски (сигурно се скапи), второ со алергијата нема шала може да дојде до таква вазоконтрикција и шок доколку некои што редовно се под терапија баш со тие лекови што ги укажа дека се штетни да не ги пијат и да се префрлат на ензими, ти реков има смисла оштетеноста и нересорпцијата на цревната слузница, но можеби кај тие што не им е утврдено со точност дека имаат алергија, а имаат слични симптоми, ама мора и да има коментари од ваков тип на предупредување и сомневање, јас воопшто не те навредив и повели опиши ги предходните проблеми и твоето искуство што си го имал додека не си ги пиел овие дигестивни ензими, така тој што ќе се пронајде можеби ќе му помогнеш, но не смееш да кажеш глобално дека сите што имаат алергија да го пробаат тоа ми беше поентата... :)
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.491

Нова мода во темите, е да се биде ЕКСТРЕМНО претпазлив за најбезбедните суплементи/додатоци, а да се препорачуваат NSAIDS/PPI/антибиотици/бензо-а како да се бомбончиња, се само со цел да се нафрли ставот "може не е тоа" "немој да препорачуваш кога не знаеш со сигурност" for the sake of it. Абе на доктор кога идеш - у живо прави 2-3 теста пред да потврди СЕ, на форумите се даваат генерални идеи и највообичаените совети - според логика и некој просек.

Ако имам проблем со провидност на шофершајбната, првото што ќе го направам е да ја исперам колата - стаклата, а не да размислувам дали можеби фолијата е проблемот наместо нечистотиите - ако некој препорачуваа стероиди а не витамини/пробиотици молим лепо, вака ве молам не замарајте по темите со вашите 1 у 100 исклучоци кога ГРОТО од луѓето ги имаат истите проблеми, секој втор има алергии, секој втор е дијабетичар а не знае, секој втор има сјебан дигестивен ситем, секој втор има очајна диета, секој втор не спортува и не се движи - кога ќе ги споиш сите овие крајниот проблем е КАЈ СКОРО СИТЕ ИСТ И СЕ РЕШАВА/ОЛЕСНУВА НА СКОРО ИСТ НАЧИН, така да вашите hurr durr/moze ne e toa - opasnoe pazi задржете си ги за себе, прекинете да ги комплицирате работите!

За крај, огромен дел од советите кои ги давам се базирани на мое лично, како и исксутво од многу други луѓе - ги тестирам и гледам тие работи секојдевно!

Најверојатно си трол, али сеедно. Еве, ајде да се кладиме? најдете човек со алергија, јас ќе му дадам совет, а после дајте му вие - да видиме чиј совет ќе го оправи побрзо - бива ли? истото важи за скоро било кој друг здраствен проблем, астма, артитис, дијабет, холестерол, артеросклероза итн - бујрум.
 
Последно уредено:

интересна личност си!!! во смисол Ти имаш право и никој друг, а доколку немаш истомисленик СИГУРНО ТОЈ Е ТРОЛ, како што си еден од многуте на форумот со тој израз...не сте веќе интересни со спомнување на изразот ,,трол,, што воопшто не знаете што значи и кога се применува, па ај што вреѓате, па уште се правите паметни, форумот не лична своевина на една личност, па јас ја хакирам страницата, форум е за сите членови да си кажат мислење, да прашат да се дебатира, ако јас имам поинакво мислење наеднаш едно десетина овде членови - ТИ СИ ТРОЛ ! ќе кажам на учителката ! .. повели, советувај си ти од твоја страна со пола кило Вит Ц ако сакаш не ти се мешам јас на почеток кажав мислење за тој твој витамин Ц и толку, но не се мешај ниту во моето пишување ако не ти се обраќам да ме рециплираш со закана и вреѓање, форумот е за мислење од двете спротивни страни, ако имаш со што да ме побиеш напиши -јас прифаќам секаква дебата затоа се форумите луѓето да се консултират и надоградат, но ако некој објаснува со факти, а ти само затоа што ТИ знаеш онака од јако искуство тоа не значи дека си само ТИ во право, а другиот е трол ??!!...бог да чува,и доста веќе со тие изрази трол-спам научете ги изразите па после применувајте соодветно, еден ќе примени и сите по него како папагали, немате ни свој став ни свој карактер склони само на навредување санким сме тука со лични карти па се знае кое што е?? виртуелно може и курто и мурто да си, ама тоа не значи да ме вреѓаш тоа не е добро за тебе, оти како се однесуваш виртуелно така ќе применуваш и во реалниот живот и тоа не е добро за вас како млади генерации... па сега ти како сакаш, мој совет е да човечки дебатираш и да научиш нешто од мене, а вака од таков однос твој нема што јас да научам од тебе, ниту пак да се кладам за глупости малтене зравјето е спортска прогноза, па сеа кој ќе победи... и ако си нервозен, кажи има поинакви методи да се релаксираш, ќе ти ги шепнам ! :D
 
Работата е што вие не си кажувате мислења, него наметнувате ставови и глумите дека се нешто е ептен опасно и требало да се пази. Абе на ден дишиш воздух 10x по опасен од тој витамин ц што толку го кудиш, а нити си тестирала, нити си имала можност да гледаш како и зошто се зимаат поголеми дози - па така она што го пишува во литературата, е само еден генерички булшит заснован на студии од прошлиот век, ако сакате да живеете во тој период ок, тука на темава се коментира за сегашни сознанија и докази/студии.

Наведи те молам кој е за тебе релевантен фактор - доказ за да знаеш дали нешто работи т.е. има ефект или не?

Каде виде навреда во мојот пост? трол е некој кој ги ремети членовите, не гледам како е тоа некаква навреда - имам осет за дупли корисници, и гарантирам дека ти си еден од нив, али нема сврха да се дискутира на таа тема повеќе - како сакаш така прави си - одговоров е повеќе за другите од страна да не добијат погрешен впечаток.

Без разлика на тоа што можеби изгледа дека претерувам од страна, уствари само се фрустрирам од неможноста да пренесам најбазично искуство и мојот резултат да помогне на некој друг, успешно контролирам хронична уртикариа која не се контролираше со ништо со помош на витамин ц, омега 3 и нигела сатива (црно семе) истото го прават уште 3 мои комшии - пробав лоратадин, даселта, и уште неколку антихистамини од 3-та генерација меѓу кои и едни германски од 30 на евра, СЕ ТОА Е ГОЛА ВОДА у споредба со црно семе, истото го потврдија уште 3-ца со тешки алергии па дури и асматичар. И сега што праиме? зарем ќе измислувам глупости на форуми ради реда?

Црно семе,

"Thirty days supplementation of _nigella sativa_ oil to persons with allergic rhinitus was able to reduce all subjective parameters of allergies (sneezing, runny nose, itching, and congestion) although the biochemical markers of eosinophils and IgE did not show any changes"
"In persons with allergic diseases (rhinitus, eczema, and asthma), supplementation of 40-80mg/kg nigella sativa was effective in reducing symptoms. Oddly, a small increase in HDL-C and reduction in triglycerides was noted with the seed oil despite the cohort being otherwise healthy"
"When patients were put on immunotherapy for one month and then divided into a control or a 2g nigella sativa group, the usage of the seeds as adjuvant was associated with reduction in allergic rhinitus symptoms and an increase in macrophage killing activity and phagocytosis"
"Supplementation of a concentrated (0.1g%) extract of nigella sativa seed powder (15mL/kg) daily for a period of 3 months in asthmatics was able to reduce all symptoms and improve pulmonary function, causing a reduced requirement for anti-asthmatic medication"

Витамин ц,

"In the chronic study, 10 subjects ingested a placebo during weeks 1, 2, 5 and 6, and 2 g/day of VC during weeks 3 and 4. Fasting blood samples were collected after the initial 2-week period (baseline) and at the end of weeks 4 and 6. Plasma ascorbate rose significantly following VC administration compared to baseline and withdrawal values. Neutrophil chemotaxis rose 19% (NS) during VC administration, and fell 30% after VC withdrawal, but these changes were not correlated to plasma ascorbate levels (r = 0.01). Chemotaxis was inversely correlated to blood histamine (r = -0.32, p = 0.045), and, compared to baseline and withdrawal values, histamine levels were depressed 38% following VC supplementation"
"Within 2 hours after vitamin C challenge, however, a remarkable decline of plasma cortisol was found to proceed without any corresponding change of the eosinophil count, a finding to suggest the presence of some cortisol absorber, of which the function was triggered by vitamin C. 3) The same vitamin C treatments also accelerated diuresis and 17-OHCS excretion"
Да не почнам за артитис и дијабет да зборам пошто тотално офтопик ќе отидеме, стабилизирање на нивото на шеќер на нормално ниво за само 1 месец е возможно - за артитис исто горе доле - pain free за 1 месец со сторпирање на прогрес - една жена престана со стероиди НАГЛО и пак и е далеку подобро него претходно, а ако се знае дека после стероиди има гадни последици а неа и е уствари одлично - нема потреба да се дискутира понатака. Кој не верува или има сомнежи бујрум повеќе инфо у пп.

За крај, членот кој горе пиша за пробиотици и дигестивен сисетем е 100% во право, човек со здрав дигестивен систем е скоро невозможно да има алергии.
 
Последно уредено:

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Не сакам да ви се мешам во дискусијата, не е моја струка, јас сум друг доктор....
Само ова...
За крај, членот кој горе пиша за пробиотици и дигестивен сисетем е 100% во право, човек со здрав дигестивен систем е скоро невозможно да има алергии.
Ова не е така, затоа што едноставно не се сите алергени дигестивни, туку се и аерогени. Значи сензибилизацијата на организмот настанува и во респираторните патишта. Ете, јас да чукнам во дрво никогаш не сум имала проблем со дигестивен тракт а имам алергија на мачки. Не сме сите по шема, во медицината теоријата и праксата се небо и земја. Така да, кој е со мака тој ќе проба се.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.491
Не сакам да ви се мешам во дискусијата, не е моја струка, јас сум друг доктор....
Само ова...

Ова не е така, затоа што едноставно не се сите алергени дигестивни, туку се и аерогени. Значи сензибилизацијата на организмот настанува и во респираторните патишта. Ете, јас да чукнам во дрво никогаш не сум имала проблем со дигестивен тракт а имам алергија на мачки. Не сме сите по шема, во медицината теоријата и праксата се небо и земја. Така да, кој е со мака тој ќе проба се.
Идејата дека мора да дигестираш алерген за да предизвика проблем е погрешна. Дури и тешко сварлива храна од типот на глутен и други протеини, може да предизвика дисбаланс/преоптеретување на дигестивниот ситем - leaky gut кој накнадно предизвикува еден тон восапеление и хипер осетливост на одредени храни - што не е исто со алергии. Сеедно пробај црно семе и витамин ц ќе се изненадиш.
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Идејата дека мора да дигестираш алерген за да предизвика проблем е погрешна. Дури и тешко сварлива храна од типот на глутен и други протеини, може да предизвика дисбаланс/преоптеретување на дигестивниот ситем - leaky gut кој накнадно предизвикува еден тон восапеление и хипер осетливост на одредени храни - што не е исто со алергии. Сеедно пробај црно семе и витамин ц ќе се изненадиш.
Па тоа и јас ти го напишав, тоа и цитирав, ти напиша дека ако имаш 100% добар дигестивен тракт нема да има проблем со алергии, а јас ти реков дека нема врска бидејќи постојат и аерогени алергени. Инаку витамин Ц внесувам во последно време доста, наутро се навикнав да правам некој микс на блендано овошје и зеленчук(додавам и мед и вода да биде како сок) и да, приметувам промени. Ќе го внесам и семето, ништо не ме кошта да пробам
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.491
Па тоа и јас ти го напишав, тоа и цитирав, ти напиша дека ако имаш 100% добар дигестивен тракт нема да има проблем со алергии, а јас ти реков дека нема врска бидејќи постојат и аерогени алергени. Инаку витамин Ц внесувам во последно време доста, наутро се навикнав да правам некој микс на блендано овошје и зеленчук(додавам и мед и вода да биде како сок) и да, приметувам промени. Ќе го внесам и семето, ништо не ме кошта да пробам
Реков скоро невозможно не невозможно. Добар дигестивен систем после таков проблем со глутен или истекување на протеини - станува не добар, и фактички повторно имаш проблем со дигестивем систем - при што пробиотиците ќе ти помогнат. Иначе не секогаш симптомите се приметни има разни фази на осетливости и различно се манифестираат - генерално тоа е.

Црно семе препорака за ордер од надвор - ако сакаш нормално. Ако мораш од тука да земеш гледај да биде од продавница за здрава храна и во кесичка не рефус. Исто така латинското име е Nigella sativa, има и black cumin - ова не е црно семе скроз друга билка е. Ако земеш, обавезно да го изблендаш скроз и строго после јадење најмалце 2x на ден. Дози помали од 2 грама немаат ефект, за да бидеш сигурна зимај по 2.5 или 3 грама после оброк. Дози над 3 грама не се подобри од 2 од друга страна - но бидејќи тешко е да се измери иди на 3 грама или едно кафено лажиче рамно.

Не ја мели цела количина, за да не ветрее после мелње одма у тегла добро затворена и во темница да се чува. 3-та магична супстанца - за алергии е лист од коприва, не семе а исто така и прополис е многу ефикасен.

Витамин ц од овошје нема ни приближно доволно потентно дејство за да направи осетна разлика од алергии, за тоа се потребни 2-3 грама во поделени дози.
 
B

Bafra

Гостин
Па тоа и јас ти го напишав, тоа и цитирав, ти напиша дека ако имаш 100% добар дигестивен тракт нема да има проблем со алергии, а јас ти реков дека нема врска бидејќи постојат и аерогени алергени. Инаку витамин Ц внесувам во последно време доста, наутро се навикнав да правам некој микс на блендано овошје и зеленчук(додавам и мед и вода да биде како сок) и да, приметувам промени. Ќе го внесам и семето, ништо не ме кошта да пробам
Се извинувам за :oftopik:
Ај пробај тоа што го блендираш да го јадеш неблендирано и без мед, во смисла дали ќе ти биде вкусно...
Овошје и зеленчук не се мешаат. Различни ензими, различни дигестивни процеси се потребни итн итн. Единствено само малку јаболко е дозволено со зеленчук да се меша.
Банана со млеко = подуеност т.е. лоши хемиски производи.
Бисквити со млеко = исто штетно итн итн

Врска алергиите тие можат да бидат и на психичка база. Еден вид сигнал /предупредување на организмот.
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Се извинувам за :oftopik:
Ај пробај тоа што го блендираш да го јадеш неблендирано и без мед, во смисла дали ќе ти биде вкусно...
Овошје и зеленчук не се мешаат. Различни ензими, различни дигестивни процеси се потребни итн итн. Единствено само малку јаболко е дозволено со зеленчук да се меша.
Банана со млеко = подуеност т.е. лоши хемиски производи.
Бисквити со млеко = исто штетно итн итн

Врска алергиите тие можат да бидат и на психичка база. Еден вид сигнал /предупредување на организмот.
Не мешам заедно. Обично ако е само овојше тоа и блендирам. Млеко не додавам, не ми е вкусно. А онака не јадам овошје...ептен на сила. Затоа и почнав вака, ако го пијам поубаво ми е.

Алергијата не ми е на психичка база, од дете ја имам развиено. И за среќа единствено се манифестира со кивање и течење на нос(проверено е дека е од мачка). Така да не користам никакви лекови. Едиствено кога работам(а ветеринар сум, неминовно е да работам со нив) гледам да не се допирам со рацете на лице и кога ќе завршам одма се мијам. Така да, не е толку страшно...добра сум какви алергии има со анафилакси со глупости...
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.491
Не мешам заедно. Обично ако е само овојше тоа и блендирам. Млеко не додавам, не ми е вкусно. А онака не јадам овошје...ептен на сила. Затоа и почнав вака, ако го пијам поубаво ми е.

Алергијата не ми е на психичка база, од дете ја имам развиено. И за среќа единствено се манифестира со кивање и течење на нос(проверено е дека е од мачка). Така да не користам никакви лекови. Едиствено кога работам(а ветеринар сум, неминовно е да работам со нив) гледам да не се допирам со рацете на лице и кога ќе завршам одма се мијам. Така да, не е толку страшно...добра сум какви алергии има со анафилакси со глупости...
Ист сум и јас без црно семе, дома чувам животни и неподносливо е. Исто така веган диеата ги решава скоро целосно, ама треба повеќе време. Веган диета со додаток на риба, мислам дека постои ваков тип на веган диета - ама ме мрзи да барам како се вика, контрадикторно е али добар компромис е ако сакаш и месо да јадеш.
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Ист сум и јас без црно семе, дома чувам животни и неподносливо е. Исто така веган диеата ги решава скоро целосно, ама треба повеќе време. Веган диета со додаток на риба, мислам дека постои ваков тип на веган диета - ама ме мрзи да барам како се вика, контрадикторно е али добар компромис е ако сакаш и месо да јадеш.
Немој веган. Не сакам многу да си ја менувам исхраната. Искрено ти кажувам. Си јадам се и не се жалам. Сметам дека колку толку имам здрав живот и здрава сум, барем така кажуваат крвните слики на контрола. Брза храна ретко, ама баш ретко јадам. Чипсови такви ствари, исто така ретко, ептен стрв ако ме фати. Благо, тоа па уште поретко. Не пушам, пијам со усул кога сум излезена... така да не би ништо менувала.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.491
Немој веган. Не сакам многу да си ја менувам исхраната. Искрено ти кажувам. Си јадам се и не се жалам. Сметам дека колку толку имам здрав живот и здрава сум, барем така кажуваат крвните слики на контрола. Брза храна ретко, ама баш ретко јадам. Чипсови такви ствари, исто така ретко, ептен стрв ако ме фати. Благо, тоа па уште поретко. Не пушам, пијам со усул кога сум излезена... така да не би ништо менувала.
Зависи од тоа колкав проблем имаш, каков, и колку голем е мотивот да го решиш. Веган диетата, ако си добро информирана што да јадеш, како и колку - е најефикасна - најбрзо се решаваат здраствени проблеми на тој начин од мое искуство, ама и ако лимитираш на минимум животински протеин има солидни резултати.
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Зависи од тоа колкав проблем имаш, каков, и колку голем е мотивот да го решиш. Веган диетата, ако си добро информирана што да јадеш, како и колку - е најефикасна - најбрзо се решаваат здраствени проблеми на тој начин од мое искуство, ама и ако лимитираш на минимум животински протеин има солидни резултати.
Јас не сум од модерните ветеринари кои се вегани, така да си поштувам месо и си имам свои причини зошто мислам дека треба да се внесуваат протеини од животинско потекло. Толку имам да кажам за оваа тема, поштувам кој што си јаде и не се мешам на никој во чинијата па и не сакам да ми се мешаат. Да не ме сфатиш погрешно, не се однесува ова за тебе, едноставно сум решила да не дискутирам на тема веганство. Не сум информирана, искрено не ме ни интересира, оти немам потреба да знам. Сега за сега сум здрава, и сметам дека живеам така(колку може да биде тоа, оти храната и не ми е некој толку голем проблем, ако видиме што дишеме во Скопје), така да, се додека моето искуство е позитивно, не сакам да менувам ништо.
Инаку ти благодарам за споделеното искуство, те имам читано и верувам дека има вистина во тоа што го кажуваш.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom