EDCer
No Kitty, this is my pot pie!
- Член од
- 19 ноември 2015
- Мислења
- 1.043
- Поени од реакции
- 815
Здраво дечки, прв пат пишувам во оваа тема. Значи вака, скам да одберам некоја боречка вештина но не сум сигурен која. Ме влечат боксот, аикидото и нешто што не бара многу сила, туку повеќе вештина.
Прво за себе да си кажам, физички не сум којзнае колку силен, некои мускули ми се многу слаби, други пак за разлика, се многу силни, рефлекси имам да не речам феноменални, значи за избегнување удари/зафати тука сум колку што мислам на високо ниво. Рацете ми се слаби, имам добар стег, но бицепси слабо. Мавам слаби боксови, ама многу брзи. Во грбот сум доста силен, од земја (deadlifting) можам да подигнам околу 180кг, без многу проблеми (инаку тежок сум 80, 180 висок). Нозете ми се така/така, заради грбот, и тие ми се донекаде силни за кревање, а и мускулите под колената (не знам како ги викаат) не ми се лоши (не користам превозни стедства и лесто пешачам). Стомачни правев по 500-600 во 1 час заедно со трчање темпо, но заради некои причини се откажав, а тоа беше лани март/април и верувам дека сега ми се закржлавени и стомачните и нозете. Досега немам ништо тренирано освен така некој месец кога бев 5-6одд. (пред 10-11г.) борење, но не важи тоа, немам одено во теретани и такви работи, само тоа што работам по дома и нешто земјоделие/берење дрва по планини ми е да речам вежба.