Османи: ДУИ влегува во Влада предводена од СДСМ
04/03/2017 00:37.
Демократската унија на Албанците по седницата на Централното претседателство одлучи да учествува во новата Влада предводена од СДСМ, потврди портпаролот Бујар Османи.
– ДУИ одлучи да ја почитува волјата на граѓаните и да учествува во владата. Бараме Иванов да го додели мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, рече Османи.
Тој кажа дека тоа е волјата на мнозинството Албанци во Македонија, како и дека платформата не отстапува од Уставот и Охридскиот рамковен договор.
Според Османи, ДУИ останува посветена на точките од Декларацијата на Албанците која не го загрозува унитарниот карактер на државата и истакна дека таа Деклрација е изготвена и потпишана во Скопје.
Портпаролот на ДУИ побара од Иванов да размисли за неговата одлука и кажа дека мандатор за нова влада треба да биде Зоран Заев.
– ДУИ го повикува Иванов, во согласност со Уставот и во согласност со неговите сопствени барања, да го додели мандатот на новото парламенатарно мнозинство со 67 потписи. Иванов и партиите да бидат внимателни во нивните изјави со цел да да не се загрозува иднината на Македонија. ДУИ сака да информира дека давањето потписи за влада подразбира и поддршка за новото парламенарно мнозинство и нова влада во духот на Охридскиот договор и интергацијата во НАТО и во ЕУ. Нашето учество е одраз на волјата на албанскиот народ и има за цел исполнување на ветеното за време на изборите, рече Османи.