Со самиот факт што во темава на форумов, а и во други теми, како и на фејсбук дискусиите се сведени на толкава омраза и разделеност меѓу луѓето, многу е јасно чија е користа тоа да биде така. Ова е разговор на луѓе кои тотално немаат разбирање меѓу себе и се' повеќе мислам дека можноста за некаков конфликт не е толку наивна.
Коренот на проблемот е суштински во паторовата психопатска желба во сред Европа во 21 век да создаде франкенштајновска креација од типот на Црна Гора - ни ваму, ни таму во геополитичка смисла, но со силно метастазирани криминални структури во бизнисот и практично исцицана економија базирана на бескрајно богатење на неколку луѓе - таканаречена приватна држава. Осуетениот план се обидува да го прокоцка со многу скап залог. Да имаше грам патриотизам во себе, ќе понудеше решенија преку своите инсталации (како фикусот), но пред се' ќе си ги зауздаше ордите од дивјаци по улиците и ќе се обидеше да смири ситуација. Ако цифрата од 450000 идиоти е толку уверена дека само на нив им припаѓа државата, ок. Тогаш да влеземе во конфликт. Албанскиот дел мирно ќути во грмушка, во заседа и само чека да се случи тоа. Конфликт значи мртви и исселени луѓе - исходот од такво нешто нема да биде ниту чиста држава, ниту македонска држава. Исходот ќе биде хаос од кој сите ќе изгубиме. За ова сите се свесни, ама паторот е и свесен дека јажето околу вратот неподносливо го чеша се' повеќе и му се затега. Знаеме дека има психолошки проблеми, фрустрации, дека нарачува ултра скапи аута, дека мисли дека е Наполеон, ама неговото членство мора да сфати дека ќе гине за него, а не за Македонија.
Што напраил Заев? Што и да напраил, поединечни случаи на предавства (или што и да си мислат орките дека напраил) се решаваат политички или судски. Се виде убаво дека и од двајцата се прифатени тешки ш иптарски говна и дека треба да си превземат одговорност и тоа по ред, секој за своето.
Јасно е дека 10 ебени години Русија никој ја немаше спомнато, а влезе во игра откако се загрози позицијата на паторот. Малку "патриоти" сфаќаат дека руското МНР на дневна основа издава стотици вакви соопштенија само како контра-мерки на надворешната политика на САД, ама само како контрирање. И прочитајте го убаво, никаде не спомнува кој има мнозинство и кој е дефакто носител на власт - само мешањето им сметало. Од тие гомнари никогаш никој фајде нема видено. Никакви словенски браќа не се тие. Класична империјалистичка сила, растурена, која со периферни војни се обидува да врати светска доминација и тоа го праи со наоружување и поддржување на туѓи војни. Класичен пример е Украина, каде што народ со кој отсекогаш живеел заедно, во мешани бракови отворено го разгоруваше судирот.
Посебно иритира смрденава македонска "дијаспора" која во стилот "100 стапа по туѓ грб" мудрува и разгорува конфликт. Да ви се нае**м на мозоците закржлавени, да имате таква среќа со парите што ги заработувате со чистење империјалистички говна да си ги трошите на лечење, мамлази ниедни.
Лично се надевам дека ќе се седне и ќе се разговара. Исходот и од преговори нема да биде во корист на обичниот народ, ама во секој случај подобро отколку каков било судир.