Ако има правна основа.. да.
Мене воопшто не ми е јасно зошто би се давал мандат по втор пат. Уставот тоа не го предвидува. Пишува.. „во рок од 10 дена“. Ова и порано го „прашував“.
Член 90 од Уставот на Р.М. вика вака: „Претседателот на Република Македонија е
должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието“.
Битно е тоа што е болдирано, прво дека Претседателот има должност (а не право да одлучува), второ дека рокот е 10 дена од конституирањето на Собранието.
Во кој момент се конституира Собранието?
Ако го отвориме Деловникот на Собранието на Р.М., по првиот дел каде се наведуваат општите одредби, доаѓа вториот дел кој се нарекува
Конституирање на Собранието. Тука имаш за избор на Верификациона комисија, верифицирање на мандатите...и на крајот има за избор на претседател и потпретседатели на Собранието. Откако ќе се изврши овој избор, завршува конституирањето на Собранието.
Затоа се потенцира во овој случај дека конститутивната седница е започната, но не е довршена, баш заради ова прашање. Која е тука логиката? Се смета дека мнозинството кое ги изгласало претседателот и потпретседателите на Собранието е и мнозинството која ќе ја изгласа новата Влада, па Претседателот на државата го доделува мандатот на кандидат на партијата/партиите, кои имаат мнозинство во Собранието.
Зошто порано не се обрнуваше внимание на ова, а уствари се беше во согласност со овие правни норми содржани во Уставот и Деловникот? Затоа што коалициите беа јасни по завршувањето на изборите или со пример, ДПМНЕ два пати во изминатите години имаше 61+ пратеници или имаше значителен број повеќе од следната партија, т.е. СДСМ.
Што значи дека пратениците може да го свикаат Собранието, да изгласаат претседател и потпретседатели (со што ќе се утврди и мнозинството) и со тоа завршува конституирањето. Потоа следува должноста на Иванов да го додели мандатот.