Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.898
Поени од реакции
23.299
Добро Владе кажи ми еве искрено. Дали стварно веруваш дека Иванов не му го даде мандатот на Заев поради платформата?
Немам многу време да образложувам што и како пошто сум на работа па ке бидам краток. Прво никаде не ја оправдав постапката на Претседателот нити ја поддржувам. Дали била законска или уставна не навлегувам но не е фер. Друго не му читам јас мисли па да знам кои му се точните мотиви, но останувам на ставот од пред неколку месеци дека треба на СДСМ да им се даде право да формираат влада оти тоа е изборна желба на граѓаните ми се допаѓало тоа мене или не. И како што бев против улична демократија кога дивееја шарените и сега сум против улична демократија, но од друга страна како што бев против и тогаш кога некои членови тука се повикауваат на странците да ни ги решават проблемите дома и сега сум против. Но вие ги поставивте правилата на игра па сега играјте по нив.
А и јас нешто искрено да те прашам. Дали би ти пречело форумот да биди двојазичен, настрана правила , прописи и закони? Онака што ти мислиш по твое со кратко образложение.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Заради Сјо.
ехеее... далеку е вистината. Мое е мислење, толку е очигледно дека ДУИ е инструирана да не коалицира со ВМРО ДПМНЕ. Затоа и Груевски на избори бараше 63 пратеници. СЈО... :)
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
Ај објасни ми го последново со мнозинството граѓани. Пошто малку не те сфаќам.
мнозинството граѓани гласаше за вмро - види ги бројките од изборниот резултат... што не ти е јасно?
 

k3b

Член од
17 декември 2010
Мислења
2.811
Поени од реакции
4.287
Воопшто не е лошо да се обидуваме да учиме јазици, па и албанскиот.
Нормално, кога нашиот бивш премиер и претседател на ДПМНЕ и најголем патриотго зборува, зошто останатите да не го научат
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
... дека треба на СДСМ да им се даде право да формираат влада оти тоа е изборна желба на граѓаните ми се допаѓало тоа мене ...
Ами има поголема група која имаа поинаква изборна желба. СДСМ се сепак втори.[DOUBLEPOST=1488441953][/DOUBLEPOST]
Нормално, кога нашиот бивш премиер и претседател на ДПМНЕ и најголем патриотго зборува, зошто останатите да не го научат
Не мислев политички, секој има корист од јазици.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Сигурно. Спасувањето на газот на Груевски е најдоброто нешто за Македонија.
Дури и ако е тоа причината, кога ќе ставиш на кантар, пак, нема претседател кој направил нешто повеќе за Македонија.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Мое скромно мислење е дека странците не им дозволија на ДУИ при вакви резултати да коалицираат со ВМРО. Веројатно и некоја амнестија им е ветена. ДУИ сами искочија кажаа дека ВМРО профатила се од платформа освен СЈО, Сител искочи кажа јавно дека ВМРО прифатила се од платформа. Сите знаеме дека се е прифатено од платформата, односно нема што да се прифаќа нешто што е во пракса 10 години.

По мене платформата им ја смести Али на сите партии за да си дига рејтинг после катастрофалните резултати. Сиромашен народ секогаш трза на патриотизам па така и овој пат му упали на Али.

Друга работа е што мислам дека во албанскиот електорат има поединци доволно моќни да му замерат на Али за коалиција со ВМРО после објавените бомби..
Апсолутно слично размислувам, со една мала (и важна) разлика: мислам дека уште пред избори не беше дозволено коалицирање со ВМРО ДПМНЕ.
Мислам дека сме целосно уценета држава (мислам на партиите и политичарите, па дури и Заев, ако не бил на државна власт).
 

k3b

Член од
17 декември 2010
Мислења
2.811
Поени од реакции
4.287
Не мислев политички, секој има корист од јазици.
Нормално, кога зборува паторот има потреба и корист, кога е сдс или заев тогаш копчето ОN тврдокорни сендвичи се активира
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.148
Поени од реакции
30.267
http://fokus.mk/zaednichkata-platforma-na-albanskite-partii/
Еве ја во целост албанската платформа. Прочитајте ја убаво, и при тоа запамтете дека и Груевски и Заев се согласиле со овие членови.
Се надевам ќе сфатите што се се спремни двајцата да направат само за да зграбат моќ.
http://fokus.mk/zaednichkata-platforma-na-albanskite-partii/
http://fokus.mk/zaednichkata-platforma-na-albanskite-partii/

1. Постигнување на целосна рамноправност во согласност со Охридскиот Договор и Уставот

* Правилно спроведување на принципот на мултиетничноста во Уставот на РМ, каде Албанците се сметаат како државотворна нација, поддржување на секаква правна и уставна иницијатива која ja зајакнува националната рамноправност за албанското население.

* Постигнување на целосна јазична еднаквост, употребата на албанскиот јазик во сите нивоа на власта и гаранција за неговата примена како фундаментално и уставно право. Уставот на Република Македонија треба да утврди дека “македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик со неговото писмо се официјални јазици во Република Македонија”.

* Сеопфатна дебата за знамето, химната и државниот грб на Република Македонија со цел државните симболи да ја рефлектираат општествената мултиетничност и етничката рамноправност.


* Усвојување на Резолуција во Собранието на Република Македонија со која се осудува геноцидот врз албанскиот народ во Македонија во периодот 1912-1956.


2. Постигнување на економска рамноправност и на општествената благосостојба, особено преку рамномерен регионален развој

* Создавање на нов механизам, во форма на една Државна комисија за финансирање на општините, за донесување одлуки со право за владини грантови во корист на општините.

* Создавање на едно Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, како надлежен орган за почитување на правата на заедниците и поттикнување на економскиот и социјалниот развој во неразвиените подрачја.

* Остварување на правична застапеност во органите за безбедност, војската, разузнавањето и правдата.

* Остварување на правична застапеност во сите нивоа на централната власт како и во јавните служби или претпријатија со јавни акции.

3.Зајакнување на владеењето на правото, како предуслов за напредок на евро-атлантскиот интегративен процес

* Спроведувањето на реформите во согласност со Договорот во Скопје, Препораките на Прибе, итните препораки на Европската Комисија, како и Препораките од Пристапниот дијалог на високо ниво со ЕУ.

* Поддршка за непристрасно вршење на работата на Специјалниот обвинител, без етнички и политички предрасуди.

* Целосно расчистување на прашањата и судските постапки како “Сопот”, “Бродец”, “Монструм” и “Куманово” преку една анкетна комисија или меѓународен независен орган.

4.Создавање на дух на доверба во функција на добри меѓуетнички односи како суштински елемент за политичка стабилност во земјата

* Преземање на афирмативни мерки за обезбедување финансирање на албанските културни институции на централно и локално ниво.

* Создавање на една централна институција за унапредување на јазиците на заедниците, која ќе обезбеди подготовка на преведувачи, уредници и предавачи.

5. Решавање на спорот со името, во согласност со европските вредности и принципите на меѓународното право

* Усвојување заедничка и обврзувачка Резолуција во Собранието на Република Македонија со која Владата на Република Македонија е обврзува активно да се вклучи кон решавањето на спорот со името.


* Вклучување на Албанците во работната група за директни преговори со Грција.


6. Добри односи со соседите

* Вклучување на Албанците во работната група за директни преговори со Бугарија.

* Соработка со Косово и Албанија за интегрирано гранично управување.

* Отворање на нови гранични премини.

7. Брза интеграција во НАТО и во Европската Унија

* Исполнувањето на горенаведените точки ќе го деблокира патот на Македонија кон целосна интеграција во НАТО и отворање на преговорите за членство во Европската Унија.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Па сигурно и ти самиот не би се затворил.
Кој спомна затвор? Зарем за затвор се работи? Јас незнам дали си способен воопшто да размислуваш и да резонираш што всушност се случува?
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.898
Поени од реакции
23.299
Ами има поголема група која имаа поинаква изборна желба. СДСМ се сепак втори.
Колку партии излегоја на изборите толку изборни желби и секој можеше да си гласа по соопствено видување. Да ВМРО победи на изборите и тоа е неспорен факт и на нив им е даден мандатот. Пробаја и не успеааја да направат влада и тука завршува тој муабет. Зошто како небитно е тоа. Значи вољата на гласачите кои гласаја за ВМРО е исполнета. Редно беше и фер да му се додели мандатот на СДСМ па тие нека пробаат да формираат влада пошто и зад нив стојат гласачи. Толку е едноставно. Дали мене , тебе или на било кој друг им се допаѓа тоа што тие наводно би направиле е небитно пошто очигледно има голем број на граѓани кои немаат проблем со тоа и за жал се мнозинство во парламентот.
Или тоа или улична демократија со тенденција да прерасни во нешто поголемо.
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.160
Поени од реакции
3.395
Дали дијаграмов значи дека сме словени а не антички македонци?:несвест:
Од античките сите сме настанати!
Да не те разочарувам, ама тие онлајн тестови не се многу релевантни и методолошки издржани. Од вакви тестови, одредени луѓе може сериозно да си ги преценат своите способности па цела држава да страда. А тоа не е убаво и патриотски ќе се сложиме.
Прегледај го приврзокот 165708

Ја би ти препорачал прво да почнеш да ги учиш предметите на логиката.

За почеток, добро би било да разликуваш https://mk.wikipedia.org/wiki/Тавтологија_(логика) и https://mk.wikipedia.org/wiki/Контрадикција

Ќе ти помогне да оформуваш подобри аргументи повеќе од тоа што си пополнувал во кое квадратче фали прашалник.
Не се релевантен ама кога се нема каде се користат тие,
за него не знаеме дали бил тој навистина што го решавал тестот, но јас за мене си знам.

Е баш тие работи одлично ги разбирам!
Мислам оти 10 пати го имаш постирано ова..
Иначе според пописот во 2002 година, а територијалната поделба беше во 2004 во Чаир живеат речиси 60% албанци, можеш да ми кажеш како Чаир да не беше територијалната поделба би добил градоначалник македонец?
Пред поделбата, Чаир бил поделен со Центар, Бутел и можеби Карпош не сум сигурен, Сарај е додаден во градот Скопје повеќе во спојлер.
Скопјево пола да ти било село

Закон за територијална поделба на Република Македонија со кој дефинитивно беше нанесена голема штета на развојот на модерно мултиетничко и граѓанско општество. Имено, веројатно под големи притисоци од внатре и од надвор, тогашната власт предводена од СДСМ прифати измена на постојните општински граници директно на штета на Mакедонците кои живееја и живеат во тие општини: на општина Гостивар и се додадоа општините Вруток, Долна Бањица, Чегране и Србиново со што процентуалниот износ на македонското население во општината падна од 26% на 19%, во општина Тетово со додавањето на општините Џепчиште и Шипковица од 28% Македонците станаа 23%, во општина Чашка Албанците го зголемија својот процент од 7% на 33%, а слична промена се случи и во општината Долнени. Сепак најголемите и најпроблематични измени се направија во општината Струга, на која и се додадоа општините Велешта, Делогожди, Лабуништа и Луково и со тие измени бројот на Македонците падна од 47% на 32%, а бројот на Албанците се зголеми од 41% на 56%. На градот Скопје на вештачки начин му се додадоа руралните општините Сарај и Кондово, со што бројот на Албанците се зголеми од 15% на преку 20% со што на мала врата во главниот град на државата се воведе двојазичност. Истовремено, беше договорена и одложена измена на картата на општината Кичево (за оваа изборна година), со додавање на руралните општини Осломеј и Зајас, со што и во оваа општина Албанците станаа доминантна етничка група.
Зошто да учи бугарски? Србите се супериорен народ секoj макЕдонец знае српски, зошто и е да учи бугарски?
Јас не знам српски, ама одлично разбирам српско-хрватски, бугарски, солидно го разбирам и рускиот, дали можеби сум шоп?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
Eve mu opcija na ZZ da gi nogira ljockite da go prifati povikot na grujo i ete uste utre ke stane premier i ke dobie mandat. Ama toa ne se sofpaga so necesnite protivdrzavnicki nameri na tie so mu gi vlecat koncite.
тоа требаше по изборите, кога секој нормален во државава се прашуваше зошто македонците не направат коалиција, зошто везден разделени. И кога секој нормален добиваше специјално подготвен одговор, нашироко рекламиран во одредени медиуми, дека имало некои ѓомити непишани правила. Но, тогаш овој човек му пристапи на Али и учк, наместо на Заев. Се удави државава години наназад во меѓуетнички и внатреетнички лајна, во институциите не се знае кој што работи, све партиски војници по институциите, но ајде сега ќе ја оправаме. Не оди тоа така. Велат, што некој луд ќе расипе, сто нормални не го поправаат. На крај краева зошто ние повторно да имаме влада, државни агенции и јавни претпријатија со осомничени лица за големи криминали? И тоа не оди.
Еве ја во целост албанската платформа..
освен првата точка, не гледам ништо нереално ниту лошо. Напротив, дел од ова беше интегрирано и во програмите на т.н. македонски партии (т.н. пошо веројатно има и членови кои не се етнички македонци во нив). Но прашање е, што од ова било со едните, а што со другите е договорено, а што не е. Повторно не знаеме освен изјавите на лица од дуи.
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom