http://fokus.mk/zaednichkata-platforma-na-albanskite-partii/
Еве ја во целост албанската платформа. Прочитајте ја убаво, и при тоа запамтете дека и Груевски и Заев се согласиле со овие членови.
Се надевам ќе сфатите што се се спремни двајцата да направат само за да зграбат моќ.
http://fokus.mk/zaednichkata-platforma-na-albanskite-partii/
http://fokus.mk/zaednichkata-platforma-na-albanskite-partii/
1. Постигнување на целосна рамноправност во согласност со Охридскиот Договор и Уставот
* Правилно спроведување на принципот на мултиетничноста во Уставот на РМ, каде Албанците се сметаат како државотворна нација, поддржување на секаква правна и уставна иницијатива која ja зајакнува националната рамноправност за албанското население.
* Постигнување на целосна јазична еднаквост, употребата на албанскиот јазик во сите нивоа на власта и гаранција за неговата примена како фундаментално и уставно право. Уставот на Република Македонија треба да утврди дека “
македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик со неговото писмо се официјални јазици во Република Македонија”.
* Сеопфатна дебата за знамето, химната и државниот грб на Република Македонија со цел државните симболи да ја рефлектираат општествената мултиетничност и етничката рамноправност.
* Усвојување на Резолуција во Собранието на Република Македонија со која се осудува геноцидот врз албанскиот народ во Македонија во периодот 1912-1956.
2. Постигнување на економска рамноправност и на општествената благосостојба, особено преку рамномерен регионален развој
* Создавање на нов механизам, во форма на една Државна комисија за финансирање на општините, за донесување одлуки со право за владини грантови во корист на општините.
* Создавање на едно Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, како надлежен орган за почитување на правата на заедниците и поттикнување на економскиот и социјалниот развој во неразвиените подрачја.
* Остварување на правична застапеност во органите за безбедност, војската, разузнавањето и правдата.
* Остварување на правична застапеност во сите нивоа на централната власт како и во јавните служби или претпријатија со јавни акции.
3.Зајакнување на владеењето на правото, како предуслов за напредок на евро-атлантскиот интегративен процес
* Спроведувањето на реформите во согласност со Договорот во Скопје, Препораките на Прибе, итните препораки на Европската Комисија, како и Препораките од Пристапниот дијалог на високо ниво со ЕУ.
* Поддршка за непристрасно вршење на работата на Специјалниот обвинител, без етнички и политички предрасуди.
* Целосно расчистување на прашањата и судските постапки како “Сопот”, “Бродец”, “Монструм” и “Куманово” преку една анкетна комисија или меѓународен независен орган.
4.Создавање на дух на доверба во функција на добри меѓуетнички односи како суштински елемент за политичка стабилност во земјата
* Преземање на афирмативни мерки за обезбедување финансирање на албанските културни институции на централно и локално ниво.
* Создавање на една централна институција за унапредување на јазиците на заедниците, која ќе обезбеди подготовка на преведувачи, уредници и предавачи.
5. Решавање на спорот со името, во согласност со европските вредности и принципите на меѓународното право
* Усвојување заедничка и обврзувачка Резолуција во Собранието на Република Македонија со која Владата на Република Македонија е обврзува активно да се вклучи кон решавањето на спорот со името.
* Вклучување на Албанците во работната група за директни преговори со Грција.
6. Добри односи со соседите
* Вклучување на Албанците во работната група за директни преговори со Бугарија.
* Соработка со Косово и Албанија за интегрирано гранично управување.
* Отворање на нови гранични премини.
7. Брза интеграција во НАТО и во Европската Унија
* Исполнувањето на горенаведените точки ќе го деблокира патот на Македонија кон целосна интеграција во НАТО и отворање на преговорите за членство во Европската Унија.