Во Македонија нема да се решат никакви проблеми ако си играме на ваков начин и прифаќаме на секој се што бара, без разлика дали тоа го прифаќа ВМРО или СДСМ.
Во Македонија живеат граѓаните на Македонија и се зборува Македонски јазик, секој што се чувствува поинаку може да ја напушти или доколку има проблем со јазикот може да си го зборува тој јазик што го обожава дома и во друштво со истомислениците.
Не смее да се допушти играње со проценти, носење на нови закони за втор, трет, четврт јази и т.н
Ако се заиграме така за многу брзо ќе треба да воведеме и турски, бугарски јазик (со Бугарите очекувам да искрсне голема игра со пасошите што ги дадоа последниве години, само прашање е кога ќе се повлече тригерот и што ќе го повлече).
Ние имаме интерен проблем, односно меѓу нас Македонците, сите си го продадоа дупето за власт и пари, за ветување од работа, повисока позиција, тендер, стан и т.н, али на крај како бумеранг за неколку години ќе се врати уште полошо од тоа што го чувствуваме сега.Веќе почна да не фаќа нас генерациите што бевме деца во последната деценија на 20ти и првата на 21ви век со политичките глупости што се случуваа тогаш, со аматерската игра на тие политички генерации и лакомоста за власт, престиж, лично обогатување и истото продолжи и сега, а ќе биде уште полошо на децата од тие што ќе останат тука во иднина.