Фан Клуб: Рома

  • Креатор на темата Креатор на темата runBABYrun
  • Време на започнување Време на започнување
Ама моментално Лион се многу поозбилен тим од Шалке,али што е тука е, Лион е нешто налик Виљареал, ако играме како против шпанците, нема да има проблем :)
 
Доколку си ја играме својата игра ќе ги испердашиме..
Коеф. за во недела се 3 за сите 3 знака :)
 
Оваа ороспијата од општина уште одлучува за стадионот. И се слошило во 5 за кога беше закажана седницата, па на болница ја молкнеле, па после на твитер напишала дека е добра (како демек го боли некој стапот), па во 6 и пол ја презакажале седницата и сега одлучуваат.
Пред општина се собираат навивачи во меѓувреме.
Ебави политичарите во цел свет сте исти лајна корумпирани.
 
Искрено ме заболе к*ров дали ќе го одобрат стадионот или не. Сега повеќе сакам да не го одобрат. Нема да има ништо од тоа дека ќе се продаваат сите играчи туку најверојатно Палота ќе го продаде тимот (чул ме бог). Па да му ебам матер како што рече некој погоре Милан и Интер се мизерни веќе години наназад, Наполи никогаш не бил ни јака конкуренција а ние не можеме да освоиме титула со само 1 вистински противник. Инвестиции има 0, секоја година продаваме за да купиме слично како во времето со Сенси, или па чекаме да видиме дали ќе добиеме 10 милиони од уефа за да купиме некој просек :facepalm:. Уште од почетокот знаев дека ќе има проблеми со стадионов бидејки очигледно на Палота не му е битен стадионот туку објектите околу него кои ќе му носат милиони и ќе може да си ги става во џебот наместо да ги вложува во Рома. Сваќам секој газда сака профит кога купува тим нормално е, ама профит се остварува со вложувањ и освојување трофеи братче не со препродавање на најјаките играчи. За другиве проблеми не сакам ни да зборувам од типот на СПОНЗОРИ!!, новото лого, оградата на стадионот, односот на Палота со навивачите и тн...
 
Па ако му успее проектот мислам дека нема да цинцарат толку многу.
 
ЏДМ пренесува дека Балдисиони и градоначалничката стигнале повторно да разговараат..
Не верувам дека ќе се договорат вечерва ќе им се "спие" веројатно утре ќе продолжат по мое мислење..
 
Јас на Воче читав сега ваков наслов: „Arrivati i proponenti del progetto stadio, in corso l'incontro. Raggiunto nuovo accordo?“. Не знам многу италијански, ама мислам дека во слободен превод би изгледало вака: Доаѓање на предлагачите (се мисли на компанијата што го правење проектот) на проектот на стадионот за време на состанокот. На повидок ли е нов договор?“

Ако згрешам нека изгорам.
 
Мислиш пак да го прецртуваат и да го преправаат? Тоа мислам дека би зело уште минимум 6 месеци. Ако се сеќаваш кога ги доставија сите потребни документи во општината донесоа цело комбе со пакети од цртежи и документи за проектот. Според мене треба да се договрат за стадионот и патиштата околу него, и да почнат да го градат па после со тек на време нека се договараат за останатите стамбени проекти кои посекако немаат многу врска со Рома од она што го слушам.
 
И јас слушнав така, ама не е исклучено дека тој претставникот што е таму од Рома не знае да им ги образложи одлуките за спорните точки во плановите, па ајде сега архитектите од фирмава ги викнаа да им образложат. :)

Логично би било да се изгради стадионот со паркинзи и пат до него од едната страна, а после тоа мостови од другата страна, метро, згради и сл. глупости. Т.е. за секоја дополнителна градба да се прави измена и дополнување на веќе постоечкиот детален урбанистички план.

StadiodellaRomaTordiValle0002332.jpg

На сликава убаво се гледа дека од левата страна на стадионот е копното и југоисточниот дел од Рим од каде до стадионот се доаѓа по копнен пат, а од десната страна е спорното место со реката, каде што сакаат 3 мостови да изградат.
 
Шо околу бетонот? Му ветле дека ќе го прават на три лопати песок една цимент? :D
Gotovoo je. Stadion će se graditi.
Roma je odustala od 50% kubika betona koji je bio predstavljen u inicijalnom projektu.
Ubrzo i ozvaničenje.
Не разбирам каква разлика што како ама еве од рома балкан :D
 
Јас на Воче читав сега ваков наслов: „Arrivati i proponenti del progetto stadio, in corso l'incontro. Raggiunto nuovo accordo?“. Не знам многу италијански, ама мислам дека во слободен превод би изгледало вака: Доаѓање на Пристигнаа предлагачите (се мисли на компанијата што го правење проектот) на проектот на стадионот за време на во тек е состанокот. На повидок ли е Постигнат нов договор?“

Ако згрешам нека изгорам.
Изгори :gjavol: ... шала на страна малку те поправив, ви значи вам ова околу стадионот па ете... со среќа нека е инаку...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom