concrete
alte Esel
- Член од
- 22 март 2005
- Мислења
- 12.248
- Поени од реакции
- 1.703
Меурот се дуе секаде па дури и во Кина,дал ќе пукне неконтролирано незнам , ама паниката околу таа можност е евидентна. Преголем удел во економијата на светот зазеде фиктивната пара за која кредитна обврска зедоа маса народ кој не само што неможе да ја врати, туку нема појма што и како да работи за да ја врати. Со еден збор се е виртуелно транге-франге илити по наше на-тиго-дај-ми-го...у кое бонусите и другите зафаќања од тој стил зедоа до сега невидени историски размери...Пари врие насекаде, како жежок жар оставени во портфолијата на банките кои грозничаво бараат кај да ги дадат друг да им мисли во таа лудница.Значи УСА и АУС се тотално различни пазари и тотално различни кредити со различни обврски. Во УСА на пример тој што позајмил пари за да купи стан икс, ако неможе да го одплати кредитот банката може да му го одземе само стан икс, во АУС не е лимитирана само на тоа, значи може да го банкротираат целосно односно ако не ги вратат парите од лицитацијата може да му земат други недвижнини, кола итн... Различни закони се во прашања. Друга работа во УСА се градеше без усул последните 20тина години, во АУС тоа е контролирано врз база на издадени дозволи итн... Овде нема меур а кога и малку се дува одма успоруваат, конторла има до степен да можат точно да ти кажат во која населба има поголема понуда за станови него побарување па дури и тоа го сегменираат според големината на станот... Друг свет.
Она што нема е идеа како употребливо и креативно да се ангажираат зилионите безработни да ствараат продавливи-разменливи нови вредност, проблем кој со растот на популацијата , кибернетиката и роботизацијата ќе ги има се повеќе, без некоја видлива надеж дека во некое разумно време на светско ниво , она ниво кон кое тежеа соросоидни глобалисти ќе може да се среди...
Но тоа не е наш проблем , овде дискутираме како krste777 рационално да ги вложи и оплоди своите пари. Дури е изненадувачки скромен ..со 5% камата. Има ли некој некоја идеа .., станови , гаражи и слично се решенија за очајници, мутуал фондови и слични понуди има многу, но никој не спомнува ништо производно..или тоа бара многу памет која нажалост овде ја нема....со губитничкото објаснение не сме земја за тоа