Астрономија (истражувања, откритија, новости)!

  • Креатор на темата Sagan
  • Време на започнување

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
https://futurism.com/nasa-just-found-a-solar-system-with-7-earth-like-planets/

Еве шо билоооо.
Системот е формиран околу „ултра студено џуџе“ тип на ѕвезда, што би рекло дека енергијата која ја прима е веројатно помала од таа на Сонцето, меѓутоа си има некоја математика веројатно. Седум планети се Earth-like, а три од нив се во таканаречената goldilock зона, во која (за тие што не знаат) тоа е одредена дистанца од ѕвездата во која температурите се оптимални, односно ниту би испарила, ниту би била цело време во цврста агрегатна состојба - мраз.
Е сега, што е на 40 светлосни години од нас е малку зезнато....
 
Ф

Флеш

Гостин

:LOL: Јаки им се пресовиве . Ти најавуваат као Ити да нашле интезитет,следно утро,преставуваат за работи кои се веќе нормални прифатени:ROFLMAO: Да имаше барем дека црв нашле на Марс . Метеор и крај на планетава.Прв контакт ..... Планети јеееј вест која и претходно сме слушнале за најдени планети.(n)

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Тоа е.
Очигледно е дека целото општество во УСА е во криза. Избран е конзерва претседател и администрација од која најмалку се очекува да инвестира во НАСА. Медиумите се преплавени со кардашијани и срања од тој тип, а науката и истражувањата егзистираат само меѓу делот од населението што тоа го интересира. Може ова им е обид да се привлече внимание. Се сеќавам дека пред неколку години открија некои микроорганизми базирани целосно на арсен (?) и тоа го најавуваа со голема медиумска сензација (што може и реално е), ама многу луѓе реагираа баш вака.
Интересна „вест“ е, како и да е. Подобро за ова да се збори отколку за нешто друго.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021

Не е во криза колку и да изгледа така. Генерално гледано мнозинството секогаш делува глупаво и поединечни примери (какви што наброи) придонесуваат за засега ваквото гледиште врз Американското општеството. Не значи дека е така, но не значи дека порано било нешто различно. И не само во Америка. Секогаш ќе постои еден мал дел од општеството што е заинтересиран и е дел од науката и еден поголем дел што врска немаат што прави тој помал дел.

:LOL: Јаки им се пресовиве . Ти најавуваат као Ити да нашле интезитет,следно утро,преставуваат за работи кои се веќе нормални прифатени:ROFLMAO: Да имаше барем дека црв нашле на Марс . Метеор и крај на планетава.Прв контакт ..... Планети јеееј вест која и претходно сме слушнале за најдени планети.(n)

Со откритиево сакаат да кажат дека ако некој сака да бара живот, да бара таму, најголема е веројатноста таму да најдат. :)
Моментално не постојат инструменти што може да бараат живот 40 светлосни години одовде, но за 4-5 години ќе постојат, така да уште сега може да се припремаат за истражување. :)

Доколку таму постои живот кој никнал барем на една планета, скоро со голема сигурност е "посеан" и на другите 2 а можи и повеќе планети. Доколку постои интелегентен живот тогаш имаат голема среќа бидејќи имаат најмалку 2 резервни планети. Ако планетите не им се ко Венера. :)
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Не е во криза колку и да изгледа така. Генерално гледано мнозинството секогаш делува глупаво и поединечни примери (какви што наброи) придонесуваат за засега ваквото гледиште врз Американското општеството. Не значи дека е така, но не значи дека порано било нешто различно. И не само во Америка. Секогаш ќе постои еден мал дел од општеството што е заинтересиран и е дел од науката и еден поголем дел што врска немаат што прави тој помал дел.

Со откритиево сакаат да кажат дека ако некој сака да бара живот, да бара таму, најголема е веројатноста таму да најдат. :)
Моментално не постојат инструменти што може да бараат живот 40 светлосни години одовде, но за 4-5 години ќе постојат, така да уште сега може да се припремаат за истражување. :)

Доколку таму постои живот кој никнал барем на една планета, скоро со голема сигурност е "посеан" и на другите 2 а можи и повеќе планети. Доколку постои интелегентен живот тогаш имаат голема среќа бидејќи имаат најмалку 2 резервни планети. Ако планетите не им се ко Венера. :)
Мислам дека веќе телескопите се напредни и во системи кои се релативно блиску (астрономски) можат да добијат некакви светлосни податоци. Може ова звучи многу оптимистички ако се земе предвид дека не сме многу напреднати како цивилизација.
Еве како за споредба. Левата е Hubble, а десната од New Horizons.

Знам дека се работи за летало што многу блиску се доближи до Плутон, ама и дека на Hubble примарната задача и самата градба на леќите му се за надвор од нашата галаксија, претпоставувам дека новиве телескопи имаат за цел подетално да ги истражуваат ѕвездените системи во рамките на нашата галаксија и нивото на опсервација на новооткриениве планети е барем на ниво на сликава лево. Со различни филтри, научниците добиваат податоци за температурите што во сам старт им кажува дали е состојбата како со Венера и дали воопшто вреди понатаму да се испитува планетата. Многу значајни се и димензиите и дали планетата има ротација т.е не е само со една страна свртена кон ѕвездата.
Во секој случај, многу ми е криво што во мојот животен век нема да видиме некое значајно достигнување. Следната граница е многу далеку и за тоа се свесни многу научници, а и самите општествени состојби на глобално ниво не одат во позитивен правец. Точно е дека секогаш има многу мала заедница која ја интересира наука, ама голема е разликата ако НАСА во времето на Студена војна добивала пари колку што сега добива војската за разлика од сега кога им се скратени фондовите на минимум. Во некоја друга тема за Марс пишував дека кога правеле тестирања за слетување на леталото практично немале право на грешка, затоа што имале лимитиран буџет и неуспех би значел затварање на програмата, а не повторен обид.
Најубаво да дојде да не најде некој понапреден и да не опамети малку.
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.761
Поени од реакции
7.593

Знам дека се работи за летало што многу блиску се доближи до Плутон, ама и дека на Hubble примарната задача и самата градба на леќите му се за надвор од нашата галаксија, претпоставувам дека новиве телескопи имаат за цел подетално да ги истражуваат ѕвездените системи во рамките на нашата галаксија и нивото на опсервација на новооткриениве планети е барем на ниво на сликава лево.
Nope, многу е рано за слики од било каков вид. За сега сѐ е запишано како бројки.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Nope, многу е рано за слики од било каков вид. За сега сѐ е запишано како бројки.
http://www.openexoplanetcatalogue.com/
Така и мислев дека е - се опсервира ѕвездата и преку транзитот на планетата преку светлиот диск на истата се утврдува големината. Мора да има визуелна претстава.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.269
Поени од реакции
15.382
Многу често во пресметките за масата на планетата се користи методот на ``клатно``. тоа е како кога еден фрлач на кладиво(она со тег и ланец) кога се врти за да земи замав, зазема накосена положба поради ланецот и тегот, кој во случајот со планетата и ѕвездата би ја претставувала меѓусебната гравитација.

Значи ѕвездата се ``ниша`` поради делувањето на гравитацијата од планетата
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Многу често во пресметките за масата на планетата се користи методот на ``клатно``. тоа е како кога еден фрлач на кладиво(она со тег и ланец) кога се врти за да земи замав, зазема накосена положба поради ланецот и тегот, кој во случајот со планетата и ѕвездата би ја претставувала меѓусебната гравитација.

Значи ѕвездата се ``ниша`` поради делувањето на гравитацијата од планетата
Двете тела имаат заеднички центар на гравитација според ајнштајновата теорија на релативитет. Во односи на маси како Сонцето и Меркур тој е помал и тешко воочлив затоа што е поблизок до центарот на гравитација на ѕвездата, но може да има поголемо отстапување ако се работи за планета со поголема маса.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.269
Поени од реакции
15.382
Да, но сонцето се занишува по оската ``север -југ`` како последица на делувањето на планетите. На која страна и колку ќе се отклони, и каква ќе биде таа сложена флуктуација на оската на ѕвездата, одредува колку и какви планети има.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Да, но сонцето се занишува по оската ``север -југ`` како последица на делувањето на планетите. На која страна и колку ќе се отклони, и каква ќе биде таа сложена флуктуација на оската на ѕвездата, одредува колку и какви планети има.
Или колку е масивна ѕвездата. Во нашиот случај, 99% + од целата маса на Сончевиот систем припаѓа на Сонцето. Центарот на вкупната маса не само што е во Сонцето, туку во близина на самиот центар на Сонцето. Оттука "клатењето" на Сонцето е многу мало. Постојат системи каде центарот на вкупната маса е надвор од ѕвездата. :)

Мислам дека веќе телескопите се напредни и во системи кои се релативно блиску (астрономски) можат да добијат некакви светлосни податоци. Може ова звучи многу оптимистички ако се земе предвид дека не сме многу напреднати како цивилизација.
Еве како за споредба. Левата е Hubble, а десната од New Horizons.

Знам дека се работи за летало што многу блиску се доближи до Плутон, ама и дека на Hubble примарната задача и самата градба на леќите му се за надвор од нашата галаксија, претпоставувам дека новиве телескопи имаат за цел подетално да ги истражуваат ѕвездените системи во рамките на нашата галаксија и нивото на опсервација на новооткриениве планети е барем на ниво на сликава лево. Со различни филтри, научниците добиваат податоци за температурите што во сам старт им кажува дали е состојбата како со Венера и дали воопшто вреди понатаму да се испитува планетата. Многу значајни се и димензиите и дали планетата има ротација т.е не е само со една страна свртена кон ѕвездата.
Во секој случај, многу ми е криво што во мојот животен век нема да видиме некое значајно достигнување. Следната граница е многу далеку и за тоа се свесни многу научници, а и самите општествени состојби на глобално ниво не одат во позитивен правец. Точно е дека секогаш има многу мала заедница која ја интересира наука, ама голема е разликата ако НАСА во времето на Студена војна добивала пари колку што сега добива војската за разлика од сега кога им се скратени фондовите на минимум. Во некоја друга тема за Марс пишував дека кога правеле тестирања за слетување на леталото практично немале право на грешка, затоа што имале лимитиран буџет и неуспех би значел затварање на програмата, а не повторен обид.
Најубаво да дојде да не најде некој понапреден и да не опамети малку.
Па сите инструменти засега користат некој природен феномен кој го употребуваат за да добијаат важни информации.
Но некаде околу 2022 година, во функција ќе бидат 3-4 моќни телескопи кои ќе можат директно да ги набљудуваат планетите. Приливот на информации ќе биде неспоредливо поголем отколку сега. Доколку на некоја планета постои биосфера, нема да биде никаков проблем да биде детектирана.
 
А

Атлантист

Гостин
Радан Митровиќ од Скопското Астрономско Друштво, за Трапист 1 и други теми.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom