Чекај сега
@Let 3 ќе ти ги покаже статистиките како 1000 амерички авиони урнале 10 руски авиони, со што ќе заклучиме дека американците се 100% надмоќни над русите.
Деца...
моќта на Америка се гледа во нејзино влијание на целата планета па и во сончевиот систем.
Тука има голема улога и величенствената америчка воена сила, али тука е и политиката и економијата. Со долар без проблем ќе платиш и во Токио и во Москва и во Пекинг и во Ресен и во Исламабад и во Берлин....
Со Рубља можеш само во Москва и околијата на Москва.
Политиката на Америка ја диктира и цената на нафтата. Колку Русија ќе заработи од нафта - зависи од вољата на Америка.
Светскиот напредок се базира на Америчката моќ. Технологија, информатика, здравство комуникации транспорт...
Дури и културата и забавата се во најголем процент со Амерички корени. Ретко кој се турка на кино да гледа руски филмови, или слуша руска музика или се облеква по руска мода.
Повеќето млади попрво би возеле Харли од колку Минск, или би јаделе бургер и кокакола од колку чорба од зелка и цвекло со квас. Повеќе забава нуди рокенрол од колку руски балалајки.
Сега за сега а и во догледна иднина, Америчкиот начин на живот ќе доминира во сите сфери а и кога ќе погледнеш околу себе - нашиот начин на живот и она шо го посакуваме се проамерички.