До другарот горе:
Однеси ја на некое ни прегласно, ни претивко место. Многу важно е да не избираш некое прескапо место, туку место кое е исплатливо. Не пробувај да ја импресионираш со фенси-менси-шменси срања. Најтопол совет од мене имаш да не и откриваш дека сакаш врска со неа, во никој случај. Тоа ќе ти биде најголемата грешка. Искулирај, играј на карта топло-ладно. Покажи силен интерес на овој прв состанок, потенцирам силен интерес. Покажи интерес преку говор на тело, прашувај ја за некои работи од животот(школо итн.). Не покажувај интерес со изјави од типот дека е најубавата девојка која си ја видел. Од сето ова што ти го набројав, автоматски следи дека ако имаш шанса пробај да ја смуваш. Ако немаш, немој да бидеш нападен. Е сега на вториот дејт(акој дојде до втор дејт), ќе почнеш да бидеш по ладен, да ја повлечеш малку кон себе, што би рекле Србите повуци-потегни. Накратко, час ќе бидеш заинтересиран, час незаинтересиран, со цел да ја заинтригираш. И нормално ќе пробаш да ја смуваш на овие состаноци. Доколку не успееш да ја смуваш по два, три, максимум четири дејтови, јас лично би ја баталил, очигледно не чуствува силна привлечност кон тебе. За врска треба пасија сине.