He правиш најосновна разлика меѓу ОБИНУВАЊЕ за криминал и ПРОГЛАСУВАЊЕ на криминалец.
Сегде во светот на партии меѓу себе се обвинуваат з анекои недоследности, неуспеси па и криминали. Нарочно пред избори. Али во државата би требало да постојат институции на обвинителство судство полиција...кои ќе ја бркаат својата работа не базирано на телефонски повици и пораки од политичари туку по закон.
Исто не си научил за шо е оформено СЈО. СЈО, дете е оформено за истражување на криминали поврзани со нелегално прибавените снимки од страна на странските служби. За се останато си е тука ЈО.
А према тебе испаѓа “ОСТАЈТЕ ГО КУРТА ДА ЈАВА ПОШТО МУРТА ИСТО ЌЕ ЈАВА“
Ти се водиш на она детски отрцани фрази “ЕМИ И ТИЕ ПОРАНО КРАДЕА.... ДА НЕ МИСЛИШ ДЕКА ОВИЕ ЌЕ БИДАТ ПОАРНИ..... А ОТИ ТИЕ ПОРАНО НЕ ГОНЕА КРИМИНАЛ...“
Не оставај да уште од дете те заразат со такви мисли и идеи, дека се морало така да биди дека ние си сме таков народ поарно да не менуваме ништо поарно да не се бориме гледај си то парче леб шо го јадиш не скокај не се буни....
После ко ќе порасниш ќе си имаш мака, ќе голташ и трпиш секакви неправди и на работа и дома.
Ти бе човече изгледа живееш во некој паралелен универзум... или сакаш со сила мене глув и слеп да ме правиш! Кога еден на друг му се обраќа јавно со КРИМИНАЛЕЦОТ ГРУЕВСКИ или КРИМИНАЛЕЦОТ ЗАЕВ тоа е прогласување, а не обвинување!!! Презумпција на невиност во нашата државичка е мисловна именка... ништо повеќе! Од 1991 год. презумпцијата беше нарушувана од институциите, па што остана за партиите, да не праиме муабет...
Очигледно е дека многу подобро знам од тебе, за што е формирано СЈО или официјално име (Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите). Тоа незаконско прислушување според СЈО трае во период од 2008 до денес во континуитет. Е сега СЈО бараше и случаи од пред 2008 година, што според мене е во ред ако се расчисти од 1991 година до денес со сите криминали... Примерот „Сопот“ што го споменав во кој 99% лежат невини Албанци, е во ред СЈО да го бара само доколку го расчисти од корен, а не само површно заради некој кафе муабет на телефон.
Од друга страна живееш во паралелен универзум бидејќи очекуваш основното ЈО да ти решава монтировки и проблеми...
no comment... од друга страна сериозно се прашувам дали вреди да ти реплицирам или си губам време залудно (ама нејсе читаат и други на форумот)...
Нашето СЈО, освен што блокира сметка на „Финзи“ не направи ништо суштествено (барем онаму каде што немаше врзани раце), за разлика од романското! Нашето СЈО засега се покажа како алатка за прелевање на незадоволните гласови на контото на СДСМ... најверојатно и за тоа беше формирано?!
Мојот став за „курто“ и „мурто“ е дека треба сериозни и темелни промени почнувајќи од раководствата на партиите и се она што се нарекува т.н. „фамилијата“ која беше создадена од службите на поранешна УДБА уште во 1994 г. па владее со државата се до ден денес. Тоа е единствена опција, кога шансите за трета опција се невозможни...
Но причина повеќе...сум против шарлатан како Заев да дојде на власт, бидејќи тајно отиде кај Груевски и го уценуваше со прислушкуваните разговори да се повлече од премиер и го убедуваше да му ја предаде власта па никому ништо... и волкот (Грујо) сит и Заев на власт!
Исто така, партијата СДСМ во изминатите 26 години, секогаш на власт идела после некоја голема криза, а кога губела избори дали со 250.000 гласови како 2008 г. дали со 15.000 како пред 2 месеци секогаш наоѓала други виновни за нивните порази, никогаш не знаела достоинствено да честита победа на противникот и секогаш имала изговори (пустеци, фантоми, косовари...). Таквата практира во целиот нормален и ненормален остаток од светот се вика - НЕМАЊЕ ОСНОВНО НИВО НА ДЕМОКРАТИЈА!!
И за крај, да веруваш дека шарлатан како Заев ќе го затвори Груевски за криминали треба најблаго речено да си пореметен и крајно излажан... посебно после ваква пост-изборна изјава на Зајчето... а само 1 година претходно изјави дека со криминалци не преговара... ама тоа е и овојпат проработи синдромот на кратка меморија кај македончето...