Е баш ова не мора да значи, сите се на почеток фини и добри, после некое време си го покажуваат вистинското лице. Да било така едноставно, да се изанализира некој каков е што е, сите од прва ќе сме си ја нашле сродната душа, немало да губиме време на некои идиоти.
Не е точно!
Во животот го добиваме она што го сакаме, она за што се бориме и она што го заслужуваме! Од првиот состанок можеш да видиш некој каков е, ако си заинтересирана да дознаеш. Проблемот е што не се поставуваат вистинските прашања и после се искривува целата слика. Секој човек одговара на поставените прашања, само треба да знаеш кога, што и како прашуваш.
И не е така лесно да се растури брак, што ако нема кај да оди, што ако има плата 12 000. Ти да гледаш на пр 2 деца со толкави примања, баш ме интересира како ќе се снајдеш. А не баш секоја жена има по 20 000 плата, и не секоја има родители што ќе ја изджуваат. Од мерак сигурно не и се седи со него.
Зарем би останала во брак и би дозволила твоите деца да гледаат како татко им секојденевно ја истура нервозата врз тебе, психички и физички?! Прво, се согласувам дека во брак не треба да се влетува, ако не го знаеш партнерот добро. Арно ама, животот е учење!!! Никогаш нема да го запознаеш некого совршено, исто како што нема да се спознаеш ниту себе совршено, нема совршенство, не е можно да имаш изграден став за секоја работа, не е можно да знаеш се`, затоа ги користиш и искуствата од другите. Дали си свесна кои опасни последици ги има психо физичкото малтретирање на еден родител? Дали си помислила како ќе се развиваат тие деца? Секој ден да гледаш кавга и тепање, сакало или нејќело детето ќе стане агресивно, оти за подобро нешто не знае!
Не се живеело со 12 илјади? Има луѓе што живеат од социјална помош! За таа категорија на луѓе 12 илјади се цело богатство... Се согласувам дека парот треба да најде сам средства за издржување,
НО родителот е секогаш тука за своето дете. Не значи ако родителот ти помогне дека ти си паразит. Паразит си ако не работиш, бидејќи не сакаш, (овде не го сметам тоа што не може да се најде работа одреден период) и чекаш пари само од твоите. Не заборавај, секој родител го сака најдоброто за своите деца!
Од мерак седела со него! Колку треба да си луда за да му дозволиш на некој да те користи како боксерска вреќа?!
Според одговоров на темава претпоставувам дека си малолетна, 15-16 години. Кога ќе пораснеш ќе ја сфатиш тежината да бидеш родител!
Кажав јас лесно е да се солиш памет, коа не си осетил на своја кожа. Тоа е многу комплексна ситуација, за да се извлечеш од такви гомна, треба да имаш цврст карактер и ОГРОМНА подршка од пријатели или роднини, ако го немаш тоа батали. Башка надежта дека ќе се смени, или стравот кој и го има стаено у коски, не дозволуваат така трезно да се реши.
Ова ти е многу погрешно! Седни да поразговараш со твоите и ќе ти објаснат дека вака не функционира животот. ФАКТ е дека штом си влегол во брак треба да правиш компромис за на ДВАЈЦАТА да ви биде убаво, НО се` има гранинца! Во брак мислиш на своите деца, но и на себе, ако се изгубиш себе не си добра за никого! Лошото функционирање почнува кога партнерите забораваат кои се и почнуваат да глумат некои други.
П.С. Јас можам да приметам дека само за солење памет зборуваш. Ова е форум каде секој може да си го каже своето мислење. Штом не ти се допаѓа нечиво размислување тогаш го демантираш со докази, на тој начин не го спушташ нивото на дискусија. Немаш поминато ниту третина од својот живот, не знма што успеало толку да те разочара и да имаш вакви ставови за себе, па и за иднината. :smir: