Не е крај на светот, очекувано е и резултатски и играчки да паѓаме (иако сметам дека Барнли е само лош ден и дека формата ни е добра). Арно ама... Барнли, ваков Барнли, никаков Барнли, да не можеш да победиш бре. Претпочитам некој да не тресне асално, како Арсенал, знаеш дека си изгубил од екипа која знае да игра фудбал, криво ти е, ама ете - се случува. Ама да не успееш да победиш екипа чиј фудбалски концепт се базира единствено врз рогање на топката што е можно подалеку од својот гол, тепање до бесвест и чекање евентуален прекин преку кој би можеле да постигнат гол - фрустрација до таван!
И не само тоа. Ајде, ќе речеш не е воопшто лесно да се игра со вакви снагаторски екипи, особено на гостински терен. Но да не успееш да шутнеш во рамки на гол преку целиот натпревар, освен голот на Педро секако, е тоа е драги мои поразително и фрустрирачки, истовремено. Хитон немаше интервенција денес. Верувале или не.
Игравме лошо, до 20-та минута додуша, си игравме на ниво, притискавме високо, постигнавме гол, имавме посед и можевме да ја затвориме утакмицата уште во прво полувреме. Доколку не ја силуваа топката Хазард и Коста (ова го имам нагласено неколку пати сезонава, дури и кога победуваме, не ми се допаѓа тоа ,,со се топка во гол'', всушност и страшно ме нервира. А овие двајца претеруваат понекогаш). После примениот гол, потоп. Фудбал ала Ринија - Гостивар. И тие (ајде за нив тоа е карактеристично и нормално), ама и ние.
За поздравување е тајмингот на Конте со измените, конечно. Е сега уште да си остане доследен и да продолжи со она ,,не играат имиња, туку секој кој тоа ќе го заслужи'' и да седне неколкумина на клупа. И против Волвс и против Свонси на Стемфорд.
Пред се мислам на Хазард, Коста и Матиќ. Освен феноменалниот меч против Арсенал, од втората половина на декември, Хазард не игра како претходно. Дали е замор во прашање, дали влече некоја повреда, дали притисокот е постојано врз него, не знам. Знам само дека Хазард е печен за на клупа. На негово место веднаш треба да биде уфрлен Вилиан. Нека здивне, нека олади глава, па во најважниот дел од сезоната нека се врати нормален. Истото важи и за Коста. Последниве четири натпревари, или од појавувањето на шпекулациите за трансфер во Кина (не имплицирам ништо, но ете се поклопува) е лош. Даде гол со Хал, но да бидеме реални, не изигра натпревар на ниво. За со Ливерпул, исто. Згора на се, го промаши и пеналот (исклучително важен момент, понесени бевме од атмосфера и поминавме тукутака покрај тоа), против Арсенал незабележителен, а не е дека немаше корисни топки за него, денес дух. Без разлика што покажува Бачуаји на тренинзите, праведно е да го заземе неговото место. Едноставно е, Коста не игра добро, треба да биде заменет. Полошо од ова не може да е.
Матиќ... трубам некое време, а навистина немам ништо против човеков, напротив, еден од поомилените играчи на Челзи ми е. Духот од Микел како да е влезен во него. Бавна игра и во двата правци, не може да одземе топка на противнички фудбалер, без да направи фаул. Нетипично за него. Чалоба против Волвс на неговото место, Фабрегас против Свонси.
Да не го заборавам и Алонсо, кај него и дефинитивно највеќе се чувствува заморот. Денес беше 30 пати оставен буквално сам по лева страна, еден центаршут не погоди. Неколку пати и беше надвор од позиција во дефанзива (ситуацијата кога тој ропачот од Барнли излезе сам пред Куртоа, а овој одбрани со нога). Аке да улета на лев бек, да се освежиме малку.
Како и да е, иако практично играме на еден фронт, ротацијата е нужна. Конте мора да обрне внимание на овој сегмент, бидејќи во следниов период постои можност да ни се случат уште неколку Барнлиња. А разликата не е воопшто голема, да не се лажеме. Со победа утре, Сити доаѓа на осум бода од нас. Осум бода, во Премиер Лига, на 13 кола пред крај, мачкина кашлица. Затоа денешново реми го гледам како пораз. А го слушнав и Конте, мило ми е што го дели моето мислење (каква реченица, а?)
Уште нешто. Ја читав дискусијата и овде и во темата за ПЛ околу составите на топ 6 екипите и начекав сериозни, сериозни мислења од членови, дека Челзи има најсилен состав на хартија од сите екипи. Ха-ха-ха. Даајтее...
Конте вади максимум од тимов, море не да вади... во случај да освои Челзи трофеј/и сезонава, со оглед на околностите во изминатава година/година и половина, клубот ќе треба негова статуа да постави пред Стемфорд. Јас да ви кажам.
п.с се надевам дека тој гадниот Скот Барнс во скоро време ќе биде толку јако нагазен, што веќе нема да му текне фудбал да игра во животот.