Не е баш така, да имаа влада со 61 пратеник ќе се представеа како победници, вака победата мора да ја делат со некоја друга партија, во Арачиново, Липково и другата боранија ќе победат, ама во општините каде има големо Македонско гласачко тело Македонците одлучуваат, Грујо е по информиран и јавно се закани дека он одредува кој ќе победи во тие општини,
Го погледнав Тетово, ВМРО има исто, СДСМ има 4000 гласа повеќе, албанските партии 1000 помалку, вкупно 30700 (поголема е излезноста за 3000 гласа), ДУИ има дури 6000 помалку, ДПА е силна во Тетово не верувам дека ќе гласат за ДУИ, БЕСА би требало да биде противникот, да речеме +4к од СДСМ+ 4к од АА +плус да украде 10-20% од БЕСА и ДПА (толку е реалниот максимум, не верувам повеќе да изгубат) значи +3к и 11к ДУИ,
моја математика вели максимум 22к гласови за ДУИ во најмаксималното сценарио оптимално некаде 20-22к гласови, додека другиве би имале 13-15к албански гласови +8к на ВМРО и потенцијални +3к Македонски на СДСМ или 21-26к гласови.
Друго ако ДУИ не оствари некој голем ефект во гласови со платформата на локалните, убеден сум дека ќе ја бутнат владата, евентуално ако остане Села, а со 62 пратеници од кој неколкумина одат само на 6 месеци, собранието нема да изгласа ниту еден закон.
На сите тоа им е јасно, само на експертите од СДСМ не им е.
ВМРО одлично игра во моментот, ќе видеме како СДСМ ќе изигра.