Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Не и е проблемот тоа што треба да дадат или земат, проблемот е ДУИ што не знае што да прави, не му одговара влада со ВМРО, а уште повеќе со СДСМ, во калкулациите се и локалните избори, без гласовите на Македонците не може да победи во никоја од големите албански општини, а пораз на локалните во нестабилна влада со 59 пратеници (до 62-64, кој можат во секој момент да одкажат).

Затоа мое мислење е дека ќе се оди на нови избори со сегашните министри (СДСМ нема да биде опозиција), па таму ќе се обидат да вратат онаа што го изгубија и ќе мораат да го лижат на ВМРО за да победат во големите албански општини.

Тука има 2 сценарија, изборите да бидат со локалните, први круг и парламентарните, па потоа за 2 недели да мораат да се договорат за влада, ако сакаат подршка за втор круг (оваа опција повеќе му одговара на ВМРО), или да има избори за 2 месеци без локалните, па да се остави простор за калкулации.
..можда е најдобро да се прогласи голем одмор од барем десет месеци за соземање и рекрација...здиве народ , глава му бучи од политикава и загадувањево па заборави дека надвор над магливе политички и сонце свети, дека годинашнава пролет се очекува посебно добра реколта убави жени,а и плави се јадран таласа... :) :)
 
V

viktora

Гостин
Не и е проблемот тоа што треба да дадат или земат, проблемот е ДУИ што не знае што да прави, не му одговара влада со ВМРО, а уште повеќе со СДСМ, во калкулациите се и локалните избори, без гласовите на Македонците не може да победи во никоја од големите албански општини, а пораз на локалните во нестабилна влада со 59 пратеници (до 62-64, кој можат во секој момент да одкажат).

Затоа мое мислење е дека ќе се оди на нови избори со сегашните министри (СДСМ нема да биде опозиција), па таму ќе се обидат да вратат онаа што го изгубија и ќе мораат да го лижат на ВМРО за да победат во големите албански општини.

Тука има 2 сценарија, изборите да бидат со локалните, први круг и парламентарните, па потоа за 2 недели да мораат да се договорат за влада, ако сакаат подршка за втор круг (оваа опција повеќе му одговара на ВМРО), или да има избори за 2 месеци без локалните, па да се остави простор за калкулации.
Верувај,ДУИ многу добро знае што прави.Со кого и да коалицира доколку се потпише нивната платформа они секаде ќе испаднат победници.Секој предизборен митинг ќе им почнува и ќе им завршува како победиле со платформата.За нив е друг проблемот.Нема кој да им ја потпише.ВМРО неќе а СДСМ сака само појма нема како ќе ја исполни.
Така да работава е врвка.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Верувај,ДУИ многу добро знае што прави.Со кого и да коалицира доколку се потпише нивната платформа они секаде ќе испаднат победници.Секој предизборен митинг ќе им почнува и ќе им завршува како победиле со платформата.За нив е друг проблемот.Нема кој да им ја потпише.ВМРО неќе а СДСМ сака само појма нема како ќе ја исполни.
Така да работава е врвка.
Oва дали им го објасни ти на водството на ВМРО и СДСМ??
Дали знат тие?
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.186
Поени од реакции
3.433

Не е баш така, да имаа влада со 61 пратеник ќе се представеа како победници, вака победата мора да ја делат со некоја друга партија, во Арачиново, Липково и другата боранија ќе победат, ама во општините каде има големо Македонско гласачко тело Македонците одлучуваат, Грујо е по информиран и јавно се закани дека он одредува кој ќе победи во тие општини,

Го погледнав Тетово, ВМРО има исто, СДСМ има 4000 гласа повеќе, албанските партии 1000 помалку, вкупно 30700 (поголема е излезноста за 3000 гласа), ДУИ има дури 6000 помалку, ДПА е силна во Тетово не верувам дека ќе гласат за ДУИ, БЕСА би требало да биде противникот, да речеме +4к од СДСМ+ 4к од АА +плус да украде 10-20% од БЕСА и ДПА (толку е реалниот максимум, не верувам повеќе да изгубат) значи +3к и 11к ДУИ,
моја математика вели максимум 22к гласови за ДУИ во најмаксималното сценарио оптимално некаде 20-22к гласови, додека другиве би имале 13-15к албански гласови +8к на ВМРО и потенцијални +3к Македонски на СДСМ или 21-26к гласови.

Друго ако ДУИ не оствари некој голем ефект во гласови со платформата на локалните, убеден сум дека ќе ја бутнат владата, евентуално ако остане Села, а со 62 пратеници од кој неколкумина одат само на 6 месеци, собранието нема да изгласа ниту еден закон.

На сите тоа им е јасно, само на експертите од СДСМ не им е.

ВМРО одлично игра во моментот, ќе видеме како СДСМ ќе изигра.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Овој поголем експерт и од копилето бил бе. :pos:
Одлично играло Вмро. Маестрални потези имаат? :pos:
 
G

Goldie

Најголеми противници на коалицирање на ДУИ со ДПМНЕ беа баш градоначалниците на тие општини каде што ти викаш дека ДПМНЕ ќе одлучувал, ама они глупи се ти повеќе се разбираш :pos:

ДУИ знае дека ако формира влада со ДПМНЕ ќе изгуби многу, ќе изгуби зошто 90% од Албанците не го сакаат Груевски и ќе гласаат уште повеќе за БЕСА
ДУИ во моментов се двоуми помеѓу коалицирање со СДСМ и нови избори, ако го изберат првото има шанси да си добијат Албански гласови назад оти ете го откачиле Грујо, но од друга страна во тешки криминални зделки се влезени со ДПМНЕ па веројатно од таму ги притискаат да не прават влада и да им дадат уште една шанса со нови избори заедно со локалните..
Инаку факт е дека гласовите на СДСМ со евентуална влада со ДУИ многу полесно ќе се прелеат кај ДУИ во Албанските општини отколку тие на ДПМНЕ кон ДУИ

ДУИ може да изигра уште еднаш во корист на ДПМНЕ но тука и Заев има адут во ракавот а тоа се бомбите и сјо, кои може да го пратат ДУИ во опозиција на подолго време..
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.186
Поени од реакции
3.433
Најголеми противници на коалицирање на ДУИ со ДПМНЕ беа баш градоначалниците на тие општини каде што ти викаш дека ДПМНЕ ќе одлучувал, ама они глупи се ти повеќе се разбираш :pos:

ДУИ знае дека ако формира влада со ДПМНЕ ќе изгуби многу, ќе изгуби зошто 90% од Албанците не го сакаат Груевски и ќе гласаат уште повеќе за БЕСА
ДУИ во моментов се двоуми помеѓу коалицирање со СДСМ и нови избори, ако го изберат првото има шанси да си добијат Албански гласови назад оти ете го откачиле Грујо, но од друга страна во тешки криминални зделки се влезени со ДПМНЕ па веројатно од таму ги притискаат да не прават влада и да им дадат уште една шанса со нови избори заедно со локалните..
Инаку факт е дека гласовите на СДСМ со евентуелна влада со ДУИ многу полесно ќе се прелеат кај ДУИ во Албанските општини отколку тие на ДПМНЕ кон ДУИ

ДУИ може да изигра уште еднаш во корист на ДПМНЕ но тука и Заев има адут во ракавот а тоа се бомбите и сјо, кои може да го пратат ДУИ во опозиција на подолго време..
Ако прифатеше ДУИ влада со ВМРО, ќе ги изгубеше оти фондот на ДУИ+ВМРО е помал од останатите, но и фондот на ДУИ+СДСМ+уште некоја е помал на тој од БЕСА+ВМРО+некоја друга.

Затоа и кажав дека ќе се оди на нови избори, во ваква ситуација ДУИ ги губи градочалничките места без разлика дали биле со овие или оние,
но и ризикува во иднина да биде откачен од ВМРО во некоја идна влада.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.996
ВМРО одлично игра во моментот, ќе видеме како СДСМ ќе изигра.
Што игра? Пајдушко? Или новото, Александрово?
На нови избори, дете, дуи ќе иде у к***ц и голема е веројатноста нивните гласови да одат кај беса. Кај македонските гласови очигледно е дека е бетон, со тоа што постои поголема веројатност подобро да се групира опозицијата и да оформи поширок фронт со кој ни дпне ќе биде таков „технички“ (лузерски) победник, ниту дуи ќе може да уценува. Може беса да е партијата што ќе поставува ултиматуми, ама сигурноста дека со дпне нема никаков муабет да праат е многу голема. Не ви идат нови избори у прилог, повеќе војна ви врши работа и тоа на фамилијата, не на тебе, да имаат време и прилика да збришат од овде.
Набавете интервентна доза вазелин и стискајте г***т.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.186
Поени од реакции
3.433
Погрешно ја води државата веќе 8 години!
Тоа не беше проблем за да ги добие изборите!

Се освен влада со ДУИ во кој би прифатиле СЕ, му одговара на ВМРО.[DOUBLEPOST=1486986389][/DOUBLEPOST]
Што игра? Пајдушко? Или новото, Александрово?
На нови избори, дете, дуи ќе иде у к***ц и голема е веројатноста нивните гласови да одат кај беса. Кај македонските гласови очигледно е дека е бетон, со тоа што постои поголема веројатност подобро да се групира опозицијата и да оформи поширок фронт со кој ни дпне ќе биде таков „технички“ (лузерски) победник, ниту дуи ќе може да уценува. Може беса да е партијата што ќе поставува ултиматуми, ама сигурноста дека со дпне нема никаков муабет да праат е многу голема. Не ви идат нови избори у прилог, повеќе војна ви врши работа и тоа на фамилијата, не на тебе, да имаат време и прилика да збришат од овде.
Набавете интервентна доза вазелин и стискајте г***т.
НЕМА?

Ти мисли си така, кога парите и интересите се во игра и со ѓаволот ќе седнат да се договорат!
 
G

Goldie

Гостин
Ако прифатеше ДУИ влада со ВМРО, ќе ги изгубеше оти фондот на ДУИ+ВМРО е помал од останатите, но и фондот на ДУИ+СДСМ+уште некоја е помал на тој од БЕСА+ВМРО+некоја друга.

Затоа и кажав дека ќе се оди на нови избори, во ваква ситуација ДУИ ги губи градочалничките места без разлика дали биле со овие или оние,
но и ризикува во иднина да биде откачен од ВМРО во некоја идна влада.
Главното и значајно гласачко тело на ДУИ биле и ќе останат Албанците, а тие му дадоа јасна порака на Али Ахмети и раководството со кого не сакаат да го видат повеќе во влада.
Она што би го добиле од ДПМНЕ или СДСМ во поглед на гласови нема многу да се разликува во тоа сум прилично сигурен

Ризикува да биде откачен од ДПМНЕ во некоја идна влада ? :lolzz:
Па моментално ДПМНЕ се црна овца на политичката сцена, никој нема да сака да формира влада со нив ни сега ни на наредни избори а сами 61 никогаш нема да освојат
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.186
Поени од реакции
3.433
Да не заборавиме дека ДУИ кукаше во 2006г зошто биле оставени надвор од владата, па во 2008г немаа ништо против да се договорат,
така ќе биде и со БЕСА или било која партија, особено што морат да го лижат на ВМРО за локалните избори.[DOUBLEPOST=1486986673][/DOUBLEPOST]
Ризикува да биде откачен од ДПМНЕ во некоја идна влада ? :lolzz:
Па моментално овие се црна овца во политичката сцена, никој нема да сака да формира влада со нив ни сега ни на наредни избори а сами 61 никогаш нема да освојат
Така можеби изгледа, ама дали е навистина така незнам!
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Погрешно ја води државата веќе 8 години!
хе , ова ти го смисли , го слушна, некаде го прочита или како на гладна кокошка...ти се сони???:cool:[DOUBLEPOST=1486988408][/DOUBLEPOST]
Што игра? Пајдушко? Или новото, Александрово?
На нови избори, дете, дуи ќе иде у к***ц и голема е веројатноста нивните гласови да одат кај беса. Кај македонските гласови очигледно е дека е бетон, со тоа што постои поголема веројатност подобро да се групира опозицијата и да оформи поширок фронт со кој ни дпне ќе биде таков „технички“ (лузерски) победник, ниту дуи ќе може да уценува. Може беса да е партијата што ќе поставува ултиматуми, ама сигурноста дека со дпне нема никаков муабет да праат е многу голема. Не ви идат нови избори у прилог, повеќе војна ви врши работа и тоа на фамилијата, не на тебе, да имаат време и прилика да збришат од овде.
Набавете интервентна доза вазелин и стискајте г***т.
..гледам ја спомнуваш , а некаде начув дека беса ја финансира ердоган....точно или само лажна пакосна гласина.... :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom