Епа да споделам импресии.
Се паркирав тука, имаше место во 12 саат на пладне во сабота. Мислам дека платив 5 и пол евра за 3 саата паркинг.
https://www.google.com/maps/@40.6364454,22.9355473,211m/data=!3m1!1e3
Јадев во Brothers in law. Одлични и вкусни сендвичи, само малку „соленки“.
https://www.google.com/maps/place/Brothers in Law Thess./@40.6307997,22.9469777,403m/data=!3m1!1e3!4m5!3m4!1s0x14a8390133590cc7:0xafdff0fc30fae269!8m2!3d40.6307672!4d22.9475356
Од шопинг бев до Космос (не си купив ништо) и до Intersport продавницата што е до ИКЕА (си купив одлична маица за вежбање 10 евра). Бев и до Лидл (тој што е спроти ИКЕА) и таму потрошив 30-40 евра. Едноставно Лидл во Грција има многу повкусни работи од тој во Бугарија. Чок. млеко ГАЛПО e врвот, имаат една цаѕики салата (морав да ја сликам) што ми остана у устата од Лефкада минатото лето и која е превкусна
Crownfield житариците се исто оргазам (
https://www.lidl.de/de/crownfield/b2461 - земав Zimtinos, Choco Shells и Cereal Cookie), Меренда исто ми е супер крем и уште некои други работи.
Бев и до AB големиот (тој до Јуск) и од таму најдов Maltesers (Чоко Стоби Флипс е копирано од ова) и Cadbury чоколади, ама не најдов Mарс чоколадно млеко
@smole
Пошто на крајот на денот бевме таму и бевме утепани, ќе му посветам повеќе време на маркетов нареден пат, ми изгледаше топ снабден со производи.
Да сумирам - за Лидл фан (како мене) и за наоѓање на некои спефицични западни производи (претежно благи работи) во други маркети - Солун е супер место.
Но за шопинг - Софија врти кругови у широк лак околу Гејциве.....
Koсмос не е ни бледа сенка на Paradise Center. Има интересна надворешност и шмек со околните „украси“, внатре е потоп во избор на продавници. Не дека е лошо, во споредба со Парадајзов е ништо.
Би се вратил пак малку да се стопли, Штип - Дојран - Солун и обратно, плус таму што вртев ме фати некој километар помалце од 400км.