Чекај сега јас колку што се сеќавам ( ми е мака да ти го барам постот ама ако инсистираш и тоа ке го најдам ) ти уште во декември одма после изборите напиша дека треба да се формира техничка влада или така нешто слично. Од каде сега имам осеќај од твојот последен пост дека тоа и не е некоја добра идеја.
Ако ме прашаш мене за мислење јас сум строго против било каква техничка , консензулана влада или така некоја купусарија каде не ке се знае ни кој јаде ни кој пија ни кој плаќа. Си сакам најнормална политичка влада која после ке можеме лесно да ја покажеме со прст, име и презиме на мандатар и политички партии и да речиме тие се криви, тие прифатија, потпишаја, гласаја итн итн.
Многу ги мешаш поимиве некако. Може да сум рекол и нема ништо лошо у тоа. Институциите уште се блокирани. Штета што уште политичките функции така примитивно се перцепираат од политичарите, па не им се дозволува на непартиски луѓе да ги превземат на одреден период додека настане одблокирање. Тоа би било најдобро од причина што во услови на судења и прогони на криминал, носителот на извршната власт не би имал право да се кандидира на избори, а со тоа и нема да има таков мотив, туку технички ќе ја врши функцијата (за плата). Тоа нема да се случи - знаеме зошто. Можна е опција со влада како пред изборите, која ќе ја фаворизира Хан затоа што е во корист на криминалците околу нг, а истата знаеме колку лошо функционираше и нема причина тоа да не биде и понатаму така.
Имаше варијанта дпне да си се самореформира, т.е да го откачи гангренозното ткиво околу паторот, кое ја води во пропаст партијата и државата, ама за жал, затоа што дпне отсекогаш била партија околу која кружела помалку образована и помалку култивирана маса - тие не успеаа тоа да го надминат, туку напротив им даваат директна поддршка на истите. ЉуБчо кога го притиснаа да ја напушти власта т.е тераше тотално идиотска лоповска политика, си ги прибра од дпне сите криминални бараби, си ја формираше НП и дпне на следните избори победи - е ама кога му дојде ред на паторот тоа да го праи - послатки му се миљардите и тера инает ко магаре на мост. Тоа сепак беше надворешен инжињеринг кој требаше да донесе десничарска власт која ќе го смени името. Истиот е спроведен во Србија, со иста цел за Косово - ама тоа се други теми.
Има овде еден детаљ кој одамна сакам да го пишам - имено, сите такозвани „вмровци“ се крстат у таа таканаречена идеологија на македонизмот и тоа дека денешнава партија дпне е некаква негова артикулација, а слепо се крстат само во еден човек што е апсурд сам по себе. Сепак тоа се малку подлабоки анализи, кои тешко допираат до членството (како што горе напишав, заради неговиот очаен просек). Патриотизам е многу повеќе од љубење знамиња со вергини и паѓање во транс на нумери од Ванчо Тарабунов. К** ве заболе вас за држаава - влеговте у бубањот на пропагандата која е усмерена у вадење на врвот од партијата од г***а и цупкате по нивна песна. Сето ова го напишав за да ти кажам дека ќе покажев разбирање за партијата ако барем се обидише да извади нови ликови за формирање парламент и влада - и ќе и беше добитна комбинација, ама кој ви е крив. Немаше јас да гласам, ама може ќе пројдеше кај некои на кои не им е по кеиф тоа кокетирање на заев со Ш електоратот и ќе гласаа за дпне - искрено мене тоа лично најмногу ме нервира кај сдс.
Ете сдс и нека напраи влада, ако не го спроведува она што ти реков дека ми е најбитно - неселективна правда и санкционирање на секој огрешен на политичка функција - ќе бидеме тука и ќе видиш дека и нив ќе ги критикувам.
За одговорностите - голем стап. Одговараше бц? Одговараше љуБчо? Хари, мари? Или ти е битно дека во некоја книга или документарец ќе бидат оцрнети како „џелати и предавници“? Уште си ја тераат.
Мора првата голема глава да одлета за да не му биде сеедно на следниот и да си ја тера пак по свое.