Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Се сложувам речиси со се. Мислам дека го имам пишувано веќе ова ама ок. Бидејќи се работи за државна компанија процесот на продажба мора да биде транспарентен. Така што верувам дека оние што ќе испратат понуда ќе ја анализираат посебно НЛБ Македонија и веројатно тие проценки ќе протечат во јавноста така што мислам дека тоа ќе има добар позитивен ефект врз цената на нашата берза.
 
Не ми е јасно нешто. И покрај добрите резултати на Комерцијална Банка, некако цената не претрпе драстични промени. Искрено со очекувана дивиденда преку 200денари мислам е навистина добра опција, ама изгледа другите не мислат така :D
 
Ако се спореди со стопанска кој има 3 пати помала цена, а само 25% помала дивиденда, јасно ти е зошто нема некоја еуфорија
 
Ако се спореди со стопанска кој има 3 пати помала цена, а само 25% помала дивиденда, јасно ти е зошто нема некоја еуфорија

Стопанска подели дивиденда за 2 години затоа толкава сума, плус пејаутот беше над 90% ако не се лажам, за разлика од КМБ каде пејаутот е 50% од добивката.
 
Ќе оди Охридска на нето принос под 20 проценти
 
Знае ли некој да ми каже дали остварена капитална добивка од продажба на акции треба да се наведе во ГДП ? Знам дека не се оданочува до крај на 2018 но дали треба да се наведе во ГДП?
 
Знае ли некој да ми каже дали остварена капитална добивка од продажба на акции треба да се наведе во ГДП ? Знам дека не се оданочува до крај на 2018 но дали треба да се наведе во ГДП?

http://ujp.gov.mk/mk/prasanja/category/1377

22. ИМАМ ОСТВАРЕНО КАПИТАЛНА ДОБИВКА ОД ПРОДАЖБА НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ. ДАЛИ СЕ ОДАНОЧУВААТ ОВИЕ ПРИХОДИ И ДАЛИ ТРЕБА ДА СЕ ПРИЈАВАТ ВО ДАНОЧНАТА ПРИЈАВА?
Капиталните добивки остварени од продажба на хартии од вредност не се оданочуваат од 1 јануари 2013 година до 31 декември 2018 година и за истите немате обврска да ги пријавите во Годишната даночна пријава

За секој случај можеш да го консултираш и брокерот..
 
Ако продолжи блокадата на грчка граница, ОКТА уште 9 дена има резерви.. Како би се одразило на ОКТА на берзата?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom