- Член од
- 14 август 2006
- Мислења
- 45.710
- Поени од реакции
- 85.605
Каква врска има дали загадува дрвото или не, во услови кога депониите се дадени на италијанска мафија под концесија да согорува медицински и хемиски отпаад.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
@AlternativeF
Сега ме „ попаривте “. Јас цело време мислев дека сте лекар и многу очекував од Вас
Ништо .... Се извинувам ...
За ваква тема неопходни ни беа професионалци кој се разбираат во физиологија, анатомија и тн
Како некој други немаат гајле а пушат цел живот а растени се во околина каде активно се пушело од дедо прадедо и тоа качак без филтер напиша:
Многу се палите со тоа дека во минатото животот бил прекрасен а љуѓето демек живееле по 100 години.А реалноста е дека во минатото просечен животен век бил околу 40 години.Од фамилија со 12 деца преживувале 6-7 деца ,значи природна селекција.Единствена разлика е шо немале апарати за детекција на PM честички.Факт е дека родот Хомо го користи огнот од дрвото веќе 2 милиони години
Тоа е факт и тука не можеме ништо да оспориме.
Денес велиме дека дрвото создава ПМ честички кои биле штетни
Можно е
НО дали постои разлика во однос кој е составот на честичките
Поради тоа што е неоспорна вистина дека луѓето два милиони години го користат огнот од дрвото и живееле опкружени со пепел и чад, укажува дека луѓето природно имаат ефикасен одбрамбен механизам.
Ние не можеме да ги менуваме природните закони, само можеме ги проучиме
Ја ве замолувам да ја објасните физиологијата на белите дробови
Значи велат дека ситната прашина навлегува во белите дробови.
Што се случува ако во белите навлезе ситна прашина составена од
1. Силицијум диокси
2. Гликоза
3 Јагленород
4 Целулоза
Има ли разлика?
Дали има разлика ако навлезат материи кои се растворливи или нерастворливи во вода
Дали има разлика ако навлезат материи кои се биолошки разградиви или неразградиви
Дали би можеле да не информирате за ова
Значи барам не да ги потврдувате тврдењата на Зајко и Грујо, туку да објасните нешто што е неоспорна вистина: дека родот Хомо повеќе од два милиони години живее со огнот, чадот и пепелот од дрво.
Ете така алелуја, додуша требаше малце време, малце да се уклучи мозок за работите да станат појасни.Најдобри се паралелите со животот во камена доба, каде единствените токсини со кои луѓето се соочувале се животните кои ги јаделе, и чадот кој го дишеле. Се друго во споредба со сега, било горе доле СТАКЛО, живеле во далеку далеку по не токсично опркужување, па така чадот кој викате дека не е штетен - "не бил штетен" заради тоа што телото се борело само со него, сега - ако проштеташ надвор и како капак дојдеш дома и уште толку се надишиш не ти се пишува добро.
Така да теориите "дедоми ми ова јадел па ништо не му било" и "како порано живеле у споредба со сега и не им било ништо" се само една мизерна компарација, врати ги тие исти луѓе во оваа доба на масовно токсично опркужување и храна/пестициди/глупости и ќе видиш како ќе паѓаат како пилци - исто како нас.
Друга работа, во тоа време луѓето сеуште го немале изгубено генот - ензимот за синтеза на витамин ц - сами произведувале, ова ги правело по здрави и по отпрони од нас сега.
Или на кратко, споредбата е - тотално невалидна.
Исто одговор од погоре да не се повторувам. И исто прашање ? Сега што испадна кој е виновникот или кој е поголем проблем. Чадот од дрва со кој сме живееле векови и векови или општата загаденост на почвата со хербициди, пестициди, храната која ја јадиме хранета или одгледувана со хербициди,пестициди ,хормони и гмо, зачинета со уште еден куп зајакнувачи на вкусот, боја, мирис и што ли уште не.. Воздухот кој покрај чадот од дрва има уште безброј далеку поопасни хемикалии кои порано ги немало. Домови градени од вештачки материјали со господ знае какви долгорочни последици по нашето здравје. Ама не чадот од дрвата е крив , тој ни ебава матер на сите. Другото нема везе, така дојде времето.[DOUBLEPOST=1486584073][/DOUBLEPOST]... сосема точно!!!!!
но тие дедовциучествувале не неколку војни се калеле како челик, ја обработувале земјата станувајќи во 04 сабајле и јаделе и козјо сирење и качамак, а легнувале покрај невестите во топла постела без да се нервираат ал ќе има избори, ал Реал ќе победи и затоа на другата страна на вагата може да се става не цигари туку качак за што телото со добар имунитет и кален челик може да се справи, а не да споредуваш со денешнава младина која ни била војска, ниту може да дигне некој товар, ниту да копа ниту може да истрча 100 метра ако под газо нема велосипед или автомобил и секој ден легнува после полноќ во ниедно време дали преалкохолизиран,
препушен,
прејаден или преседен на Фб на компјутер затоа ги има сите тие работи што ги спомна оти нема здрава сопствена база за надоградба, а прашање и од какви родители е ,,направен,,што ДНК добива дополнително (секоја чест на малку исклучоци)...
тоа што спомнуваш за проблемот за затруднување е од домен на ,,нечување,, при сексуален однос,а богами најопасно при орален сексне знаеш што има твојот партнер/ка во уста, хпв вирус лом прави пренесувајќи се од еден на друг партнер што во денешно време дневно?неделно ?
се менува патнерот, а не како порано требало месеци да се бакнат или воопшто немале близок контакт додека не ќе се земале,
а со хпв вирус (папиломен човечки вирус) стерилитет загарантиран!
и пак ќе речам, во кујна каде има пиле во затворена рерна, а јас со затворени очи, мирисот ми иде во нос до нервните мозочни вијуги кои ми даваат до знаење дека се пече - пиле ! не можам да речам дека се пече риба кога ми мириса на пиле ! така и надвор, со затворени очи мирисот укажува на чад од домаќински огнови од дрва, струготини, гума, пластика не ми мириса на пиле![]()
Претходно прашав некој ама ете не ме удостој со одговор. Ете и тебе ке те прашам.Многу се палите со тоа дека во минатото животот бил прекрасен а љуѓето демек живееле по 100 години.А реалноста е дека во минатото просечен животен век бил околу 40 години.Од фамилија со 12 деца преживувале 6-7 деца ,значи природна селекција.Единствена разлика е шо немале апарати за детекција на PM честички.
1.тоа е затоа што ги игнорираш сите релевантни испитувања понудени низ неколку вакви теми.
2.формалното образование не секогаш е пресудно. Да се негираат приложени истражувања е нелогично.
Во секој случај скоро сите досега истражувања наведуваат на штетноста на чадот од дрвото.
знаења. Или регуларни анализи од регуларни институци.да ги поништам и да ги игнорирам сите други знаења.
Пред неколку дена јас ти дадов прецизна пресметка дека Топлификација троши 50% повеќе гориво
значи топлификација е најголемо зло на светот, ајде да ја укинеме. И сите оџаци нека чурат, бесз контрола, без филтри. Прашање е дали пречи загадувањето или цената од топлификација. Околните населби каде нема топлификација и многу сообраќај, каде се ложат само дрва, во нормални зимски вечери што значи "убава" смрдеа на чад. Годишно Македонија троши 800000-1200000 м3 дрва. Според просечен конвертер таа количина е отприлика 750.000 тони дрво ако не се лажам.ако се запре Топлификација
по иксти пат, "не е тоа некој пост" туку испитувања во институти и универзитети, со регуларни методи и приложени резултати, од стручни тимови. Навистина не правиш разлика од "пост" до научни испитувања или се зезаш? Опити во ентомолошка, микробиолошка, хемиска или биолошка лабораторија, практични процеси, реакции, титрирање...не би ги занемарил нивните резултати. А резултатите велат, чадот од дрвото е опасен за здравјето, реонско и централно греење и природен гас се многу помалку штетни.Ти ќе најдеш некој пост и велиш тоа е вистина.
знаења. Или регуларни анализи од регуларни институци.
значи топлификација е најголемо зло на светот, ајде да ја укинеме. И сите оџаци нека чурат, бесз контрола, без филтри. Прашање е дали пречи загадувањето или цената од топлификација. Околните населби каде нема топлификација и многу сообраќај, каде се ложат само дрва, во нормални зимски вечери што значи "убава" смрдеа на чад. Годишно Македонија троши 800000-1200000 м3 дрва. Според просечен конвертер таа количина е отприлика 750.000 тони дрво ако не се лажам.
по иксти пат, "не е тоа некој пост" туку испитувања во институти и универзитети, со регуларни методи и приложени резултати, од стручни тимови. Навистина не правиш разлика од "пост" до научни испитувања или се зезаш? Опити во ентомолошка, микробиолошка, хемиска или биолошка лабораторија, практични процеси, реакции, титрирање...не би ги занемарил нивните резултати. А резултатите велат, чадот од дрвото е опасен за здравјето, реонско и централно греење и природен гас се многу помалку штетни.
Не знам кај се движиш, можеби во Центар и не чадат оџаци, помини во приградскиве населби кај што се претежно куќи, па и згради во кои нема парно, и побарај куќа чив оџак не чади. Јас не викам дека тоа што чади доаѓа од дрва кои што горат, али се додека се палат огнови и постојат печки и шпориња кои служат за таа намена ќе се гушиме. Се додека проблемот со затоплување не се реши со централно греење и постои можност секоја ретарда да си дозволува што сака да пали и притоа да не одговара никако, ќе се гушиме.Македонски шуми не произведуваат дрво ни приближно колку што ти тврдиш
Кои се тоа населби каде се ложат само дрва?
Дрвата се многу скапи. За жал многу малку семејства се топлат на дрва
Јас ти дадов пресметка дека Топлификација троши повеќе гориво од сите автомобили во Скопје
Ти дадов пресметка дека не е можно ПМ четичките над Скопје да потекнуват од Скопје, а камо ли од печки од дрва. Тоа е математика на ниво на четврто оделение. Зарем е можно да не ја познаваш математиката ниту за четврто оделение?
Каде има такви кои се топлат на дрво?Не знам кај се движиш, можеби во Центар и не чадат оџаци, помини во приградскиве населби кај што се претежно куќи, па и згради во кои нема парно, и побарај куќа чив оџак не чади. Јас не викам дека тоа што чади доаѓа од дрва кои што горат, али се додека се палат огнови и постојат печки и шпориња кои служат за таа намена ќе се гушиме. Се додека проблемот со затоплување не се реши со централно греење и постои можност секоја ретарда да си дозволува што сака да пали и притоа да не одговара никако, ќе се гушиме.
А да, и упорно избегнуваш едно прашање, наведи една држава во свет која активно се бори да ги воведе дрвата ко единствен енергенс за затоплување, значи не поединци и буџевани со камини да ставаш, туку кај што државен орган како влада, парламент, претседател донеле одлука дека најдобро е од утре сите на дрва да се грееме и народот да е сосема ок со таквата одлука?
Помини во Ѓорче на пример, нема да згрешиш било кој дел од целата општина да го посетиш, животниот сон ќе ти се оствари да се надишеш свеж чад од дрва, талпи, оплата, партали, прегорено уље итн итн.
Сигурен си дека Австрија, Шведска, Германија, Финска исклучиво на дрва се греат? Дај кога веќе ги правиш математиките на темава извади и статистики, ама официјални, колкав е уделот на секој енергенс во затоплувањето на домаќинствата. Напомена - прај разлика помеѓу централно греење и спотнување ќумбиња и шпориња од домаќинства.