Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
кое СЈО ?? Ова што самите се избрани со нечист газ и педигре ?? Треба нови чисти луѓе,
Важно и ти гледаш дека на Македонија од животна важност е да се справи со криминалот кој го осакати народот и стопанството во последните 10 години.
Полека се разбудува свеста, ги снемува стравовите кај обичните луѓе дека ќе бидат отпуштени, уапсени, претепани па и ликвидирани ако премногу се распрашуваат за милијардите евра народни пари или кредити кој народ крваво ќе ги плаќа а кои ги снема по разни приватни компании и џепови[DOUBLEPOST=1486559942][/DOUBLEPOST]
Не водам јас такви полемики. Пресубјективни ми се, а треба да зборуваш со докази за тоа. Не дека сме наивни и не знаеме дека секој политички „естаблишмент“ аздиса... по пари, статус, моќ...
Точно знам како чусвуваш, ништо не им е свето го погазија сопствениот народ, историја традиција, без и ронка совест му го одзедоа правото да работи, твори, да диши... Му ја одзедоа слободата и достоинството ја злоупотребија и за свои лични цели ја искористија народната доверба.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.933
Поени од реакции
15.953
Им стало на американците за миљардите на Грујо. Него неговите миљарди не ставија нас во положба да прифаќаме се и сешто. Впрочем види го разговорот погоре зошто Заев уште не е уапсен :) Ради миљардите никад Грујо нема да дојде на власт, и име ќе смениме и некакви си измислени платформи ќе се прифатат во наше име. Пошто тој што треба да каже не, прљав му е гзот.
Дебилизмот е што некој лае дека изнесени пари со банкарски трансакции се криминални пари...па во тој прегледот имаше и за 2005 година и 2006 бајаги изнесени пари, зошто сдсм не понесе критика за тие пари ?? а и до 2005 се изнесувало ама банките не ги чувале податоците... патем сразмерно на становништво РМ не одскака од регионот.. а Грција има сигурно изнесено од државата 100 милиарди евра па никому ништо ... тие работи се за даноци, ескивирање на високи даноци со селење пари во даночни оази... не е тоа корупција, а има правила и закони ама и законски шуплини кај даноците..
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
За да се спроведе албанската платформа во дело треаб да се смени Устав. За да се смени Устав треба 81 пратеник. Значи и ДПМНЕ треба да гласа.
Ова е само едно големо шоу на сите партии. Уште од римско време го има ова со лебот и игрите. Само на народов се помалку му се дава леб, а игри колку сакаш.

п.с. интересно е зошто нема македонска платформа.
..хммм да не си нешто ти јанлаш??? Македонска платформа има најмалку век и кусур наназад , а држава со сите нишани од 1945 навака. Сакаш да кажеш дека платформи треба да се прават како ќе му текне на некој ?? Некои граѓани во Македонија кои се срамат од своето име , зошто инсистираат да бидат нарекувани по името на една држава која всушност на таблата кога влегуваш таму е напишана со подруго име... ( комплицирано е малку , ама јебига) се потполно слободни во своите фантазии веројатно под дејство на опијати кои ги дила ДЕА да си прават и психоделични проекции..и што сеа??? некој треба да се потресува заради тоа?? Ова е демократска држава, дури и можеби претерано демократска. Но навистина не гледам каква тоа македонска платформа треба да се прави... :) :) Ако нешти треба да се направи тоа е да се види како да се елиминира дивеењето на ДЕА дилерите овде, што патем е препорачано и во сите белосветски препораки за такви активности.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Точно знам како чусвуваш...
Историја, традиција.. менуваа „твоите“ во ’45 многу повеќе отколку сега. Сега повеќе се зборува и за други вистини, ама тоа е кај нас табу. И по „дифолт“ е бугарство. Тоа е како одбрамбен ѕид... „и зато другови... бугаре треба мрзети“.
 
Член од
19 мај 2012
Мислења
1.550
Поени од реакции
363
Онаа СЈО што си вработува по фамилијарна линија внуци?
Ке ја откријат Америка по втор пат само чекајте за едно десет години таман да си запослат све до трето колено....

Sent from my MI 5s using Tapatalk
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Историја, традиција.. менуваа „твоите“ во ’45 многу повеќе отколку сега. Сега повеќе се зборува и за други вистини, ама тоа е кај нас табу. И по „дифолт“ е бугарство. Тоа е како одбрамбен ѕид... „и зато другови... бугаре треба мрзети“.
то со бугари е вечно.
Тие се покажаа како најголеми душмани на Македонија и Македонците уше од ко се довлечкаа овде од азија пред 700 години па се до ден денешен
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.933
Поени од реакции
15.953
Треба да се направат темелни истраги, па да се утврди точната бројка, ти велиш дека ни денар не украден јас мислам дека се во прашање милијарди па и десетици милијарди евра. Очигледно е дека постои потреба за Специјално обвинителство кое ќе стави под лупа сите владини трансакции, провизии набавки тендери за да дојдеме до точната бројка.
СЈО нема врска од економија, тие што се таму се само партиски послушници на СДСМ.. покренаа постапка за тендерот на Бетон за музеот, а кој всушност беше наефтин бидејќи таму му биле на Бетон сите машини и опрема и ги завршил и дополнителните работи, а кој друг да дошол да работи ќе било барем 30% поскапо и ќе се доцнело ...
појма се нема од тоа што е штета, кај тендер, се меша дали воопшто требало да се гради Скопје 2014 со поимите за корупција... а всушност целата борба за власт, со милениуми е за привилегии и богатење, а што е и нормално ... истите тие што лајат лаеја и против социјализмот и комунизмот бидејќи немало приватна сопственост...
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Дебилизмот е што некој лае дека изнесени пари со банкарски трансакции се криминални пари...па во тој прегледот имаше и за 2005 година и 2006 бајаги изнесени пари, зошто сдсм не понесе критика за тие пари ?? а и до 2005 се изнесувало ама банките не ги чувале податоците... патем сразмерно на становништво РМ не одскака од регионот.. а Грција има сигурно изнесено од државата 100 милиарди евра па никому ништо ... тие работи се за даноци, ескивирање на високи даноци со селење пари во даночни оази... не е тоа корупција, а има правила и закони ама и законски шуплини кај даноците..
...дебилизмот е во една друга насока:


..имаме ситуација каде моментално 20 избрани граѓани кои се срамат од своето име, ебат 100 други избрани у Собрание. Спомнатиот дебилизм е што на пола од тие 100 им е фино и слатко стенкаат во очекување да се зачне тоа мутантот кој заедно со поводаџиите, кумите и држачите на фенери од "меѓународната заедница" и другите слични..со нетрпение го очекуваат. Ако пак го загледаш тоа главниот јебач од кај француски гробишта кој тоа сега го прави од илегала, можеш да претпоставиш каков буљаш ќе се добие...
 
V

viktora

Гостин
ВМРО-ДПМНЕ со детали како се одвивале преговорите со ДУИ: Не поради СЈО, туку поради Платформата не дојде до договор со ДУИ

republika.mk/727670

И официјално зошто пропаднале преговорите со ДУИ.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Околу СЈО напаѓате со повеќе слабо издржани тези: прво дека не работи, а зема пари (големи ви се гледаат многу, а миљардите у фамилијата ви се п****н дим), после дека е неуставно, па дека прави само обвиненија против дпне, па последно дека воопшто не било истото пречка да се споите во еден инцест брак на дпне со дуи, туку фамозната платформа.
Факт е дека СЈО постојано работи, ги прегледува, преслушува материјалите од преслушкувањето на братучедите и по сознанија од нив се обидува да влезе во институциите кои се де факто сеуште окупирани од луѓе на фамилијата (уценети или доброволно не е важно). На СЈО во моментов му е потребна соработка со другите институции, посебно со судот.
Уставноста до сега ќе беше оспорена ако имаше можност. Што е во прашање не е познато, барем не јавно - меѓутоа е некој бетон очигледно, затоа што е најсилен џокер, кој до сега можеше да биде покренат. Или нема доволно судии во советот или им е кажано нешто многу лошо на истите.
Провидноста на стравот на фамилијата од СЈО најсилно доаѓа до израз во тоа што во самата ДУИ има поделеност очигледна на про и контра аљи фракции. Сервилноста на комитско-учкарското лоповско удружение едни кон други откажа на пониски нивоа што и беше очекувано, дури се зборува дека не се само тројца пратеници на ДУИ контра-СЈО, туку повеќе. Паторот и порано си докажа дека прв негов приоритет е тој психопатолошки брак со екс-учк, екс-балисти и убијци на македонски војници. Тој ги амнестираше, тие на него му го дадоа Диво Насеље, тој на нив Кале, тие на него Смилковско....човекот само за свои лични и политички потреби си испоигра и им се иске*а на судбините на многу луѓе, најмногу Македонци. Така што најприродно е денес еден малку свесен човек да очекува дека на истиот око не би му трепнало да прифати се', затоа што и порано се покажал како крвник.
Жално е за државава, тргањето на овој човек со неговото бескичмено опкружување да се должи на „совеста“ (или којзнае што е) на пратеници на ДУИ. Требаше самиот народ конечно да сфати со кого си има работа и немаше ни да дојде до ситуацијава со уцени, платформи и фамозните федерализации и јазици кои тој ги пушти во промет како закана, а станаа реалност.
Во денешното соопштение дпне веќе и ретерираат дека веројатноста за формирање влада на сдс е поголема и најверојатно се крстат во бившиот вработен во фирмата на см - Хан да им ги спаси газињата барем уште едно анално лето да истераат на Халкидики, а до тогаш да ја тормозат државава со некаква техничка, експертска, широка или не знам каква влада која и понатаму ќе не влече во амбис. Ако не успее тоа, небањатите ќе мора на улица во Скопје да ја бранат фамилијата, што им иде у прилог, нема да бидат гладни.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
СЈО нема врска од економија, тие што се таму се само партиски послушници на СДСМ.. покренаа постапка за тендерот на Бетон за музеот, а кој всушност беше наефтин бидејќи таму му биле на Бетон сите машини и опрема и ги завршил и дополнителните работи, а кој друг да дошол да работи ќе било барем 30% поскапо и ќе се доцнело ...
појма се нема од тоа што е штета, кај тендер, се меша дали воопшто требало да се гради Скопје 2014 со поимите за корупција... а всушност целата борба за власт, со милениуми е за привилегии и богатење, а што е и нормално ... истите тие што лајат лаеја и против социјализмот и комунизмот бидејќи немало приватна сопственост...
а од кај да знаеме дека ќе бил поефтин? зато шо му е даден тендер противзаконски нелегално и вон правен систем на република Македонија?


врз тој основ можеш да го правдаш и министерот за здравство за сите тие починати деца и луѓе поради катастрофалната состојба во болниците со лекови и опрема “Е де и така еден ден ќе умреа“, можеш да правдаш и министерка за култура за стотици милијарди евра вредни артефакти исчезнати во нејзин мандат и под нејзино раководство “Е де и така тие не беа толку милениуми ископани па сега ни фалеле“ исто можеш да правдаш и премијеро за милиони евра народни пари дадени за луксузи и лимузини “Е де има и поскапи возила и наочари поскапи и поскапи палати и поскапи накити.. можевме и полошо да поминеме“
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.005
Државата е партизирана и речиси и да нема судија, обвинител, инспектор... кој би се осмелил нешто да превземе против власта.
Обвинител е должен да постапува и по муабет слушнат некаде, и по напис во весник, и по изјава дадена на ТВ....
Кога се појавија бомбите, кога се дадоа јавно изјави дека постојат сомнежи за направени тешки криминали во власта, ЈО треббаше да се ангажира со полна пареа и да ги истражи тврдењата, да повика на разговор, да провери наводите искажани на снимките, да повика сведоци да отвори истраги....
Ние сме сега на ниво на некоја јужно америчка држава каде ни судија ни полицаец ни обвинител не смеат да се интересираат за бизнисите на локалните мафијашки босови и нивни организации.
Единствено некој кутар грев таму на кој му е дојдено преку глава од тоа може да земе чифте и сам да почне да дели правда, али тогаш и мафијата и полицијата ќе бидат против него.
То се случува и овде, единствена организација на која и е дадена задача да се бори против криминалот на власта е сопиран на секој можен начин и на секој чекор од страна на судии на политичари на началници на полиција на ДБК и самите тие се на удар и од власта и од судство и од обвинителство...
Od plavite kopuci da postapuvaat selektivno i ja pravat istata greska kako crvenive kopuci
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Od plavite kopuci da postapuvaat selektivno i ja pravat istata greska kako crvenive kopuci
Сите партии се сложија СЈО да постапува селективно, то ест да истражува само случаеви на криминалите на власта кои произлегоа од страна на нелегалните снимки на странските служби.
За се друго си е тука ЈО кое не смееше да гиба ви тие случаеви.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.005
Зато над 800.000 Македонци заминаа од овде за секогаш, ни работа ни плата ни здравје ни безбедност а сега ни опција за која би гласал за да се поправат тие работи
od 400k pa 600 za na kraj od rakav da izleze 800k
Koj vi gi polni glavvite so sarlatanski informacii
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom