Околу СЈО напаѓате со повеќе слабо издржани тези: прво дека не работи, а зема пари (големи ви се гледаат многу, а миљардите у фамилијата ви се п****н дим), после дека е неуставно, па дека прави само обвиненија против дпне, па последно дека воопшто не било истото пречка да се споите во еден инцест брак на дпне со дуи, туку фамозната платформа.
Факт е дека СЈО постојано работи, ги прегледува, преслушува материјалите од преслушкувањето на братучедите и по сознанија од нив се обидува да влезе во институциите кои се де факто сеуште окупирани од луѓе на фамилијата (уценети или доброволно не е важно). На СЈО во моментов му е потребна соработка со другите институции, посебно со судот.
Уставноста до сега ќе беше оспорена ако имаше можност. Што е во прашање не е познато, барем не јавно - меѓутоа е некој бетон очигледно, затоа што е најсилен џокер, кој до сега можеше да биде покренат. Или нема доволно судии во советот или им е кажано нешто многу лошо на истите.
Провидноста на стравот на фамилијата од СЈО најсилно доаѓа до израз во тоа што во самата ДУИ има поделеност очигледна на про и контра аљи фракции. Сервилноста на комитско-учкарското лоповско удружение едни кон други откажа на пониски нивоа што и беше очекувано, дури се зборува дека не се само тројца пратеници на ДУИ контра-СЈО, туку повеќе. Паторот и порано си докажа дека прв негов приоритет е тој психопатолошки брак со екс-учк, екс-балисти и убијци на македонски војници. Тој ги амнестираше, тие на него му го дадоа Диво Насеље, тој на нив Кале, тие на него Смилковско....човекот само за свои лични и политички потреби си испоигра и им се иске*а на судбините на многу луѓе, најмногу Македонци. Така што најприродно е денес еден малку свесен човек да очекува дека на истиот око не би му трепнало да прифати се', затоа што и порано се покажал како крвник.
Жално е за државава, тргањето на овој човек со неговото бескичмено опкружување да се должи на „совеста“ (или којзнае што е) на пратеници на ДУИ. Требаше самиот народ конечно да сфати со кого си има работа и немаше ни да дојде до ситуацијава со уцени, платформи и фамозните федерализации и јазици кои тој ги пушти во промет како закана, а станаа реалност.
Во денешното соопштение дпне веќе и ретерираат дека веројатноста за формирање влада на сдс е поголема и најверојатно се крстат во бившиот вработен во фирмата на см - Хан да им ги спаси газињата барем уште едно анално лето да истераат на Халкидики, а до тогаш да ја тормозат државава со некаква техничка, експертска, широка или не знам каква влада која и понатаму ќе не влече во амбис. Ако не успее тоа, небањатите ќе мора на улица во Скопје да ја бранат фамилијата, што им иде у прилог, нема да бидат гладни.