Велија доби затворска казна заради прекршување на законите. А1 никој не ја затвори, престана да работи бидејќи немаше финансиер. Не мораше да згасне ако некој го преземеше нејзиното финансирање.[DOUBLEPOST=1486542702][/DOUBLEPOST]„Преговорите“ на ДУИ со СДСМ, па и претходно со ВМРО ДПМНЕ како целина го размислувам не само како активности на ДУИ за формирање на влада, туку (многу повеќе) како предизборна тактика и стратегија за следни избори. Сега мора да врати многу изгубени гласови. ВМРО ДПМНЕ не му е конкурент за гласови. Беса, ДПА, Алијансата.. да, СДСМ да. Целта е како голем број од гласовите на СДСМ да ги врати назад, а и голем дел од другите гласови на албанците да ги придобие. Како? Со „албанска национална игра“. Сега мора СДСМ да го прикаже како не баш „проалбански“. СДСМ има жежок костен, ако ДУИ опстане на реториката дека ќе формираат влада со СДСМ само ако тие ја прифатат платформата. Ако СДСМ ја прифати, кај македонците ќе биде „анатемисана“. Ако не ја прифати, ДУИ ќе поентира прикажувајќи го „проалбанството“ на СДСМ како „фарса“, а при првиот чекор се откажажува. Затоа на ВМРО ДПМНЕ му „одговара(ше)“ да „не се договори“ со ДУИ.
Ова се мои размислувања, ниту цитирам, ниту парафразирам некој „аналитичар“.