Јас се извинувам доколку сум нејасен.
Затоа сум тука да пробам да одговорам на сите прашања и нејаснотии.
Во врска со аматерствтово, дефинитивно сум аматер.
Така и дојдов до ова, да бев способен да направам нешто со парите немаше де се понудам да ги дадам на друг да ги работи. Јас сум свесен за своите недостатоци. Свесен сум дека сум аматер и неспособен за водење бизнис.
Спремен сум да инвестирам до 50 000 евра.
Бизнисот немора да е во МК.
Под 'партнерство' на некој соработник со кој ќе имаме добра комуникација. Некој што има добра идеа, знае (и може) да ја реализира, тоа што му недостасува се пари.
Непланирам да му кажувам што да прави, доколку знаев што треба да се прави, ќе барав да го вработам. Немислам да изигравам нечиј шеф. Затоа кажувам некој со кој ќе ни тргне муабетот. Мојата замисла е доколку некој е заинтересиран ќе одиме во некое кафанче ќе си седниме како луѓе јас ќе го запознаам него, тој мене и ќе видиме кој се неговите идеи ставови што според него би можело што не би можело и така натаму...
Неможам да ги дефинирам сите работи, тоа би било разговор меѓу нас, колку што зависат работите од мене исто толку зависат и од тој на другата страна...
Не очекувам дека тука на форумот ќе се договориме, но сакам да дадам опција која ќе ја слушат повеќе луѓе па можеби некој знае некого што има супер идеа, но ете го кочат инвестициите и така натаму па ќе одствариме контакт...
Во врска со заработката, ја пишав математиката:
Парите се во банка со камата од 2 %.
Со една проста пресметка доаѓаме до тоа дека јас добивам некаде ~5000 мкд месечно.
((50000*2/100)/12)*61
Во превод за да сум среќен ќе треба тој бизнис што би го правеле мене ми генерира во просек некои ~12 000 мкд месечно. (или 5%).
Во врка со профитот секако дека јас ќе очекувам некаква добивка, не би ги фрлил само парите. Но немам големи очекувања, посебно не на почеток. Јас сум многу флексибилен на таа тема, договорот околку тоа многу зависи и од самиот бизнис. Ако планот е да купиме телиња во некое село и да растат па по 1 год да се продаваат (нели со поголема тежина)... ваљда договорот би бил некаков процент од добивката. Се разбира многу многу помал за мене одколку за тој што би го работел тоа, што би се ценкал на пазар да ги продаде, што ги ранел секој дневно и така натмау. Јас би ја платил таа храна, не некој треба секојдневно да ја дава. Сигурно во таков модел не би добивал ништо на месечно ниво, туку некаков договор на крајот.
Доколку некој е супер добар фризер, но нема пари и храброст да ризикува со купување опрема, кирии за дуќан (или негово купување) и така натаму, а верува во себе дека тој ќе има многу задоволни муштерии и така натаму ваљда во тој случа би добивал некаков процент на месечно ниво од одстварената добивка....
овие неколку примери онака ги споменувам хипотетички, неможам да кажам како би било, зависи од другиот и од типот на бизнисот. Но тука сум да пробам да одговорам на секое прашање.
Најблиску до сега што би можел да направам е да инвестирам во стан и да го издавам, да се бафтам со кираџии и тн. И ако не најдам друго ваљда тоа ќе бидни. Но има нешто во мене што ми кажува дека животот е прекраток за да не се проба нешто поинтересно.