Не ти раскажувам за талент, туку за личност. Уметничка душа која попусто сака да се откаже од тоа. Никогаш нема да успее. Како и да се промени карактерот на некого. Ќе ти раскажам нешто лично. Нешто што мене ми се има случено (многу слично на она што ти го раскажав).
Јас себе си се доживувам како човек кој требало да живее 400 години порано, во времето на романтизмот и експресионизмот. Времето кога чувствата и експресијата на истите ги водело луѓето и уметниците. Јас сум некој кој на чувствата им дава големо значење и истите ги смета за нешто кое е благородно.
Пред некое време живеев во заблуда. Се обидував да се сменам, да бидам груб кон луѓето, да не ги почитувам, да ги осудувам, да не ги сфаќам што чувствуваат...патем сакав да не чувствувам. Сакав чувствата да не ме водат во се`. Сакав да бидам некој друг. И бев некој друг. Но знаеш колку време? Се` додека еден ден не ми здодеа да се преправам. Се` додека не сфатив дека всушност само се измачувам така. Тогаш пак почнав да го гледам светот како Јас. Додека бев таков многумина ми се восхитуваа, девојки ми доаѓаа на тацна, имав мноооогу познаници. Ама тоа не бев јас. Јас не сакам да имам девојки секоја вечер. Не сакам да имам многу познаници. Не сакам да сум во близина на многу луѓе. Не сакам ми се восхитува некој. Сакам да чувствувам. Сакам да знам да бидам она што сум.