- Член од
- 14 јуни 2009
- Мислења
- 147
- Поени од реакции
- 21
карактер неможам да сменам и да сакам...а би се потрудил да сменам некое свое гледиште или навика ако видам дека на некој што му значам му смета истото...да речеме дека би направил одстапки
Ти мислиш дека си се сменила, но во себе си знаеш дека не си се сменила. Можеби само некој моментално влијаел на некои твои одлуки, но сигурно не си се сменила. Ќе знаеш кој те сака само ако бидеш она што си вистински. Некој кој ќе те сака ќе знае да ја почитува твојата личност и нема да сака да ја промениш.Јас се сменив за таа личност што мислев дека е исклучителна и на крај си завршив со нож во грб. Сега не се менувам за никого кој ќе ме сака ќе ме сака таква каква што сум а не да ми поставува услови што треба да променам па и толку да ме сака нека се смени тој за мене.![]()
Промената на што може да донесе надградба? Промената на личноста? Тоа не се менува. Останува трајно засекогаш. Само можеш да го прикриеш пред некого, но кога-тогаш ќе ти дојде преку глава да ја криеш вистинската личност. Тогаш е гадно што ќе изгубиш многумина, многумина ќе разочараш...но тогаш барем ќе знаеш дека луѓето што ќе ти останат те ценат како личност. И не вреди да пробуваш да се смениш поради некого, и онака нема да успееш.За некоја исклучителна личност, можеби и би можела.
Не затоа што така ќе одлучам, напротив, затоа што таков ќе биде природниот тек на настаните.Навистина би било трагично ако останам истата личност цел мој живот, зошто само промената може да донесе надградба.
Карактерот на личноста не е издлабен во камен и фала му на Бога што е така, напротив се молдира со текот на годините, искуствата, знаењето кое што може да се стекне носејќи погрешни и правилни избори и да, запознавајќи луѓе кои што со своето присуство влијаат врз градењето на истиот тој карактер.Промената на што може да донесе надградба? Промената на личноста? Тоа не се менува. Останува трајно засекогаш. Само можеш да го прикриеш пред некого, но кога-тогаш ќе ти дојде преку глава да ја криеш вистинската личност. Тогаш е гадно што ќе изгубиш многумина, многумина ќе разочараш...но тогаш барем ќе знаеш дека луѓето што ќе ти останат те ценат како личност. И не вреди да пробуваш да се смениш поради некого, и онака нема да успееш.![]()
Јас и ти зборуваме за различни работи. Можеш да се смениш во смисол да бидеш помудар и да научиш да бидеш пострплив, да научиш како да постапуваш во одредени ситуации и сл. Ама никогаш нема да успееш да го промениш она што си ти. Она што е во тебе. Ако ти си личност склона кон експериментирање (ова е онака само пример, не велам ништо конкретно за тебе) колку и да бидеш мудар, паметен и не знам што, ти ќе експериментираш и колку и да се обидува некој да го смени тоа од тебе, нема да успее. Можеби ќе успее моментално, или можеби ти ќе успееш да помислиш дека се променуваш. Но кога ќе ти здосади и ќе ти зоврие пак ќе почнеш да експериментираш. Јас не зборувам за промена во смисол на мудрост, созревање, учење на вистински вредности, туку за промена на нешто вродено.Карактерот на личноста не е издлабен во камен и фала му на Бога што е така, напротив се молдира со текот на годините, искуствата, знаењето кое што може да се стекне носејќи погрешни и правилни избори и да, запознавајќи луѓе кои што со своето присуство влијаат врз градењето на истиот тој карактер.
Јас во ниту еден момент не зборував за криење на себе, тоа го прават кукавиците и манипулаторите кои што се мразат себе, не вистинските луѓе.Да се запознае некој, некои луѓе кои што вредат за да надградиш себе, во тој случај можеш да се сметаш за среќен човек затоа што ги познаваш.
Патем, се што се сака се може, крајно ако не си моќен да се смениш себе, како би менувал било што друго?![]()
Токму така, има за што да се дискутира и токму тоа го правиме, дискутираме.Јас и ти зборуваме за различни работи. Можеш да се смениш во смисол да бидеш помудар и да научиш да бидеш пострплив, да научиш како да постапуваш во одредени ситуации и сл. Ама никогаш нема да успееш да го промениш она што си ти. Она што е во тебе. Ако ти си личност склона кон експериментирање (ова е онака само пример, не велам ништо конкретно за тебе) колку и да бидеш мудар, паметен и не знам што, ти ќе експериментираш и колку и да се обидува некој да го смени тоа од тебе, нема да успее. Можеби ќе успее моментално, или можеби ти ќе успееш да помислиш дека се променуваш. Но кога ќе ти здосади и ќе ти зоврие пак ќе почнеш да експериментираш. Јас не зборувам за промена во смисол на мудрост, созревање, учење на вистински вредности, туку за промена на нешто вродено.
Ако пример ти се интересираш за уметност и си уметничка душа која постојано си ја бара својата инспирација, колку и да се обидуваш нема да успееш да се смениш. Привремено да, но до кога? Додека не почне личноста во тебе да врие и да се бунтува од тоа што се обидуваш да ја поттиснеш да дојде до израз.
Мислам дека се сфаќаме, нели? Ако не, слободно пиши ми на профил за да не ја уништуваме темава која сметам дека е преубава и лежи доста дискусија![]()