red baron
sad but true
- Член од
- 3 ноември 2012
- Мислења
- 960
- Поени од реакции
- 825
Е. Галкина. Кон прашањето за улогата на Велика Бугарија во етнополитическата историја на Источна Европа.
Studia Slavica et Balcanica Petropolitana. 2011.
Цитати плус некои појаснувања и корекции
''Не подлежи на сомнеж големата улога на подоцносарматските и други ираноjaзични племиња од Источна Европа во формирањето на средновековната бугарска државност.''
Нема како да е поинаку бидејќи самите прабугари се дел од подоцносарматските племиња.
''Археолошката култура на Првото бугарско царство се развива во голема мера на сарматски темели.''
Не треба коментар. На сите археолози им е добро познат факт.
''Краниолошките серии (од прабугарски некрополи во Дунавска Бугариja) се слични со оние од сарматските некрополи во Северен Кавказ.''
Па тоа е е нормално откако јадрото на прабугарите - главното царско племе Уногундури е населувало токму Северезопаден Кавказ (околу бреговите на реката Кубан и Азовско Море).
''Пенковската култура е хетерогена'' ...''Во денешно време повеќето историчари сметаат Пенковската култура за словенска и поконкретно на племенскиот сојуз на Антите.''
Самиот етноним Анти не е словенски. Антите се племенска унија од сармато - алански и словенски племиња.
''Тајна за изучување на Пенковската култура се јавува Пастирската населба (Пастырское городиште) на Днепар каде се откриени металуршки и керамички традиции кои немаат словенски корени. Во овоj археолоши локалитет се пронајдени 4 градби во форма на jурти и 6 полуземлjaнки кои немаат словенска припадност. Овие станови имаат директни аналози во куќички од Маjaцката населба оставени од Алани или блиски до нив етноси.''
Близките до Аланите етноси се Бугарите кои заедно со Аланите и Хазарите се во основата на Салтово - маjацката археолошка култура.
''Аналогии на пастирската керамика биле пронајдени не само во Салтово но и во Молдавија и во Бугарија (во Плиска столица на Дунавска Бугариja)'' ... ''В. В. Седов утврдува дека формирањето на Антскиот племенски сојуз e врз основа на асимилирано ираноjaзично население што е останато уште од Чернjaховската култура (но таквата асимилација на овој ирански компонент не се следи што зборува за можно мирен соживот).''
Иранскиот компонент всушност е сармато - алански кој особено не е чисто ирански зашто тука улога имаат и тохарски племиња кои мигрираат од земјите на денешна северозападна Кина кон Кавказ. Дел од оваа компонента (тохарската) се Бугарите, заедно со сродните Хазари и Берсили.
''Блиската интеракција на локалните уседнали жители по реката Дњепар со номадите од Северното Црноморие е докажано археолошки од материјалите на О. М. Приходнjук кој претпоставува дека овие поволни мирни сојузнички односи се утврдени во хронолошките и територијални рамки на Велика Бугариja VII в.''
Велика Бугариja e племенски сојуз доминиран од племето Уногондури што во овој момент потчинува Савирите (предците на Чувашите), Котрагите, Уногурите, Берсилите. Аланите во Централен Кавказ и Хазарите по источните делови на Кавказ и бреговите на Каспиското Море задржуваат својата самостојност и влегуваат во сојузни односи со Авари и Турки. Овие сојузи се насочени против бугарската држава и доведуваат до нејзиниот крај. Главното племе Уногундури предводено од Аспарух напушта Северозападен Кавказ и доаѓа кон Балканот.
''Пастирската култура има континуитет во Дунавска Бугариja - во Плиска, Добруџа, Разделна. Исто така таму се присутни и словенски артефакти поврзани со Пенковската култура Тоа дава основа на бугарските историчари да сметаат дека словенски и сармато - алански племиња од Дњепар од териториите на Велика Бугарија мигрираат на Дунав заедно со племето на Аспарух. Општо земено податоците од археологијата и антропологијата зборуваат дека хунските туркоjaзични елементи се мал дел од мигрантите на Дунав.''
Тука авторката греши како става Бугарите во групата на ''хунските туркоjaзични елементи''. Самите Бугари се дел од сарматските племиња од Кавказ, пред сè од тохарската комппонента на сарматите заедно со Хазарите и Берсилите. Хуните пак воопшто не се Турки, но тоа е друга тема.
''Етничкиот елит во Велика Бугарија бил се разбира бугарски. Но главното е огромното значење на Велика Бугарија за формирање на етничкиот идентитет на племиња, кои биле дел од нејзината структура. Едни успеале да задржат етничкиот си идентитет други вероjaтно после распадот на племенскиот сојуз прифатила етнонима на неговиот елит - Бугари.''
''Судејќи според археолошките податоци Бугарите на Дунав предводени од Аспарух припаѓале главно на северноирански и словенски племиња.''
Под северноирански треба да се разбира сармато - алански племиња.Северноирански не е точна и целосно коректно дефиниција за Сармати и Алани бидејќи во нивната комплексна етногенеза влегуваат и тохарски племиња заедно со Jaси (наследници на азиските Усуни - Wusun, познати во античка Европа како Jaзиги, предци на денешните осетинци кои се нарекуваат сами себе Аси, Оси) и Масагети.
http://suzhdenia.ruspole.info/node/3546#_ftnref47
Како заклучок може да се изведе дека соживотот меѓу Бугари и Словени при очигледна политичка и воена доминација на Бугарите не било нешто ново и непознато за двата народа.
https://ru.wikipedia.org/wiki/Пеньковскаја_культура
http://www.archaeology.ru/Download/Tretyakov/Tretyakov_1971_Chto_takoe.pdf

Последно уредено: