Самоубиство!

  • Креатор на темата Креатор на темата еци^^^
  • Време на започнување Време на започнување
Не можам повеќе вака да живеам. Што е всушност животот животот е игра како ќе изиграш така и ќе постигниш. Јас изиграв на најлошиот можен начин и сега сум тотално осамен без друштво без никого после се што направив не заслужувам повеќе да живеам
 
Не можам повеќе вака да живеам. Што е всушност животот животот е игра како ќе изиграш така и ќе постигниш. Јас изиграв на најлошиот можен начин и сега сум тотално осамен без друштво без никого после се што направив не заслужувам повеќе да живеам
Имаш играно reversi мислам дека се викаше играта
Може да губиш цело време и на крај да победиш....

Има сообраќај меѓу душите на светов немој ни случајно да ги изгазиш другите.... стани свари кафе... добро утро
 
Сите имаме такви периоди во животот. Нема човек кои не размислувал на ова. Ќе ги пребродите тешките моменти и еден ден ќе ви биде глупо што сте помислиле на ова. Од лично искуство. Брак, работа, деца, нова промена во животот ќе ви помогнат полесно да заборавите на ова. Ако треба повлечете се малце, запрашајте се за постапките, прифатете се себе си (никој не е совршен), запрашајте се што би направиле за да биде подобро. Да навистина се тешки времиња. Не само за вас туку за сите. Еве јас за два дена не знам што ќе ставам во уста дека парите се потрошија. Но тоа не ме спречи денеска да не излезам да трчам, вечер може пак ќе излезам, ќе потрпам малце нема да јадам неколку дена. Нема да умрам а и понекогаш на организмот му треба гладување за да ги потроши некои резерви.
Ако мислите дека само вие патите и никој не може да ве разбере само се лажете.

Најдобар совет што може да ви дадам е природа, книги и музика. Толку од мене.

А и дааа. Ако треба за комуникација или да се истресете за нешто слободно пишете, но не очекувајте магија од мене туку од вас самите.
 
Најверојатно досега го имаш сфатено моментот "Nothing matters, everything leads to nothing". Дап, тоа е болно, тешко и депресивно.
Те сфаќам во поголем дел од работите но 2-3 глупости истреска. Едната е дека „науката не може да ги излечи психичките болести“. Прво, која всушност психичка болест ја имаш ти, депресија? И тоа не може да се излечи? :icon_lol: Фаќај, допаминче.
Убаво ти кажа Ерик Зан ор вотевр, прекини да читаш глупости од интернет и редит околу овие работи. Тебе мозокот веќе ти е фокусиран на „глупости“ и biased си, тешко да ти се промени мислењето. Се храниш со катастрофална храна за мозокот.
Друга глупа работа што ја тресна е „одговори ми на првото цитирано“. Како да кажа којзнае што непобедливо. „И онака ќе умрат“, а во меѓувреме?!?! Тоа што ти го кажаа е точно, самоубиствата се најчесто себичност и кукавичлак.
Да не го цениш животот. Луѓено без раце без нозе се борат за живот, он женска немал, Македонија е катастрофа, ќе се самоубивал.
Некогаш да. Некогаш напротив, одраз на несебичност и храброст. Не сме сите исти и не размислуваме сите исто. Ако тебе ти изгледа безвезно на друг не. Не ги доживуваме проблемите и страдањата на ист начин. Крај краева, самоубиството е опција. Во главно сами си одбираме опции, и сами ги бираме патиштата по кои ќе одиме. Некогаш ќе ни остани само една опција и еден пат.
 
Сум имала суицидни мисли, мислам дека генетски ми е предодредена депресијата затоа што и татко ми како млад пател од депресија и негов чичко исто така.. и многу добро ги разбирам и можам да им влезам у психа на тие што сакаат да се самоубијат.

Чуствував празнина а воедно и тежина во мојата внатрешност, во ништо неможев да пронајдам утеха светот ми изгледаше црно бел, едноставно неможев да ги согледам убавините на овој свет, неможев да го поднесам тој душевен немир на болка и тага што константно го чуствував, единствено решение гледав во тоа да ме нема веќе и да престане тоа чувство на тага и потиснатост, друга опција која ми се вртеше во глава беше да посетам психијатар, сеансите се состоеа од разговор пропратени со одредена терапија која што веќе не ја примам но многу ми помогна, мислам дека ми го спаси животот, мојот начин на размислување денес е многу поинаков. Факт е дека емотивно стабилна личност не посегнува по својот живот јас тоа го знаев и затоа побарав лекарска помош тоа не е нешто од кое што треба да се срамиме тоа е дел од човекот, дел од психата таквиот пристап ми го спаси животот затоа што јас говорев за тоа, многу е битно да не го потиснуваш тоа чувство туку слободно да се изјасниш за проблемот.

Знам дека во моменти на такви суицидни мисли овие зборови нема да помогнат многу, но само едно треба да знаете дека секогаш има опција, животот нуди премногу можности, никогаш не можеш да претпоставиш каков предизвик и каква среќа те очекува наредниот ден а тоа нема да го дознаеш доколку посегнеш по својот живот.
 
Последно уредено:
Само луѓето имаат опција да се самоубијат.
Природата како таква и се во нејзе, нема таква опција.
Сте виделе растение или животно да се самоубие?
Понекогаш имам мисли за одземање на животот,
ама тоа е само понекогаш и нема поента.
Лесно е да се самоубиеш , тешко е да живееш.
Ебати животот ако не си спремен да умреш за него. < п.с
 
Само луѓето имаат опција да се самоубијат.
Природата како таква и се во нејзе, нема таква опција.
Сте виделе растение или животно да се самоубие?

Понекогаш имам мисли за одземање на животот,
ама тоа е само понекогаш и нема поента.
Лесно е да се самоубиеш , тешко е да живееш.
Ебати животот ако не си спремен да умреш за него. < п.с
Малце си грешка со изјавава.

https://en.wikipedia.org/wiki/Animal_suicide

Самоубиство постои и меѓу животните.


http://www.dailymail.co.uk/sciencet...mit-suicide-threatened-predators-disease.html

И растенијата.
 
Малце си грешка со изјавава.

https://en.wikipedia.org/wiki/Animal_suicide

Самоубиство постои и меѓу животните.


http://www.dailymail.co.uk/sciencet...mit-suicide-threatened-predators-disease.html

И растенијата.

Хехе.
Океј е, не сум видел пред мене да се самоубијат затоа и пишав.
Али поентата е дека не треба да се самоубиваме ние луѓето.
 
О да, се имам најдено тука. Не го повикуваш демонот во главата. Напротив, самиот доаѓа. Доаѓа се разбира, поради тоа што во телото недостасува некоја состојка (не зборувам за наркотици не ме сфаќајте погрешно), туку зборувам за различни хормони кои ја менуваат перцепцијата што мозокот ја има за моменталната состојба. Тоа води до изместена слика за реалноста, ниска самодоверба, пулсирачки мисли кои не престануваат и единствениот начин кој ти паѓа на памет за да ги сопреш е да се самоубиеш. Едноставно болката да не можеш да си го контролираш сопственото постоење е неиздржлива, бидејќи сите ние сме луѓе што сакаат да имаат контрола, ако ништо друго барем врз себе. До ова водат различи разочарувања во животот, осаменост, нереализирање на соништата, нереализирање на очекувањата. И најмалку што ме интересираше во тој момент беше - што мислат другите. Нивна работа.
 
Дечки нема предавање. Јас до сега премногу пари сум се разочарала и од пријатели и од тие што сум ги сакала, но мора да си го направиме животот поубав, да научиме да ги цениме повеќе тие што секогаш се присутни тука за да ни помогнат, да научиме да уживаме со вистинските луѓе.
Сите тие негативни мисли исфрлете ги и фокусирајте се на испити, некоја игра или серија на интернет, па ако треба и стручна помош да се побара би побарала.
Се што сакам во животот моментално е среќа и среќа ќе си направам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom