ЦИА објави илјадници документи за Македонија

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.845
Поени од реакции
23.246
Добро, ЦИА не објави документи само за Македонија, ама темава е за документите кои се однесуваат на Македонија. Нека одлучат админите дали е темава за овде или за во подфорумот Историја.

Американската Централна разузнавачка агенција – ЦИА објави над 12 милиони тајни документи меѓу кои има и илјадници кои се однесуваат на Македонија и поранешна Југославија.
Какви биле плановите на поранешна Југославија за ослободување на Македонија по Втората светска војна, прашањето за Егејска Македонија, политичките констелации, индустриализацијата на Македонија и плановите за изградба на патишта, железарница и други капацитети, состојбата со малцинствата, тероризмот и што уште не биле предмет на интерес на американските разузнавачи.
Инаку, кога станува збор за светски рамки, ЦИА објави и документи кои се однесуваат на големи светски политичари, наоди за НЛО, испитувања на телепатски моќи и што уште не.

Целата документација за Македонија ТУКА.

Го има и ова:
ЕКСКЛУЗИВНО: ЦИА открива дека Русија сакала со воена интервенција да создаде обединета Македонско-Албанска држава на Балканот
 
ФБИ пред некое време објави неколку фајлови на Никола Тесла и писма од него лично во кои објаснува дека бил киднапиран од вонземјани ...
 
ФБИ пред некое време објави неколку фајлови на Никола Тесла и писма од него лично во кои објаснува дека бил киднапиран од вонземјани ...

Да, и за да остане жив понатаму им понудил 2-3 кофи и вреќи со струја за да го пуштат, да си поживее уште тро на старост.
 
сега ако испадне дека во документите има нешто што не им одговара на сегашните или поренешните властодршци ќе испадне работава пак сечено-лепено-прелепувано
 
Гледав некои од нив минатата недела. Интересни се-на пример за тоа како ФНРЈ, подоцна СФРЈ имале намера да ги припојат Пиринска и Егејска Македонија, како, каде и преку што делувале бугарските агенти, како се вршеле чистки и во соседните држави итн. Ова некому нема да му се допадне.
 
https://www.cia.gov/library/readingroom/docs/CIA-RDP08C01297R000400240004-0.pdf

Читнете го ова ако имате време, според мене интерсен текст и горе долу тука негде лежи вистината за Македонското прашање.

https://www.cia.gov/library/readingroom/docs/CIA-RDP82-00457R006200190010-6.pdf

Тука пишува за Македонците од Пирин во 1950 и нивните симпатии кон Тито и за угнетувањето на Македонците од страна на Бугарите кои што не им дозволувале да говорат на свој јазик и не им давале да се изјаснат како Македонци.
 
Последно уредено:

зарем ЦИА требаше да ни го каже ова ?
 
Гледав некои од нив минатата недела. Интересни се-на пример за тоа како ФНРЈ, подоцна СФРЈ имале намера да ги припојат Пиринска и Егејска Македонија, како, каде и преку што делувале бугарските агенти, како се вршеле чистки и во соседните држави итн. Ова некому нема да му се допадне.
тешки глупости...Тито уште на Јалта се откажал од Егејска Македонија за да добие дел од Истра. Се обиде вон договореното , влезе во Трст но беше опкружен од англосаксонските сили. Британците пак кој беа во Грција уште за време на ВВ2 ја нападнаа ЈНА која бркајки ги германските сили навлезе малку во грчка територија.
За време на граѓанската војна во Грција, удба тајно мобилизираше насилно егејци низ ФНРЈ, со воз ги носеа на граница со Грција и ги праќаа таму. Грција се жалеше во ООН и дојде наредба сите егејци да се дислоцираат најмалку 200км од граница, а понатака Тито дури им дозволи на британските тенкови да влезат во ФНРЈ кај Битола, за од грб да го нападнат и уништат ДАГ кој беше лоциран на планината Вич.
Исто така Тито беше против идеата на Горги Димитров за федерација, бидејќи се плашеше од осомостајување на Македонија, а бргу по тоа србите ни земаа доста територија, за Прохор Пчињски потпиша Арсов кој покасно се самоуби.
 
зарем ЦИА требаше да ни го каже ова ?
Нормално дека не мора ЦИА да ни каже нешто што ние Македонците веќе го знаеме, но убаво е кога некој вака ќе го потврди тоа што ние го збориме за угнетувањето на нашите дедовци и баби во Егеј и Пирин, додека грците и бугарите се прават наудрени кога се збори на таа тема.
 
тешки глупости...Тито уште на Јалта се откажал од Егејска Македонија за да добие дел од Истра. Се обиде вон договореното , влезе во Трст но беше опкружен од англосаксонските сили. Британците пак кој беа во Грција уште за време на ВВ2 ја нападнаа ЈНА која бркајки ги германските сили навлезе малку во грчка територија. За време на граѓанската војна во Грција, удба тајно мобилизираше насилно егејци низ ФНРЈ, со воз ги носеа на граница со Грција и ги праќаа таму. Грција се жалеше во ООН и дојде наредба сите егејци да се дислоцираат најмалку 200км од граница, а понатака Тито дури им дозволи на британските тенкови да влезат во ФНРЈ кај Битола, за од грб да го нападнат и уништат ДАГ кој беше лоциран на планината Вич. Исто така Тито беше против идеата на Горги Димитров за федерација, бидејќи се плашеше од осомостајување на Македонија, а бргу по тоа србите ни земаа доста територија, за Прохор Пчињски потпиша Арсов кој покасно се самоуби.
Да, сега сите ќе веруваат на Ireal со слика од двокатна автобус-авион-тенк а не на документиве од ЦИА...
 
тешки глупости...Тито уште на Јалта се откажал од Егејска Македонија за да добие дел од Истра. Се обиде вон договореното , влезе во Трст но беше опкружен од англосаксонските сили. Британците пак кој беа во Грција уште за време на ВВ2 ја нападнаа ЈНА која бркајки ги германските сили навлезе малку во грчка територија.
За време на граѓанската војна во Грција, удба тајно мобилизираше насилно егејци низ ФНРЈ, со воз ги носеа на граница со Грција и ги праќаа таму. Грција се жалеше во ООН и дојде наредба сите егејци да се дислоцираат најмалку 200км од граница, а понатака Тито дури им дозволи на британските тенкови да влезат во ФНРЈ кај Битола, за од грб да го нападнат и уништат ДАГ кој беше лоциран на планината Вич.
Исто така Тито беше против идеата на Горги Димитров за федерација, бидејќи се плашеше од осомостајување на Македонија, а бргу по тоа србите ни земаа доста територија, за Прохор Пчињски потпиша Арсов кој покасно се самоуби.

Тито никогаш не бил против федерација туку Сталин.
 
Тито никогаш не бил против федерација туку Сталин.
Сталин бил против, не негирам, но Тито не прифаќал никаква идеја за голема Македонија која би можела да излезе од рамките на ФНРЈ.
Патем знаеш ли колкава беше Македонија во првата Југославија по ВВ2 ?
Не е само Прохор Пчињски што е дадено на Србија.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom