Значи претходно постирав и сега ке ја репостирам сликата , болјерот од 200литри со два изменувачи од Sunsystem го имам кај мене дома.Поврзувањето на котелот со бојлерот е на принцип како поврзување на посебен радијатор-линија.Значи котловската вода нема никаква врска со бојлерот.Еве една подетална слика од котларата како го имам јас замислено и испланирано сам тој систем.
![]()
Кога разговараме за Бафер тоа е различна работа и најдобрата инвестиција за еден централен систем за греење(најмногу се исплати во греењето на дрва затоа што нема котелот константна температура така што доага до промени во собната и температурата во радијаторите и нема можност за регулација на истата, Баферот одржува константност на температура во радијаторите и можност за термостатска контрола која со котлите на пелети е автоматски овозможена поради автоматиката,можноста за редуцирано работење и автоматско палење-гаснење. Во овој случај за разлика од бојлерот значи количината на вода од баферот циркулира во централниот систем за греење-радијатори,подно а котелот директно ја загрева водата во баферот.