Инвестициски БУМ во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Субрата компани не заслужува хејтање. Благодарение на нив ние ќе имаме домашно млеко и месо и ергела од 20 илјади крави. Можеби и домашен сладолед
 
Последно уредено:
Стварно нз зошто ги толку хејтате странските инвеститори, а ги величате нашите домашни инвеститори, кога нашиве се џган, дури и бетер од тоа, јас досега не сум сретнал наш газда а да е фер и да не се обидува да заташка нешто или да се обиде да ја заебе државата и вработените, било да е неисплаќање редовно на плата, или една финта што ја научив а тоа е да ги осигураш вработените на 4 часа, а остатокот да им го платиш на рака, стварно супер пракса е тоа, сега владата успее да ги принуди некако да исплаќаат плата до 16ти, ама тие повторно успеваат некако да ги развлечат работите.
Е сега немам доволно искуство и познавање на земјоделството за да зборувам на таа тема, па ќе се обидам да дадам некои мои површни размислувања. Нз зошто некои би сакал да работи земјоделие во овој милениум, сите мои колеги на факс од селата останаа во градот и никој од нив не се врати назад да работи на нивата, зошто би копал со мотика кога може да си се вработи во државно, банка, фабрика и да си работи 8 саати и после да си излезе на кафе, Синеплекс минеплекс, ресторанче, излегување по дискотеки, кабловска, оптика, ЛТЕ, Седмица во Аеродром, Гасификација на државата и така други работи кој би ги гледал само на Тв, друга работа е што девојчињата од село се многу тражена “роба“ во градот и обично без проблем можат да си запознаат дечко било во средно или на факс, секако на овие фактори не можат да влијае никој едноставно младите на друг начин гледаат на животот од постарите, нели @Let 3 и несакаат да бидат граѓани од втор ред де,доаѓаме до едно мое предвидување а тоа е дека во иднина најголем дел од популацијата ќе живее во градовите (Аеродром де) како што е случај со Кореја и во одреден дел со Јапонија, а површините ќе ги обработува некоја корпорација,на современ начин веројатно со Г.М.О методи, што сепак е многу реално.
Државата ги постави такви работи да таа (државата) биде најголем работодавец и да државна работа (администрација) биди најплатено и најпосакувано работно место и секој во земјата да мечтае и се труди или да се пикне во државна работа или да замине странство.
Замав на напредок на една земја не е државна администрација и нејзини плати туку приватен сектор, ако просек во државно е 25.000 денари просек во приватен не е можеби ни 15.000, имаш приватни гзди на фирми кои не земаат плата колку државен службеник, со својата политика и потези државата го гуши приватното домашно производство. Во СФРЈ државата толку не вработуваше како сега во демократски капитализам
Странски инвеститори се или оние кои дојдоа и купија највредни капацитети на Македонија и сега молзат пари на веќе готова инфраструктура и погони (ОКТА, Електродистрибуција, Телекомуникации...) или се мали газди и фирми кои вработија под ропски услоови наши луѓе како ефтина работна сила без да инвестираат без да се грижат за некакви си права и изнесувајќи сиот капитал надвор од државата а овде се ослободени од давачки даноци придонеси.....) па сме сведоци кога грејс период за такви поволности им завршува си затвораат овде фирми (а пошто немаат многу вложено или веќе си повратија многупати повеќе од вложеното) си ги селат бизнистие во Босна или Косово или Србија каде под иси услови ќе продолжат уше 5-10 години пред пак да се преселат
Се додека плата во приватен сектор не ја стигне и надмине платата во државен, ние ќе тонеме како економија или ќе бидеме експлоатирани од странски компании како афрички колонии пред 2-3 века кога белецот кој работел во администрација земал повеќе пари од црнецот кој копал дијаманти од рудникот
 
Значи како тито шо наредваше колку пари да се откупва пченицата
Али тогаш имавме 15-17% невработеност просечна плата 36.000 денари, бесплатно здравство и школство, вкупен долг на македонија од 600 милиони долари....
значи не е до приносот и откупот, нешо друго не штима...
Тогаш трговијата не била толку развиена, плус Југуславија го штитела домашното производство колку можела,
Денес приоритет на некој газда/трговец е да се наполни со пари, не го гајле дали на тебе ти се исплаќа производството.
Субрата компани не заслужува хејтање. Благодарение на нив ние ќе имаме домашно млеко и месо и ергела од 20 илјади крави.
Година-две се потроши на Субрата, ама му земаа неколку милиони поради тоа, пред тоа поранешниот газда ја запусти година-две и тоа е.
Сега мислам дека Џумајлија ја поделија на 4 дела (знаеме на кого) и дека работи.
 
Тогаш трговијата не била толку развиена, плус Југуславија го штитела домашното производство колку можела,
Денес приоритет на некој газда/трговец е да се наполни со пари, не го гајле дали на тебе ти се исплаќа производството.
Тогаш трговијата била многу поразвиена од ова беда шо ја имаме денес, тогаш Македонија беше членка на унија од 6 држави и 2 покраини без царини и додатни давачки и иста валута робата одеше на заеднички пазар од 22 милиони жители.
Зато во тоа време македонија имаше невработеност д околу 15%, просечна плата од 36.000 денешни денари, долг од 600 милони долари социјала здравство и школство подеднакво за секого.
Тогаш беше држава, сега е колонија
 
А најдоброто од се беше што не мораа обичните луѓе да му ја мислат многу, затоа што имаше кој да мисли за нив (ЦК и Београд).
 
Тогаш трговијата била многу поразвиена од ова беда шо ја имаме денес, тогаш Македонија беше членка на унија од 6 држави и 2 покраини без царини и додатни давачки и иста валута робата одеше на заеднички пазар од 22 милиони жители.
Зато во тоа време македонија имаше невработеност д околу 15%, просечна плата од 36.000 денешни денари, долг од 600 милони долари социјала здравство и школство подеднакво за секого.
Тогаш беше држава, сега е колонија
Тоа било трговија на државно ниво, не на глобално, плус овие на исток биле затворени
Сега се што не се јаде ти е Кинеско, тоа што се јаде ти го донесуваат од цел свет.
 
Тоа било трговија на државно ниво, не на глобално, плус овие на исток биле затворени
Сега се што не се јаде ти е Кинеско, тоа што се јаде ти го донесуваат од цел свет.
СФРЈ беше прва земја во вселената со која ЕЕЗ (европска економска заедница - денес позната како Европска Унија) склучи договор за слободна трговија и размена
Така да Македонија во 70 десети имаше поголем пристап до европски пазари (да не збораме за пазарите на неврзаните и останати земји) од колку денес после скоро пола век демократија и капитализам
 
Во Овче поле не може речиси ништо друго да се произведува, му фали многу вода.

Затоа паметните луѓе измислиле системи за наводнување, Македонија како држава нема недостаток на вода ама џабе е кога не знае како да ги искористи ресурсите што ги има.

Од пустини некои држави направија земјоделско производство, ама ние имаме други приоритети поважни се барок фасадите и спомениците
 
Последно уредено од модератор:
Затоа паметните луѓе измислиле системи за наводување, Македонија како држава нема недостаток на вода ама џабе е кога не знае како да ги искористи ресурсите што ги има.

Од пустини некои држави направија земјоделско производство, ама ние имаме други приоритети поважни се барок фасадите и спомениците
лесно им е ним да прават од пустини плодни земјишта, ние немаме пустини инаку чудесии ќе напраевме
Имаме идеи имаме пари имаме вода, ни фалат пустињи
 
лесно им е ним да прават од пустини плодни земјишта, ние немаме пустини инаку чудесии ќе напраевме
Имаме идеи имаме пари имаме вода, ни фалат пустињи
Eпа господинот Груевски го увиде тоа уште одма и овие десет години како никогаш до сега во историјата на Македонија, работеше на случајот.
Далекувидост е само еден од неговите бројни квалитети.
Уште само десет години ваква дрвосечачка власт и ќе има пустињи колку ти душа сака.
 
Тогаш трговијата била многу поразвиена од ова беда шо ја имаме денес, тогаш Македонија беше членка на унија од 6 држави и 2 покраини без царини и додатни давачки и иста валута робата одеше на заеднички пазар од 22 милиони жители.
Зато во тоа време македонија имаше невработеност д околу 15%, просечна плата од 36.000 денешни денари, долг од 600 милони долари социјала здравство и школство подеднакво за секого.
Тогаш беше држава, сега е колонија
...беше Let3 беше, ама тој бизнис рај без царини и додатни давачки и иста валута и заеднички пазар од 22 милиони жители на кој можеше сушени говна смелени и спакувани у џиџе амбалажа да продадеш го нема веќе одамна. И рука на срце , немој случајно да кажеш дека Македонија го растури , ако го исклучиме доприносот на дебељушкастиот доносител на милијарда и олимписки деец.
За тоа што после се случуваше не ми се праи стрижена-бричена муабет додека не ги видам бране и другари пред собрание натакнати на стапче и не сркнам од зајачката чорба. После можеме да разглабаме за тоа како, кој, кога и зошто...нормално , ако арнаутските газди ни дадат пауза за тоа...:) :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom