Toma
Корона стронг
- Член од
- 22 април 2014
- Мислења
- 4.184
- Поени од реакции
- 3.431
Во Овче поле не може речиси ништо друго да се произведува, му фали многу вода.Па и ова што го кажуваш е резултат на немањето стратегија и визија за земјоделството во Македонија
Ако во Овче поле условите не се поволни за житни култури во споредба со Полошко едноставно забрани ги, или укини ги субвенциите за такви култури но во исто време стимулирај ги за други да за изврши пренамена
Пелагонија и Овчеполско се главните производители, но најголем принос по хектар има во Полошко.мислиш на Пелагониско. Пелагонија и Кумановско се главни играчи за жито. Фалат многу нешта во земјоделството. Кога ќе пресметаш што се ја формира цената на чинење по единица, ќе видиш дека државата од секогаш и секаде (и во еу земјите) главен фактор во земјоделството. Репроматеријали, вода, откуп, субвенции, индустрија, приватизацијата на земјоделството, структурата на стопанствата... Зошто Војводина има големи и ефтини приноси, Македонија нема. Зошто кај нас пченицата просек е 3-3.5 тони, еу 5-5.5, Британија пример е над 8. Еден постар професор Анакиев често пишува за овие лоши политики.
Земи ги за пример приносите на пченката со систем капка по капка (еден проект преку министерството и Усаид).
Како прво не е можно еднакво производство во Македонија, со што цената на чинење на ресурсот (значи локално) не може да биде иста, значи оној со поголем принос може да ја спушти цената и да не е во загуба, а оној со помал принос да пропадне.
Така е и со зејтинот, газдата си пронашол суровина поефтина од овдешната производствена цена,
тоа е пазарна економија, така е секаде во светот и нашата влада е преслаба да се бори против тоа кога ги немаме придодните услови (пр. во земјоделството),
единствено да ни дадат да садеме коноп, оти стварно имал добар квалитет на времето
