Дно дна е снимката од свирката на Љубојна и коментарите за Ленче. Мислам Филипче нашикан со укочена вилица постираше клипови со патриотски оесни у позадина, али стручњаците тука видоа дела Ленче праела бело. Абе идете утепајте се колективно.
Тежок идиотизам, и дното го продупчија. Сакав нешто слично да коментирам и си реков ај батали, гледам некој коментирал нешто слично, не дека е воопшто некаква коинциденција, каков поинаков став нормален човек би имал за тоа.
Најстрашно е колку лесно се нормализираат кај нивниве следбеници ваквите напади и одма си ги копираат како нивни мисли. Можам да разберам многу психолошки појави, слаба когнитивна способност, лажење, манипулирање и морална хипокризија, сите постојат во некоја форма насекаде.
Ама вакво користење на најниските човечки страсти и апсолутно најлошото од човекот од една политичка структура, вакво поигрување со толкава маса, каде што одеднаш сите имаат ист став за нешто навистина е за запрепастување. Ова со Ленче е дури и бенигна форма, нема месец како за малку ќе се справуваа со ножеви со „предавниците“. Претходно и со антихристите така, и утре за секоја измислена категорија со која власниците ќе имаат цел да ги заплашат, замолкнат или да им се реваншираат.
Ајде тие што знаеме дека имаат корист и бесрамно го прават тоа што го прават, тие се друг феномен иако не помали гомна, ама тоа што повеќето со филмска леснотија се редовно пре-програмирани преку тв, интернет и медиуми а први ги трпат последиците на ваквото општество. До толку да се нема способност за рационализација, за човечност, за тронка морална ориентација... да се чудиш и запрашаш дали се свесни овие луѓе или може до толку да се чипирани идиоти. Имаат ли сопствени мисли, седнале ли овие луѓе некогаш да направат интроспекција, дали воопшто можат да пробаат да бидат барем малку искрени со себеси, имаат ли нормални човечки односи, со фамилија, пријатели.
Стар и сигурно многупати повторуван муабет, ама не треба никогаш да се игнорира оваа појава иако сите веќе отрпнавме и ни стана нормално што постои.
А најјаки се муабетите за суверенитетот и мешањето на странците. Јас немам илузија на некаква нивна морална и принципелна безгрешност, ама мислам и самите не сме свесни во целата несреќа што географски сме во Европа и сме дел од секакви договори па понекогаш мораат да глумат загриженост. Секако кога нема да знаеме самите да ги доведеме работите во ред и мора некој да ни асистира, ќе си платиме цех за тоа на еден или друг начин.
Ама да бевме малку понастрана од демократскава цивилизација, или да имаше Грујо политичка моќ колку Ердоган или Путин, лудациве до сега ќе бесеа луѓе на плоштад и тоа со амин на ваквите празноглавци. Само не сум сигурен и тогаш дали ќе мораше да се глуми дека се е по устав и закон, и дали сеуште сите ќе беа исти.