Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Атанас Кировски
До кога ВМРО-ДПМНЕ планира законите и Уставот да ги третира како кондоми?

Го читам аналитичаров и човек може само да се смее на стручноста и објективноста на „безгрешните“. Ќе се обидам да ги искоментирам неговите „стручни“ анализи и заклучоци. На почеток го објавувам членот од уставот каде што е дефинирано доделувањето на мандатот за состав на влада после одржани собраниски избори.

Член 90
Претседателот на Република Македонија е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието. Мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата.
Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Значи, според уставот, претседателот го дава мандатот на најбројната партија или партии во Собранието. А Атанас пишува „Онаа фигура која се шетка во резиденцијата на Водно, наместо во согласност со Уставот да изврши консултации со политичките субјекти“. Така му одговара и така си пишува. Пусти Атанасе... ако имаш волја, прочитај го Член 90. После избориве, мнозинство во Собранието има коалицијата на ВМРО ДПМНЕ со 51 пратеник, па следуваат останатите.
Понатаму... „И уште повеќе, чекаше да поминат 10 дена и мандатот го даде на последниот ден, а претходно не правеше ништо“. И што е тука незаконски? Ако пишува во Чл. 90 ... во рок од 10 дена... тоа треба да се почитува. На Атанаса „свака длака му смета“.
Стручњаков забележува, „Онаа квази-професорка Каракамишева, ако не заради авторитетот кој го нема, атер за титулите кои ги има, треба да се воздржува од интерпретации кои се изживуваат врз Уставот, и Македонија ја прават карикатурална форма на партиско самоволие, наместо на функционална демократија. Така, според нејзината апсурдна интерпретација, доколку Груевски во рок од 20 дена не успее да состави влада мандатот повторно треба да му се довери нему...“. Па Атанасе, таа не заклучува ништо надвор од член 90 на уставот. Таму пишува дека претседателот го дава мандатот на мнозинската партија/партии. Ако никој друг (партиите) не докаже со документ дека има мнозинство (коалиција) која е повеќе од мнозинството на ВМРО ДПМНЕ од 51, Претседателот е должен мандатот да го даде на партијата/партиите со мнозинство. Како може да го даде на друга партија мандатот (на пр. СДСМ) кога не е мнозинска партија? Уставот тоа не го дозволува. Ако е така, тогаш и на ДПА може да го даде мандатот со освоени 2 пратеника. Никаде не пишува дека втората партија по бројност треба да го добие.
Ако Груевски и после неколку обиди не успее да формира влада, мандатот да не се довери на втората, третата партија итн, туку да се распишат нови избори, за да се „испочитувала“ волјата на граѓаните.“. Па така вели уставот Атанасе, дека мандатот го добива партијата со најмногу пратеници.

Атанасе, ако сакаш да претендираш на сериозен новинар, аналитичар.... мораш да се држиш до уставните, законските и подзаконските норми. Ако сакаш да си „стручњак“ пишувајќи како што ти е мерак да се движат работите, при тоа да не се почитува она што е напишано во уставот (и законите)... ќе бидеш аматер.
 
Член од
16 мај 2016
Мислења
448
Поени од реакции
608
дискутираш крајно лаички.... Прислушкување на тел.разговори птсекогаш и секаде имало и ќе има. Никој во светот ни на крај памет тоа не го санкционира. А се санкционира строго објава на прислушкувани разговори и други лични документи.
А треба некој да сноси одговорност како Верушевски успеал да ги земе прислушкуваните разговори.
Исто така голема глупост е дека треба прво ПИМ мерки па после да се прислушкува. Па полицијата и тајјните служби во начало воопшто и не знаат кој лица се терористи или криминалци, па и да имаат сомневања не ги знаат броевите на нивните мобилни телефони ( кој ги користат).
ПИМ мерки се даваат за претрес на стан, возило, а и за да може матерјалните докази од претресите да се прикажат на суд. Прислушкувањето никаде не е доказ туку тие информации се користат за добивање цврсти, матерјални докази.
Во идеална држава, супер е ова што го збориш, ама кај нас нема никогаш да функционира.Еден куп неписмени луѓе се вработија по партиска линија, луѓе без никаков морален и етички компас. Во македонија довербата во полицијата е на нисто ниво, и додека не го поправат тоа, не треба да им се дозволи пристап до опремата за прислушување.
Враќањето на довербата ке почне во моментот кога некој ке превземе одговорност за прислушувањето.
[DOUBLEPOST=1484215848][/DOUBLEPOST]
Не знам колку е тоа законски дозволиво.
Зошто не е законски изводливо? Дел од медиумите веќе ги пренесоа бомбите од заев, останатите материјали ги има на интернет и секој може да ги провери.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Зошто не е законски изводливо? Дел од медиумите веќе ги пренесоа бомбите од заев, останатите материјали ги има на интернет и секој може да ги провери.
Ако ги објавиле, можеби ги прекршиле законите, не сум сигурен, не сум се распрашал што вели законот за тоа. Знам дека има нешто околу приватноста и сл.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
BTW, Албанците неќат нови избори. Ги разбирам, едвај го наместија резултатот да биде нерешен. Уште едно разочарување за граѓанската опција на Фрчко.
Алијансата на Албанците ќе повика на бојкот на евентуални нови избори
Нови избори не сака Зијадин, другите од кај знаеш дека не сакаат?
се додека здраво не се реорганизира сдсм нема да имаме ни втора опција, да не кажувам за трета ... а имаше време, поминаа години како бранко е во сенка... а што направија, дури зајко отиде да му баци рака :facepalm:
Исто и Вмро.
Атанас Кировски
До кога ВМРО-ДПМНЕ планира законите и Уставот да ги третира како кондоми?

Го читам аналитичаров и човек може само да се смее на стручноста и објективноста на „безгрешните“. Ќе се обидам да ги искоментирам неговите „стручни“ анализи и заклучоци. На почеток го објавувам членот од уставот каде што е дефинирано доделувањето на мандатот за состав на влада после одржани собраниски избори.

Член 90
Претседателот на Република Македонија е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието. Мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата.
Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Значи, според уставот, претседателот го дава мандатот на најбројната партија или партии во Собранието. А Атанас пишува „Онаа фигура која се шетка во резиденцијата на Водно, наместо во согласност со Уставот да изврши консултации со политичките субјекти“. Така му одговара и така си пишува. Пусти Атанасе... ако имаш волја, прочитај го Член 90. После избориве, мнозинство во Собранието има коалицијата на ВМРО ДПМНЕ со 51 пратеник, па следуваат останатите.
Понатаму... „И уште повеќе, чекаше да поминат 10 дена и мандатот го даде на последниот ден, а претходно не правеше ништо“. И што е тука незаконски? Ако пишува во Чл. 90 ... во рок од 10 дена... тоа треба да се почитува. На Атанаса „свака длака му смета“.
Стручњаков забележува, „Онаа квази-професорка Каракамишева, ако не заради авторитетот кој го нема, атер за титулите кои ги има, треба да се воздржува од интерпретации кои се изживуваат врз Уставот, и Македонија ја прават карикатурална форма на партиско самоволие, наместо на функционална демократија. Така, според нејзината апсурдна интерпретација, доколку Груевски во рок од 20 дена не успее да состави влада мандатот повторно треба да му се довери нему...“. Па Атанасе, таа не заклучува ништо надвор од член 90 на уставот. Таму пишува дека претседателот го дава мандатот на мнозинската партија/партии. Ако никој друг (партиите) не докаже со документ дека има мнозинство (коалиција) која е повеќе од мнозинството на ВМРО ДПМНЕ од 51, Претседателот е должен мандатот да го даде на партијата/партиите со мнозинство. Како може да го даде на друга партија мандатот (на пр. СДСМ) кога не е мнозинска партија? Уставот тоа не го дозволува. Ако е така, тогаш и на ДПА може да го даде мандатот со освоени 2 пратеника. Никаде не пишува дека треба на втората партија по бројност дека треба да го добие.
Ако Груевски и после неколку обиди не успее да формира влада, мандатот да не се довери на втората, третата партија итн, туку да се распишат нови избори, за да се „испочитувала“ волјата на граѓаните.“. Па така вели уставот Атанасе, дека мандатот го добива партијата со најмногу пратеници.

Атанасе, ако сакаш да претендираш на сериозен новинар, аналитичар.... мораш да се држиш до уставните, законските и подзаконските норми. Ако сакаш да си „стручњак“ пишувајќи како што ти е мерак да се движат работите, при тоа да не се почитува она што е напишано во уставот (и законите)... ќе бидеш аматер.
Човече, поголем аматер од тебе нема. Смешно е како исмејуваш други дека врска немаат а ти исто врска немаш. Се правиш дека многу знаеш, експерт глумиш, онака кратки експертски одговори даваш ко демек еве јас се знам вие небитни. Значи врска немаш туку поради гнев кон Сдсм поддржуваш криминална влада, веќе поранешна сега.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.863
Ѓорѓи, по стоти пат, аматер тука си ти, МНОЗИНСТВО ВО ПАРЛАМЕНТОТ НЕ Е 51 ПРАТЕНИК, РАЗБЕРИ ВЕЌЕ ЕДНАШ!
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.387
Поени од реакции
8.989
Османи: Мора да се отворат дебати за јазикот, знамето и за грбот

http://plusinfo.mk/vest/101432/osmani-mora-da-se-otvorat-debati-za-jazikot-znameto-i-za-grbot-

:гомце::гомце::гомце::гомце::гомце::гомце::гомце::гомце::гомце::гомце::гомце::гомце::гомце:

:facepalm:
Зарем тој со сиот памет мисли дека доколку го смениме нашето знаме и му ставиме орле во некој ќош, дека истото тоа знаме ќе го користат Албанците?

Албанците ќе продолжат и понатаму да си го користат нивното знаме, а ние Македонците ќе го користиме новото знаме со албански симбол, како последни абдали.

Еве како е во Piana degli Albanesi. Каде е италијанското знаме?

https://www.google.com/maps/@37.9970865,13.2839013,3a,90y,238.53h,92.82t/data=!3m6!1e1!3m4!1s-pB9lSr3JwWW76VtJsqRRg!2e0!7i13312!8i6656!6m1!1e1
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Човече, поголем аматер од тебе нема. Смешно е како исмејуваш други дека врска немаат а ти исто врска немаш. Се правиш дека многу знаеш, експерт глумиш, онака кратки експертски одговори даваш ко демек еве јас се знам вие небитни. Значи врска немаш туку поради гнев кон Сдсм поддржуваш криминална влада, веќе поранешна сега.
Другарче, кажи контрааргумент. Јас го цитирав уставот, а ти прикажуваш партиски желби. Воопшто не пишував против или за некоја партија, само законски предвидените работи. Тоа е не е аматеризам, напротив.[DOUBLEPOST=1484218951][/DOUBLEPOST]
Ѓорѓи, по стоти пат, аматер тука си ти, МНОЗИНСТВО ВО ПАРЛАМЕНТОТ НЕ Е 51 ПРАТЕНИК, РАЗБЕРИ ВЕЌЕ ЕДНАШ!
Аха, мнозинство е 49, на СДСМ, 10 на ДУИ,,, а? Оди не трескај глупости, не верувам дека си толкав „дудук“ да не знаеш кој број е поголем, 51 или 49.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.863
Тиквар, не е до поголем или помал број, свесно манипулираш со изразот „мнозинство“, 51 од 120 не е мнозинство. Ако веќе сакаш бројки, која бројка е поголема 51 или 69?
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.156
Поени од реакции
3.388
Аха, мнозинство е 49, на СДСМ, 10 на ДУИ,,, а? Оди не трескај глупости, не верувам дека си толкав „дудук“ да не знаеш кој број е поголем, 51 или 49.
10 е најголем, он одлучува.

Само едно не ми е јасно од Уставот (го имам и претходно дискутирано тоа)
што по 20 дена ако не се формира влада, никаде не е наведено дека по 20 дена мандатот се дава на друга партија, а воедно би требало да има нови 20 дена рок таа партија,

или ако во парламентот влезат 120 партии по 20 дена секоја да го добие мандатот тоа се 2400 денови во преговори за влада.


Пред да ме цитирате, пронајдете ми некој член од закон во кој тоа е добро дефинирано!
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Тиквар, не е до поголем или помал број, свесно манипулираш со изразот „мнозинство“, 51 од 120 не е мнозинство. Ако веќе сакаш бројки, која бројка е поголема 51 или 69?
Суртук, не се бара апсолутно мнозинство, како за гласање на влада. Туку оној кој е најброен. Море што слабокапацитетни луѓе има во 21 век. Тоа е... не го користат мозокот, се на Google наоѓаат.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.863
Нема член од закон, тоа се недефинирано правни празнини и си ги толкува кој како сака, евентуално да се погледне во деловникот на Собранието ама не верувам дека таму има нешто.[DOUBLEPOST=1484220725][/DOUBLEPOST]
Суртук, не се бара апсолутно мнозинство, како за гласање на влада. Туку оној кој е најброен. Море што слабокапацитетни луѓе има во 21 век. Тоа е... не го користат мозокот, се на Google наоѓаат.
Тања Каракамишева ти го истолкува терминот „мнозинство“ на таков начин или сам го смисли.

Ти ако се сеќавам добро имаш кажано дека немаш никаква стручна врска со право и политика, па од кај вакви брилијантни експертизи.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Само едно не ми е јасно од Уставот (го имам и претходно дискутирано тоа) што по 20 дена ако не се формира влада, никаде не е наведено дека по 20 дена мандатот се дава на друга партија, а воедно би требало да има нови 20 дена рок таа партија
И мене ова ме „мачи“. Не е дефинирано дека треба да има „втора мајка“. Односно, ако Грујо и Али не состават влада, мислам дека автоматски ќе треба да се оди на нови избори. Според уставното решение. Нема таму резервна варијанта... „втора, трета... мајка“.
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.156
Поени од реакции
3.388
Тиквар, не е до поголем или помал број, свесно манипулираш со изразот „мнозинство“, 51 од 120 не е мнозинство. Ако веќе сакаш бројки, која бројка е поголема 51 или 69?
да одиме според вашата логика

речиси никаде во светот една партија не освојува мнозинство (освен Кореја, Кина...),
значи ниту во Германија Меркел нема победено со мнозинство, туку секаде во светот се формираат коалициони влади,
и секогаш мандатот го добива онаа партија која освоила најмногу пратеници.

Во Грција пред неколку години мандатот беше вратен за 3 саати поради тоа што победничката немаше можност да направи влада (а во грција добиваат 50 пратеници гратис кога се први), значи според вашава логика, воопшто не требаше да се трошат тие 3 саати.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Нема член од закон, тоа се недефинирано правни празнини и си ги толкува кој како сака, евентуално да се погледне во деловникот на Собранието ама не верувам дека таму има нешто.[DOUBLEPOST=1484220725][/DOUBLEPOST]

Тања Каракамишева ти го истолкува терминот „мнозинство“ на таков начин или сам го смисли.

Ти ако се сеќавам добро имаш кажано дека немаш никаква стручна врска со право и политика, па од кај вакви брилијантни експертизи.
А кој има мнозинство, еве ти кажи ми? Сите останати против ВМРО ДПМНЕ? По кој принцип и по која логика? Значи, партијата/партиите која има мнозинство. Ако чекаме некоја партија да освои апсолутно мнозинство (61 пратеник) за да добие мандат, тогаш може да влеземе во фаза на „континуирани избори“. Размисли малку, што е логично и што пишува.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom