Атанас Кировски
До кога ВМРО-ДПМНЕ планира законите и Уставот да ги третира како кондоми?
Го читам аналитичаров и човек може само да се смее на стручноста и објективноста на „безгрешните“. Ќе се обидам да ги искоментирам неговите „стручни“ анализи и заклучоци. На почеток го објавувам членот од уставот каде што е дефинирано доделувањето на мандатот за состав на влада после одржани собраниски избори.
Член 90
Претседателот на Република Македонија е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието. Мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата.
Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.
Значи, според уставот, претседателот го дава мандатот на најбројната партија или партии во Собранието. А Атанас пишува „Онаа фигура која се шетка во резиденцијата на Водно, наместо во согласност со Уставот да изврши консултации со политичките субјекти“. Така му одговара и така си пишува. Пусти Атанасе... ако имаш волја, прочитај го Член 90. После избориве, мнозинство во Собранието има коалицијата на ВМРО ДПМНЕ со 51 пратеник, па следуваат останатите.
Понатаму... „И уште повеќе, чекаше да поминат 10 дена и мандатот го даде на последниот ден, а претходно не правеше ништо“. И што е тука незаконски? Ако пишува во Чл. 90 ... во рок од 10 дена... тоа треба да се почитува. На Атанаса „свака длака му смета“.
Стручњаков забележува, „Онаа квази-професорка Каракамишева, ако не заради авторитетот кој го нема, атер за титулите кои ги има, треба да се воздржува од интерпретации кои се изживуваат врз Уставот, и Македонија ја прават карикатурална форма на партиско самоволие, наместо на функционална демократија. Така, според нејзината апсурдна интерпретација, доколку Груевски во рок од 20 дена не успее да состави влада мандатот повторно треба да му се довери нему...“. Па Атанасе, таа не заклучува ништо надвор од член 90 на уставот. Таму пишува дека претседателот го дава мандатот на мнозинската партија/партии. Ако никој друг (партиите) не докаже со документ дека има мнозинство (коалиција) која е повеќе од мнозинството на ВМРО ДПМНЕ од 51, Претседателот е должен мандатот да го даде на партијата/партиите со мнозинство. Како може да го даде на друга партија мандатот (на пр. СДСМ) кога не е мнозинска партија? Уставот тоа не го дозволува. Ако е така, тогаш и на ДПА може да го даде мандатот со освоени 2 пратеника. Никаде не пишува дека втората партија по бројност треба да го добие.
„Ако Груевски и после неколку обиди не успее да формира влада, мандатот да не се довери на втората, третата партија итн, туку да се распишат нови избори, за да се „испочитувала“ волјата на граѓаните.“. Па така вели уставот Атанасе, дека мандатот го добива партијата со најмногу пратеници.
Атанасе, ако сакаш да претендираш на сериозен новинар, аналитичар.... мораш да се држиш до уставните, законските и подзаконските норми. Ако сакаш да си „стручњак“ пишувајќи како што ти е мерак да се движат работите, при тоа да не се почитува она што е напишано во уставот (и законите)... ќе бидеш аматер.