Беса му се покака на бомбите на Заев.
Ахмети игра мајсторски после поразот на изборите и може да излезе најголем добитник.
На крајот сите што настојуваа за разрешување на криминалите на власта се најдоа во недоумица. Благодарение на албанскиот националистички памфлетизам, СЈО и корумпираноста на власта не се повеќе главна тема (иако заради тоа се случија предвремени избори), туку тоа толку важно егзистанцијално прашање падна во сенка на потребата од заштита на унитарноста на државата.
Ова е последица од неискреноста во меѓусебните односи и нереалниот приод на опозицијата кон општествената криза.
Само Господ знае што ветуваше и како се нагузил Заев кај Албанците за да добие гласови, а за Беса излезе дека не им е најважно да ги подобрат условите за живот на Албанците туку да се потврди некаков геноцид.
Се знаеше од почеток дека опозицијата гази на гнила даска.
Ух кога ќе погледне човек цела оваа ситуација, не може да не си помисли дека оваа е перфектен танц на Албанците. Граѓанската иницијатива, вокабуларот... па дури и инжинерингот на изборите, точно онолку колку да е нерешено без можност за стабилна влада. Кога би била играта фудбал тоа би било како перфектен центаршут пред празен гол во 95 минута за волејот наречен платформа. А кај нас од едната страна смкнати гаќи, од другата суета и слепило. Од едната страна зачуденост, од другата разочараност.
А на јазот на поделбата му нема крај, се кројат приказни кој од Македонската страна ја смислил платформата за сопствен спас или сопствена промоција, све што ќе кажеш поинаку е ерес.
А во меѓувреме меѓународна кризна група ја обележа Македонија како кризно подрачје (да не серете опозициски е
изворот),
во Бугарија се истоварија еден куп Амерички тенкови за секој случај нели. А нашите водачи, сеуште расправаат дали ѓаволот може да застане на врв на игла.
Никогаш повеќе не ме подсетувала ситуацијата на песнава: