- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.058
- Поени од реакции
- 12.602
Една вреќа со пелети е тешка 15 килограми, па можеби тоа ќе ти претставува проблем поради немање вид, исто така и секојдневното чистење на пепелниците може да ти претставува проблем ако не знаеш како да ги извадиш и како да ги вратиш назад.здраво до сите форумџии
темава ја исчитав од прв до последен пост и сум доста задоволен од самата расправа па би сакал и јас да се вклучам и да поставам неколку прашања во врска со греењето на пелети.
како прво сакам да појаснам дека сум слепо лице па ме интересира дали тоа би представувал проблем за ваквиот тип на греење и дали би можел самостојно да го вршам полнењето/чистењето на печката/котелот со пелети?
следно што сакам да прашам е дали додека се полни резервоарот со пелети се прави многу прашина? ова го прашувам за да знам дали да се насочам кон котел или печка на пелети. сопругата и ќерката имаат проблеми со астма па затоа доколку има поголемо ослободување на прашина или пепел додека се полни резервоарот или се чисти пепелникот тогаш би одел со котел кој би го сместил во подрум а доколку е загадувањето минимално би можел да размислувам и за камин печка која би била сместена во дневниот простор.
имам и една друга ситуација која малку ме збунува. читам дека котлите имаат некои издувни цевки? дали се тоа посебни цефки или станува збор за ќунците кои што природно нели треба да си влегуваат во оџакот. доколку се посебни тоа би ми представувало проблем пошто на едно место би требало да имам и оџак и отвор за таквите издувни цевки и плус да направам нов довод за вода за самиот котел.
однапред ви благодарам за вашите одговори.
Инаку да - кај котлите на пелети, издувните цевки се ќунците, но не е препорачливо да ги поврзуваш со оџак, бидејќи ќе мораш да ги вадиш и да ги чистиш еднаш на два месеца или можеби еднаш месечно во зависност од тоа колку долго ќе го користиш котелот и со какви пелети, во последно време почнаа да се продаваат пелети со А1 класа, некои и со А1+ класа, кои наводно оставаат помалку пепел, поради што чистењето на пепелниците не мора да биде секојдневно, а со тоа можеби и чистењето на ќунците нема да биде еднаш месечно, а можеби нема да биде ниту еднаш во два месеца, туку на подолг временски период.
Пепелта која излегува низ ќунците, заедно со чадот, е многу лесна и не излегува целосно, односно добар дел се задржува во ќунците со текот на неделите, поради што сигурно ќе ти го запуши оџакот со тек на време, но немој да ме држиш за збор за ова, јас не користам оџак и затоа не знам како е во пракса.
Од мое лично искуство, морам да ти потенцирам дека кога го полнам резервоарот со пелети се случува да се разлета малку прашина, исто и кога ги чистам пепелниците, мал дел од пепелта се разлетува низ воздухот, за мене лично тоа не претставува проблем, но можеби ќе претставува проблем за твојата сопруга и ќерката.
Кога сме кај доводот, да - ќе треба да ги поврзеш радијаторите низ домот со домашна инсталација за парно греење, освен ако веќе го имаш тоа направено. Откако ќе ги поврзиш радијаторите, цевките од истата таа домашна инсталација ќе треба да ги поврзеш со котелот, а истите тие цевки ќе треба да бидат поврзани и со извор на вода - кој не мора да оди директно до котелот. Ако имаш радијатор во бањата, можеш цевките од домашната инсталација да ги поврзеш со водоводната цевка која носи вода кон бојлерот - со вентил, се разбира - и така ќе го наполниш системот со вода.
Така е кај мене дома - котелот е во кујната, а изворот на вода е во бањата. Над котелот имам барометар, кога ќе видам притисокот на водата во цевките да е помал од 2 бари, одам во бањата, го одвртувам вентилот и пуштам вода во системот. Се враќам во кујната и кога ќе видам барометарот да покажува притисок над 2 бари, одам повторно во бањата и го затворам вентилот.