Како тазе татко и индиректно инволвиран во процесот на бременост
ќе пишам кои се клучните работи на кои ние внимававме:
Прво и најбитно -
ФОЛНА КИСЕЛИНА
Фолнатa киселина како фактор на раст е важнa за соодветна подготовка на телото на жените за зачнување, но исто така и за правилен раст и развој на фетусот. Важноста од дополнување на исхраната со фолна киселина, со цел спречување на дефекти на невралната цевка на фетусот e одамна утврдена. Така да, не е лошот да користиш некој додаток во исхраната кој во себе содржи активна форма на фолна киселина, во
препорачана дневна доза од 400 ug за бремени жени и жени кои планираат бременост. Ова е најсигурниот (конторлиран) начин да го добиеш потребниот износ на овој метаболит.
Потоа -
ЖЕЛЕЗО И ВИТАМИН Ц
Железото е клучен минерал во исхраната на луѓето, а особено кај бремените жени.
Иако може да се најдеш доста типови на храна кои изобилуваат со железо, сепак, најлесниот начин на кој можеш да го контролираш внесот е преку суплементација со производи кои имаат микроенкапсулирано железо. Е сега, битно е да си најдеш производ кој нема метален вкус и не ти предизвикува немир во желудникот
Ние на пример цела бременост ја истеравме со
Prenatas и ниту еднаш не ни падна железото.
Витаминот Ц е битен за правилна апсорбција на железото во крвта.
МАГНЕЗИУМ И ЦИНК
Магнезиумот е еден од најважните елементи во нашето тело. Toj ја стабилизира молекулата АТП која е основа на чување на хемиската енергија на клетката. Затоа,
секој недостаток на магнезиум се манифестира во вид на: слабост, мускулни грчеви, немоќ и зголемен стрес. Во посебни ситуации како што се бременост и доење потребите за магнезиум се 25% повисоки и изнесуваат околу 400 mg на ден. Исто така важно е да се обезбеди и внесувањето на цинк како минерал кој регулира бројни функции во организмот.
ВИТАМИН Д И КАЛЦИУМ
Д витаминот се наоѓа во мали количини во храната. Главно го добиваме од неговите провитамини, преку изложеноста на сонце. Доколку од некаква причина не излегувате доволно на сонце, голема е веројатноста да треба дополнително да го внесувате. Се препорачува во бременоста да се внесува дополнително околу 10 микрограми дневно Д витамин. Внесување на големи количини на калциум е особено важно кај бремените жени со цел да се овозможи развој на коскеното ткиво на плодот и да се сочуваат мајчините коски од мобилизација на калциумот од нив.
Со среќа и лесно