Витамини и минерали во бременоста

Член од
10 јануари 2017
Мислења
13
Поени од реакции
6
Здраво мамички и сите вие кои очекувате бебушки :)

Може ли да ми кажете дали имавте некоја посебна исхрана во текот на бременоста?
Дали внесувавте дополнителни витамини и дали имавте проблем со намалено железо во крвта? Јас сум 12-та недела и при проверка на крвната слика утврдија дека крвта ми е супер, но железото слабо (1.8). Дали ова може да му наштети на бебето и како да го покачам? Поздрав!
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.491
Витамин ц и B12. Не сум мајка иначе, но ова е чиста логика. Витамин ц ако пиеш, најмалце 2x на ден, а најдобро 3x.

Добра доза би била 1.5-2 грама на ден во поделени дози. B12, ако најдеш Methylcobalamin, не Cayanocobalamin.

Железо директно треба да се избегнува, со исклучок на тешки анемии.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.211
Поени од реакции
34.454
Како тазе татко и индиректно инволвиран во процесот на бременост :) ќе пишам кои се клучните работи на кои ние внимававме:

Прво и најбитно - ФОЛНА КИСЕЛИНА
Фолнатa киселина како фактор на раст е важнa за соодветна подготовка на телото на жените за зачнување, но исто така и за правилен раст и развој на фетусот. Важноста од дополнување на исхраната со фолна киселина, со цел спречување на дефекти на невралната цевка на фетусот e одамна утврдена. Така да, не е лошот да користиш некој додаток во исхраната кој во себе содржи активна форма на фолна киселина, во препорачана дневна доза од 400 ug за бремени жени и жени кои планираат бременост. Ова е најсигурниот (конторлиран) начин да го добиеш потребниот износ на овој метаболит.

Потоа - ЖЕЛЕЗО И ВИТАМИН Ц
Железото е клучен минерал во исхраната на луѓето, а особено кај бремените жени.
Иако може да се најдеш доста типови на храна кои изобилуваат со железо, сепак, најлесниот начин на кој можеш да го контролираш внесот е преку суплементација со производи кои имаат микроенкапсулирано железо. Е сега, битно е да си најдеш производ кој нема метален вкус и не ти предизвикува немир во желудникот :)
Ние на пример цела бременост ја истеравме со Prenatas и ниту еднаш не ни падна железото.
Витаминот Ц е битен за правилна апсорбција на железото во крвта.

МАГНЕЗИУМ И ЦИНК
Магнезиумот е еден од најважните елементи во нашето тело. Toj ја стабилизира молекулата АТП која е основа на чување на хемиската енергија на клетката. Затоа, секој недостаток на магнезиум се манифестира во вид на: слабост, мускулни грчеви, немоќ и зголемен стрес. Во посебни ситуации како што се бременост и доење потребите за магнезиум се 25% повисоки и изнесуваат околу 400 mg на ден. Исто така важно е да се обезбеди и внесувањето на цинк како минерал кој регулира бројни функции во организмот.

ВИТАМИН Д И КАЛЦИУМ
Д витаминот се наоѓа во мали количини во храната. Главно го добиваме од неговите провитамини, преку изложеноста на сонце. Доколку од некаква причина не излегувате доволно на сонце, голема е веројатноста да треба дополнително да го внесувате. Се препорачува во бременоста да се внесува дополнително околу 10 микрограми дневно Д витамин. Внесување на големи количини на калциум е особено важно кај бремените жени со цел да се овозможи развој на коскеното ткиво на плодот и да се сочуваат мајчините коски од мобилизација на калциумот од нив.

Со среќа и лесно :)
 
Последно уредено:

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.491
Се препорачува во бременоста да се внесува дополнително околу 10 мг дневно Д витамин.
Да не мислеше на mcg наместо mg? генерална доза за жени - добра, според мене е 2500 ui, што е еднакво на 75mcg, ако мислеше на 10 mcg, тоа е премалце.

 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.211
Поени од реакции
34.454
Да не мислеше на mcg наместо mg? генерална доза за жени - добра, според мене е 2500 ui, што е еднакво на 75mcg, ако мислеше на 10 mcg, тоа е премалце.

Да, да кај витаминот Д имав грешка, требаше mcg, а не mg :)
По тоа што го знам, за фолна киселина препорачаната доза е 0.4 mcg (400 микрограми), а за железо 200 UI :)
 
Член од
10 јануари 2017
Мислења
13
Поени од реакции
6
Фала ви на сите за одговорите! ;)
Каде може да се најде Prenatas и која е цената?
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.491
Да, да кај витаминот Д имав грешка, требаше mcg, а не mg :)
По тоа што го знам, за фолна киселина препорачаната доза е 0.4 mcg (400 микрограми), а за железо 200 UI :)
Фолна киселина е уствари лоша ствар, и вештачка форма - генеричко име, кое се користи за сите видови на фолна кај нас. Ако се пие фолна, треба да биде Methyl формата, обчината фолна киселина кога се зима, организамот мора да ја претвори во активна форма за да ја искористи, заради одредени мутации, лоши дигестивни системи и други несакени појави - некои луѓе неможат воопшто да го направат тоа, или го прават многу лимитирано, затоа активната природна форма - метилхидрофолна е онаа што треба да се конзумира.
Фала ви на сите за одговорите! ;)
Каде може да се најде Prenatas и која е цената?
Не ти треба, пробај прво со витамин ц, фолна и б12.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.211
Поени од реакции
34.454
Фолна киселина е уствари лоша ствар, и вештачка форма - генеричко име, кое се користи за сите видови на фолна кај нас. Ако се пие фолна, треба да биде Methyl формата, обчината фолна киселина кога се зима, организамот мора да ја претвори во активна форма за да ја искористи, заради одредени мутации, лоши дигестивни системи и други несакени појави - некои луѓе неможат воопшто да го направат тоа, или го прават многу лимитирано, затоа активната природна форма - метилхидрофолна е онаа што треба да се конзумира.


Не ти треба, пробај прво со витамин ц, фолна и б12.
Точно, секогаш треба да се бара активна фолна киселина.
Prenatas на пример содржи активна фолна киселина (Quatrefolic) - која е Metyl формата што и ти ја препорачуваш :)
@janicka ние почнавме со него по препорака на пријатели од Хрватска и тогаш многу ретко можеше да се најде во Македонија, но сега мислам дека го имаш во сите аптеки како Еуфорарм, Виола, Галениум и тн... :) Точна цена не знам, ама би требало да е околу 700 денари и трае 1 месец (има 30 капсули). @Олимпија би требало да знае повеќе :)
 
Последно уредено:

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.491
Добра ствар е тогаш. Мада не сум фан на пиење железо ако не мора. Прво со ц, б12 и фолна без железо би пробал.

Едит, еве еден фантастичен продукт.
 
Последно уредено:

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Еве ме и мене :)
Фала ви на сите за одговорите! ;)
Каде може да се најде Prenatas и која е цената?
Како што ти пиша Acid го има во скоро сите аптеки по цена од околу 700-750 денари и е многу добар производ кој продолжив да го пијам и после бременоста, зошто се препорачува и за доилки. Нели, за квалитетно млеко е потребна квалитетна исхрана богата со минерали и витамини. Кај производов, многу битно е тоа што што речиси сите имаме проблем со гадење во бременоста, а Prenatas нема никаков метален вкус и не прави стомачни проблеми.

Еве слика од кутијата:
slika.jpg

Ако ти треба било каков друг совет во врска со бременоста, слободно пиши, за тоа сме тука! :)
Ти посакувам лесна бременост! (y) :X3:
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.920
Поени од реакции
41.888
Со првото купувавме само тие Тифол и Магнезиум Директ, Магнезиум со Б витамини и оние Флуонатрил за забите.

Со второто еден куп секој месец различни. Позитивно искуство со
0001489_pregnazon-complete-60s-capsules-768x768.jpeg Vitabiotics_Pregnacare_Plus_Omega_3_28_Tablets_28_Capsules_Dual_Pack_1379073880.png Femibion2_EN_without_Iodine14.jpg

Негативно искуство со овие, а и многу други се жалат од нив.
144593710974.jpg
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.491
Неколку совети.

1. Не купувајте миксови на минерали витамини, поготово не ако се 10-на разни у едно.

2. Капсулите се по ефикасни од таблетите

3. Гледајте да бидат активни форми на витамин/минерал, и по можност да се чист прашак кој е најдобар за абсорција во споредба со капсули и таблети.

4. Користите iherb наместо ѓубрето кај нас.
 
Член од
10 јануари 2017
Мислења
13
Поени од реакции
6
Започнав со Prenatas, да не ме мислите :)
Ви благодарам на сите за сугестиите уште еднаш, ќе пишам какво подобрување има на следна контрола ;)
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.211
Поени од реакции
34.454
Започнав со Prenatas, да не ме мислите :)
Ви благодарам на сите за сугестиите уште еднаш, ќе пишам какво подобрување има на следна контрола ;)
Како се резултатите @janicka? Беше на контрола? :)
 
Член од
6 февруари 2017
Мислења
16
Поени од реакции
6
Еве ме и мене :)

Како што ти пиша Acid го има во скоро сите аптеки по цена од околу 700-750 денари и е многу добар производ кој продолжив да го пијам и после бременоста, зошто се препорачува и за доилки. Нели, за квалитетно млеко е потребна квалитетна исхрана богата со минерали и витамини. Кај производов, многу битно е тоа што што речиси сите имаме проблем со гадење во бременоста, а Prenatas нема никаков метален вкус и не прави стомачни проблеми.

Еве слика од кутијата:
Прегледај го приврзокот 163213

Ако ти треба било каков друг совет во врска со бременоста, слободно пиши, за тоа сме тука! :)
Ти посакувам лесна бременост! (y) :X3:
Моја другарка го користеше Prenatas за време на бременост. Она има доста пофални зборови. Јас лично не сум мајка, но по нејзини зборови ова е супер производ за да се истера бременост со него.
 
Последно уредено од модератор:

Kajgana Shop

На врв Bottom