Гуми (пневматици)

Black Hok

CRUISE
Член од
11 декември 2012
Мислења
2.352
Поени од реакции
1.221
Толку возите затоа уште ви трае убедувањето на оваа тема.

@Black Hok @marchesk по тоа што сте го напишале имам претстава дека на зима не вртите воопшто километража и не палите возило.
Разликата меѓу зимни и летни гуми е прилично голема, е сега не навлегувам во моделите, бидејќи неколку страни пред ова си го пишав моето искуство и мислење со моделите, но дека мора да имаш зимни гуми доколку возиш, мора.
Еве денес во Прилеп периферијата беше стакло, единствено излегуваше возило со ланци или со зимни гуми. Во Четвртокот ноќта таксито се откажа да ја искаче угорнината кај мене, имаше некои кинески гуми ставено со кои веќе испукал над 10 000 км и почна да му пролизгува.
Пред половина час стигнав во Скопје и разликата меѓу улиците од тука до Прилеп е многу голема, тука улиците се суви како да нема снег епа на такви улици и со стакло гуми може да возите, ама на улица каде што не е дочистен снегот или по паркинзите, со летни гуми и со истрошени зимски може многу лесно да ве излизга, без разлика каков шофер сте.
Заклучок, тој што врти километража и на зима (Ноември-Март барем 5000км) и планира со свое возило да оди на зимување, мора да си стави добри гуми (пожелно зимни, или евентуално ептен нова летна гума) плус ланци во гепек доколку нема воопшто минато возило да чисти, јас не сум со 30 години искуство туку со 7 години откако сум во возило легално и на Плетвар и со гланц нови зимски гуми имам ставано ланци за да си отидам до Прилеп, кој не возел на такво време може само да кажува прикаски за пред кооперација се додека не се најде во ситуација кога нема ни напред ни назад.
Па тоа упорно ти кажувам..Ако има снег,ретко возам за моја потреба..Повеќе да се провозам,за чалам или слично,али ако треба попрво јас би настрадал од моето возење од колку некој невин човек или пешак..Ако е сува зимата,возам без гајле..Ако има снег и мраз,не испаѓам,или ако е итно,ќе си викнам такси..
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Па тоа упорно ти кажувам..Ако има снег,ретко возам за моја потреба..Повеќе да се провозам,за чалам или слично,али ако треба попрво јас би настрадал од моето возење од колку некој невин човек или пешак..Ако е сува зимата,возам без гајле..Ако има снег и мраз,не испаѓам,или ако е итно,ќе си викнам такси..
Го почитувам твоето знаење за возилата, но тоа што се контраш за зимските гуми го одговори самиот со последното мислење, некој може да си врзе здраво за готово доколку не видел разлика меѓу гумите, па да го јаде квалитетно со летни на снег.
Подобро кога не возиш пиши на зима пиши, не возам, затоа и заштедувам на зима на гумите, а ви советувам ако не ви е премногу итно да не излегувате и вие и да користите такси или јавен превоз :)
Еве јас возам солидна километража на зима, но викендов си плаќав такси бидејќи поефтино ми е да му платам на друг да го боли глава таа една недела, отколку јас да се нервирам и во најлош случај да завршам со промена на крило, браник или нешто посериозно :)
 
Па до некаде и тоа го викав..Но,не знаеш дека јас живеам на убаво и рамно место,имам гаража,затоа не ми е проблем,не живеам на некој скрки нагоре,или на некој ридови..Како и да е,во Велес оваков снег,и овакво ладно нема фатено сигурно 4-5 години,затоа и немам потреба од зимски гуми,бидејќи нема снег..
 
Член од
20 октомври 2013
Мислења
1.096
Поени од реакции
509
Толку возите затоа уште ви трае убедувањето на оваа тема.

@Black Hok @marchesk по тоа што сте го напишале имам претстава дека на зима не вртите воопшто километража и не палите возило.
Разликата меѓу зимни и летни гуми е прилично голема, е сега не навлегувам во моделите, бидејќи неколку страни пред ова си го пишав моето искуство и мислење со моделите, но дека мора да имаш зимни гуми доколку возиш, мора.
Еве денес во Прилеп периферијата беше стакло, единствено излегуваше возило со ланци или со зимни гуми. Во Четвртокот ноќта таксито се откажа да ја искаче угорнината кај мене, имаше некои кинески гуми ставено со кои веќе испукал над 10 000 км и почна да му пролизгува.
Пред половина час стигнав во Скопје и разликата меѓу улиците од тука до Прилеп е многу голема, тука улиците се суви како да нема снег епа на такви улици и со стакло гуми може да возите, ама на улица каде што не е дочистен снегот или по паркинзите, со летни гуми и со истрошени зимски може многу лесно да ве излизга, без разлика каков шофер сте.
Заклучок, тој што врти километража и на зима (Ноември-Март барем 5000км) и планира со свое возило да оди на зимување, мора да си стави добри гуми (пожелно зимни, или евентуално ептен нова летна гума) плус ланци во гепек доколку нема воопшто минато возило да чисти, јас не сум со 30 години искуство туку со 7 години откако сум во возило легално и на Плетвар и со гланц нови зимски гуми имам ставано ланци за да си отидам до Прилеп, кој не возел на такво време може само да кажува прикаски за пред кооперација се додека не се најде во ситуација кога нема ни напред ни назад.
Без разлика дал е лето или зима, секојдневно возам, така да само лоша претпоставка имаш ако мислиш дека во зима паркирам возилото и не го чепкам до пролет.

Во самиов твој пост го потврдуваш она што го зборам јас цело време, а тоа е дека за низ Скопје не на секој му треба зимска гума. Од тука сум јас, тука возам.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Чисто денеска излегов..Ја запалив со стартер и големи маки,ја истерав,и поминав околу 15 км низ град со колата..На рамно,горниште,долниште...Не се излизгав,не се истепав,не удрив во ниедно друго возило..Накај Топилницата (знаат Велешани) неколку пати со рачна ја извртев,чисто да ми помине меракот,и пак уште еден круг низ град,и немав НИЕДЕН ПРОБЛЕМ..А температурата во 13:30 беше -5 значи подмрзнато..НО,јас сум реален човек,и знам дека со тие мои скапани гуми може да се вози само низ град, доваму-донаму,и со ГОЛЕМА ВНИМАТЕЛНОСТ,на отворен пат со тие гуми НЕ ДОАЃА во предвид да испаднам некаде надвор од град,бидејќи ќе заглавам одма..Ете,задоволни?
Си возел на релативно чисти улици, веќе 3 дена ( ако добро бројам ) нема врнето снег и, барем во мојот град, има ставено добри количини на сол и на главните улици нема мраз дури ни доцна навечер. Јас возев ноќта кога врнеше најмногу снег и сеште немаше сол на улиците, а ретко која и беше исчистена.

Споредив возила со 4 x летни гуми и преден погон, 4 x зимски ( нови напред ) и преден погон и 4 x зимски и заден могон. Возилата со зимски гуми се управуваа прилично добро меѓутоа беше потребно внимателно возење и прилагодена брзина, додека возилото со летни гуми беше маргинално управливо и екстремно нестабилно во кривини. Разликата беше екстремна.

Иако би се сложил дека зимски пневматици не се најдобра инвестиција во Македонија, имајќи ги во предвид меките зими во последните 7-8 години, сепак при вакви услови лудост е да се користат летни пневматици.
 
Дојди во Велес,ќе видиш колку се чисти,чисти се околу 70%..Јас намерно одев кај што има повеќе снег,чисто онака..Многу јасно дека во овие услови одговара добра Зимска гума..Не некои Кинески или Жими Куров,туку зимска Gislaved,Nokian,Dunlop,Pirelli,е таква зимска да ставиш,па да викаш.
 
Член од
21 ноември 2011
Мислења
1.546
Поени од реакции
907
неколку прашања (кои може се поставени погоре во темава):
1, Дали е паметно да се користат зимски гуми во лето
2, Дали може комбинација на 2 летни и 2 зимски гуми (краткотрајно решение)..добро или лошо
имам chevrolet aveo 4 врати 2006 год, не се вози многу освен по потреба.
препорака за зимски гуми?
 
Black Hok

CRUISE
Член од
11 декември 2012
Мислења
2.352
Поени од реакции
1.221
неколку прашања (кои може се поставени погоре во темава):
1, Дали е паметно да се користат зимски гуми во лето
2, Дали може комбинација на 2 летни и 2 зимски гуми (краткотрајно решение)..добро или лошо
имам chevrolet aveo 4 врати 2006 год, не се вози многу освен по потреба.
препорака за зимски гуми?
1.НЕ
2.Можеби
3.Gislaved,Nokian,Pirelli,Fulda,Continental.
 
Член од
21 ноември 2011
Мислења
1.546
Поени од реакции
907
и уште ова...дали е добро да се стават универзални гуми или летни за лето и зимски за зима...
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
неколку прашања (кои може се поставени погоре во темава):
1, Дали е паметно да се користат зимски гуми во лето
2, Дали може комбинација на 2 летни и 2 зимски гуми (краткотрајно решение)..добро или лошо
имам chevrolet aveo 4 врати 2006 год, не се вози многу освен по потреба.
препорака за зимски гуми?
1.Па ако праиш големи километражи, не е паметно, не дека е небезбедно ко со летни по снег или мраз, туку брзо ќе ги излижеш гумите. Многу зависи и од начинот на возење на колата, ако возиш поагресивно, кочиш нагло, тогаш не е паметно воопшто. Јас сум две години со зимски, али ко кај тебе, по потреба е возена колата, и ми се ко нови.
2.Стави ги зимските позади.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.921
Поени од реакции
42.633
и уште ова...дали е добро да се стават универзални гуми или летни за лето и зимски за зима...
нема универзални гуми, има летни и зимски, летните пробуваат да ги тутнат како демек универзални
 
Член од
21 ноември 2011
Мислења
1.546
Поени од реакции
907
1.Па ако праиш големи километражи, не е паметно, не дека е небезбедно ко со летни по снег или мраз, туку брзо ќе ги излижеш гумите. Многу зависи и од начинот на возење на колата, ако возиш поагресивно, кочиш нагло, тогаш не е паметно воопшто. Јас сум две години со зимски, али ко кај тебе, по потреба е возена колата, и ми се ко нови.
2.Стави ги зимските позади.
не правам големи километражи т.е многу малце праам пошо ретко ја возам колава (близу сум до центар) и побрзо одам пешки него со кола :) Сакам да ги сменам сегашниве гуми (оригиналните) па незнаев дали е добро да земам зимски и да ги стаам и со нив да фурам и на лето. Иначе со сегасниве гуми на доз т.е влазен паат лизга по малце..на снег не прам ни муабет одвај се вози (не возам ама ако веќе се мора) па затоа барам совет за гуми благодариме унапред за одговорите
 
Што знам, јас сум со Тигар, и сум задоволен. Дека има поквалитетни гуми, сигурно има, ама и поскапи се (до душа кога ги земав, ги зимав со еден колега од Олимпико и човеков што беше вработен таму, му беше пријател на колегава и ме советуваше дека разликата меѓу Тигар и Мишелин не била толку голема, се користеле исти материјали или така нешто, и чим он ме советува а ем он ги продава се одлучив за Тигар :) ).
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.921
Поени од реакции
42.633
не правам големи километражи т.е многу малце праам пошо ретко ја возам колава (близу сум до центар) и побрзо одам пешки него со кола :) Сакам да ги сменам сегашниве гуми (оригиналните) па незнаев дали е добро да земам зимски и да ги стаам и со нив да фурам и на лето. Иначе со сегасниве гуми на доз т.е влазен паат лизга по малце..на снег не прам ни муабет одвај се вози (не возам ама ако веќе се мора) па затоа барам совет за гуми благодариме унапред за одговорите
Купи си нови летни на пролет чим не возиш многу, ако земеш сеа зимски колата ќе ти биде многу трома во лето, пошто зимските имаат поголем грип и даваат лош звук кој ќе те нервира при возење, и наредната зима ќе осетиш разлика од старите летни што ти се сеа и со новите што ќе ги ставиш.
 
Член од
21 ноември 2011
Мислења
1.546
Поени од реакции
907
Купи си нови летни на пролет чим не возиш многу, ако земеш сеа зимски колата ќе ти биде многу трома во лето, пошто зимските имаат поголем грип и даваат лош звук кој ќе те нервира при возење, и наредната зима ќе осетиш разлика од старите летни што ти се сеа и со новите што ќе ги ставиш.
се во ред е за зимските гуми што викаш ама со летните гуми на зима и во дождливо време нема да забегува т.е да лизга по малце? на снег исто проблем...[DOUBLEPOST=1483911765][/DOUBLEPOST]
Купи си нови летни на пролет чим не возиш многу, ако земеш сеа зимски колата ќе ти биде многу трома во лето, пошто зимските имаат поголем грип и даваат лош звук кој ќе те нервира при возење, и наредната зима ќе осетиш разлика од старите летни што ти се сеа и со новите што ќе ги ставиш.
се во ред е за зимските гуми што викаш ама со летните гуми на зима и во дождливо време нема да забегува т.е да лизга по малце? на снег исто проблем...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom