Здраво момци!
За сефте на форумот, најпрво на сите да ви заблагодарам за постовите. Кој и како да пишува и е пристрасен или не, сите беа од корист за моето конечно мислење. Од летото сум член, односно купив стан и морав да решам како ќе се греам. Има инсталирано сопствено парно, но од искуства решив дека е поисплатливо да се греам на било кој друг начин отколку парно. Инаку станува збор за стан 68м2 во Сопиште т.е. надморска висина како Средно Водно, и факт е дека е поладно отколку во Скопје.
Така седнав и ги прочитав сите страни на форумов, и на крај заклучив дека уствари клима е најекономично за греење на станот (ладење не ми треба).
Бидејќи од целото читање заклучив дека со 2 просечни клими ќе завршам работа, а воедно и навреден од ЦЕНИТЕ што ги нудат во Македонија, запалив кола и си донесов 2 клими од Грција.
Carrier 3.5 i Carrier 2.5 Xpower IPlus new
Некако оваа клима ми фати око, а двете ме чинеа околу 700 евра (односно колку една 3.5 во Скопје)
До сега сум задоволен од изборот, фала богу никакви проблеми.
Октомври месец ја работев со гасење и палење кога не сум дома, но од Ноември веќе работат 24/7.
Искрено не ги тинтрам многу, пуштени се на 25С просек, некогаш појачувам и намалувам по потреба, ама во просек тоа е тоа.
Сабајлево земав да направам една фото сесија
, чисто да бидам фер према сите останати членови и да имам некаков допринос.
Еве фото по редослед:
Ова е 3.5 ката. Другата е иста само 2.5KW.
Мерењава се од сабајлево на -20с по интернет. Реално колку е овде горе незнам.
Вкупната потрошувачка од мерачот е од 01.12.2016, чисто информативно.
Мислам дека сликите се си кажуваат, само да напоменам температурата на издув ја мерев пола мунута и рака ме заболе, ќе се качеше уште некој степен сигурно.
Но тоа колку битно толку и не, зошто мисијата ми беше да се стоплам економично што до сега ми е задоволено.
До сега ми дојдоа 2 сметки 10.10-10.11 - 2100 денари, и 10.11.10.12 - 5370 денари комплет струја за дома.
Голем поздрав до сите !!!