- Член од
- 23 март 2011
- Мислења
- 1.172
- Поени од реакции
- 1.056
јас мислам оти заслужено е аплауз тука денесАмбиенталните стресори кои влијаат на природната селекција се' уште постојат, животот у Уганда, не е ист со тој во Норвешка. Дури и човештвото да стане една среќна полуутопија во којашто ќе бидат решени сите здравствени ризици, некако ќе се справиме со еволуцијата на паразитите и нема да има војни и борба за територија, механизмите на природната селекција не можат да бидат искоренети, а тоа е пошто постои притисок од сексуалната селекција. И да воведеш ин витро и комплетен генетски инженеринг у равенката, не можеш да предвидиш какви природни фактори во тие услови ќе вршат притисок како на пример просторната и енергетската ограниченост.
Кои се тие други видови на селекција коишто не се природната селекција?
Природната селекција се' уште постои, но нејзиниот однос со еволуцијата е обратнопропорционален. Колку повеќе се намалува притисокот од природната селекција, толку повеќе алелната секвенца се менува, со што постои зголемена стапка на еволуција бидејќи повеќе генетски варијации поминуваат поради немањето на амбиентални притисоци коишто ќе ги елиминираат, со што расте диверзитетот во рамките на една популација.
Ако хомосексуалец го продолжи своето потомство поради притисок од околината, земено дека хомосексуалноста се јавува поради гени коишто се наследни, тие гени можат да бидат корисни во природната селекција за потомството. Еве на пример, има евиденција дека хетеросексуалните жени кои имаат некои од нуклеотидните полиморфизми почесто застапени кај машките хомосексуалци, имаат карактеристики коишто ги прават попривлечни, така што ако детето на хомосексуалецот е женско, може да има бенефит од тие гени. Дури и тој ген комплетно да детерминира хомосексуалност кај сите, со тоа што притисокот од околината е моногамен брак, хомосексуалецот у твојот пример, има други еволутивно пожелни карактеристики (сака да се уклопи у општеството) кои го прават да се ожени и да го продолжи потомството без проблем, со што стресорите од околината не ја елиминираат хомосексуалноста како појава што можеби е нус ефект којшто постои ама се надминува со пожелната карактеристика (желба за вклопување у околината).
Sent from my 4013X using Tapatalk