jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.493
- Поени од реакции
- 27.312
Точно е, ситуацијата е ептен сложена. Многу посожена одошто можат некои неупатени дури и да се доближат до правата слика. Но таа слика не е одлика на денешницата. Точно е имаше еден период, каде што проблемите беа ставени под тепих, со надеж дека ќе се заборават некои работи. Но како излегуваат проблемите на површина, се класифицираат онака, како што било пред 10 века.Азербејџан е тесно врзан со Турција, исто така секуларизмот е силно изразен, населението ја чувствува Турција како закрилник и поддршка во една така комплицирана средина, поголем брат на Азербејџан.
Да не ја тупиме, тоа што го кажа за Сафавидите е така, но денешните политичко-религиски односи на блискиот исток се така измешани и конфузни, што и ние што сме таму тешко може да ги разбереме.
Туркмени шиити во проиранските милиции во Ирак, туркмени сунити во тие кои се тренирани од турската армија, борба за превласт над езидите од страна ПДК и ПКК, битка за влијание врз сунитските организации од страна на Турција, Саудиска Арабија, Катар...Секој на секого е волк денес, ситуацијата е толку сложена, што посложено не може ни да биде.
Турците биле воини и првентствено изнајмувани како воини на блискиот и средниот исток. Но со тек на време стекнувале моќ и во прво време ги превземале државите, така што ги убивале владетелите и ги посвојувале нивните деца. На пример, во одреден период Калифата во Багдад бил владетел на Арапското царство, но имал 8 години и бил посвоен од некој Турски Хан кој себеси се нарекувал Ата Беј (голем татко). Е сега такви имало во Персија, такви имало и во Арабија. А тие меѓусебно во дадени периоди не се сакале и војувале.
Тоа е ако гледаш од аспект на Турците, ако гледаш од Курдска страна, сликата исто така има своја комплексност, па ако ги додадеме згора на тоа Ерменија, Грузија, Персија, Сирија, Арабија, Египет, Јордан и згора на тоа крстоносните војни добиваме една страшно комплицирана ситуација, која уште повеќе се комплицира ако го додадеме верскиот елемент.
Ете ништо поинаку не е ни денеска. Сум рекол, само со добро проучување на минатото(блиско и далечно), можеме да сватиме што се случува во моментов таму.
Единствена разлика во денешницата е што од сите аспекти гледано, турскиот народ (зборам за сите туркофони) никогаш во историјата не биле волку меѓусебно блиски и сплотени. Иако биле неприкосновени во војувањето речиси 1500 години, неретко воделе брутални и исцрпувачки меѓусебни војни, па дури граѓански внатреплеменски војни.