СРЕЌНА НОВА 2017 и од мене.
Јас сум еден од пасивните членови на овој форум па да споделам дел од моето искуство.
Користам 2 клими за греење на стан, едната е Грее Ломо 5,5 за греење на салон (20м2) + кујна (8м2) + Ходник , одвреме навреме(10м2). Искрено сите ме советуваа дека ми е прејака 5,5кв за овој простор, но ниту еднаш не се покајав до сега поради тоа. Другата клима е Gree Cozy 3,5 за греење на спална 16м2 + бања (6м2). Да спомнам дека климите греат одвоени, разделени простори бидејки помегу нив има детска која не ја греам. Живеам во стан со нова дограма ( прозори со 3 стакла), со обична малтерај фасада. Сите станови околу мене се празни, салонот има еден надворешен зид на југоисток од 4м, додека спалната има надворешни зидови од 9м должина (6м) на северна страна. Двете клими работат скоро цело време на 22-23ц (ги гасам преку ден 1 до 2 саата, кога се отворени прозорите).
Конкретно сметката за струја од 17ти Ноември до 20ти Демекври ми е 4500 денара. (без климите плакам од 1200-1500 денара).
Презадоволен сум од убавината на оваа греење за овие пари